GALAXY BEACH HOTEL

Alanya, Turkey
Cumhuriyet mah.D-400 Karayolu Üzeri, Alanya
Локација: Хотелот се наоѓа во областа Махмутлар. Оддалечен е 135км од аеродромот во Анталија и 14км од центарот на Аланија. Сместување: Хотелот располога со 116 соби, распределени во два блока. Собите се опремени со купатило со туш, телефон, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), сплит клима систем, сателитска ТВ и балкон. Услуга: ALL INCLUSIVE (се вклучено) во период од 10:00 до 23:00 часот – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, кафе, чај, локални пијалоци (вино, пиво, вотка, ракија) и безалкохолни пијалоци. По 23:00 часот дополнително се наплатуваат увозните пијалоци, храна, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, турско кафе, мини бар во соба и услуга во соба. Плажа: Плажата се наоѓа на 30м од хотелот, преку улица. Постои тунел кој води до плажата. Песочна плажа која располага со бесплатни лежалки и чадори за сонце. Пешкири на плажа не се нудат. Содржини: Ресторан со шведска маса, снек бар, бар покрај базенот и лоби бар. WI-FI интернет конекција во хотелот, телефон, факс, интернет кафе, перална, доктор, изнајмување на кола дополнително се наплатува. Спорт и забава: Хотелот располага со отворен базен за возрасни и деца, одбојка на плажа, пинг понг и фитнес центар. Дополнителни услуги кои се наплатуваат се сауна, масажа, турска бања, спортови на вода, билјард.

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!