КАСАНДРА

Убавицата на Халкидики...

Првиот крак Касандра, со низата туристички места и хотелски капацитети, кои како бисери се нижат покрај нејзините два брега, за многумина се издвојува како најатрактивен дел од Халкидики. Овој регион со своите специфични географски карактеристики: благ рељеф, зелени површини, борови шуми, прекрасни плажи и развиени туристички места, со години привлекува најголем број од странските туристи. Понудата на неговите најпознати летувалишта во годинашнава летна сезона, е сосема сигурно интересна понуда за најголемиот дел од македонските туристи. Дали вашето внимание ќе го привлечат местата, Неа Флогита, Фурка и Неа Скиони покрај заливот Термаикос, или пак познатите градчиња: Калитеа, Полихроно, Ханиоти и Пефкохори, покрај заливот Торонеос, воедно сигурно нема да згрешите. Изборот за одмор на Халкидики, е секогаш оној - вистинскиот.

width: 100%, height:1px