Овие тури се наменети за сите хедонисти, авантуристи, зависници од адреналинско возење и вистински вљубеници во бескрајните излети во природа. Секое возење е уникатна приказна, многу дружба, фотографии за спомен и ретка авантура... Забавата е загарантирана...
Рута 1 ,,Exploring Kichevo”
Цена на комплетната тура:
Рута 2 ,,Feel the mountain”
Рута 3 ,,Half day off road Bistra“
(Добреноец – планина Бистра – Добреноец)
Со оваа рута ја освојуваме ,,Бистра” и уживаме од нејзините врвови во прекрасните пејзажи, погледот кон Кичевската и Полошката котлина и ја запознаваме со сиот свој раскош, преку вистинско ,,off road,, адреналинско возење. Возиме по бескрајни зелени пасишта, се дружиме, фотографираме. Малите планински езерца оформени од топење на снегот кои се и наша дестинација и свежиот планински воздух ја дополнуваат во целост нашата авантуристичка приказна. Вљубеници во природата и адреналинско возење вие сте на потег.
Должина на рута: 55 км
Времетраење на рута: 4:00 до 4:30 часа (со вклучена пауза)
Надморска висина: почетна 657м - највисока 1837м
Терен: асфалт 1,0км - земја 54,0 км
Рута 4 ,,Full day off road Bistra“
(Добреноец – с. Извор – Бошков мост - с.Лазарополе - Национален Парк Маврово - планина Бистра – Добреноец)
Доколку сте за ден исполнет за забава, незаборавна дружба и се разбира многу адреналин и авантура кој ви го овозможува секој километар ,,off road” возење, оваа тура е токму за Вас. Брзо по стартот пристигнуваме во селото Извор каде ги посетуваме изворите на реката Треска, за потоа да започнеме со вистинско возење по густите шумски патеки и преку ,,Јама” се спуштаме на месноста викана ,,Бошков мост”. Прекрасна природа и беспрекорно уживање е карактеристиката за овој дел од нашето патување. Потоа наша следна дестинација е надалеку познатото село Лазарополе со сиот свој раскош како наш домаќин за нашата пауза за ручек. Од тука нашата авантура продолжува со возење по Националниот Парк Маврово и ги освојуваме највисоките точки на нашето патување на планината Бистра, уживаме во недеопрената природа, опкружени со неверојатен поглед од сите страни, ги правиме најдобрите фотографии, се забавуваме, за потоа да започнеме да се спуштаме кон селото Кнежино и нашата крајна а воедно и почетна точка.
Должина на рута: 85 км
Времетраење на рута: 7:00 до 7:30 часа (со вклучена пауза)
Надморска висина: почетна 657м - највисока 1880м
Терен: асфалт 17,0км - земја 68,0 км
Рута 5 ,,Combo weekend - two day off road Bistra“
(Добреноец – с. Извор – Бошков мост – с.Гари - с.Лазарополе – с.Тресонче – с.Селце – с.Галичник – Ски Центар Маврово (Старо Бачило) - Национален Парк Маврово - планина Бистра – Добреноец)
Добредојдовте на вашата највозбудлива викенд авантура! Хедонисти, авантуристи, зависници од многу адреналинско возење и вистински вљубеници на бескрајните излети во природата, ние го имаме одговорот на сите ваши потреби со нашата ,,Combo weekend tour”. Два дена уникатна приказна, многу дружба, најдобри фотографии за спомен, чиста авантура. Нашата викенд приказна започнува во петок од 14 часот со сместување во Атва Резиденс Хотел, слободни активности и релаксација од 4 ѕвезди. Се запознаваме дружиме и вечераме во ,,Atva Kitchen & Bar” ресторанот во склоп на хотелот. Добро одморени и убаво наспани ја започнуваме нашата авантура после саботниот појадок. Тргнуваме и наша прва дестинација е селото Извор каде попатно ќе ги посетиме и изворите на реката Треска, потоа почнуваме да се искачуваме по густа шумска патека, моменти на адреналин, возбуда и чисто ,,off road” уживање. Се спуштаме и одиме во посета на селото Гари каде ја правиме нашата кафе пауза. По испиеното кафе, озвежени и одморени продолжуваме преку месноста викана ,,Бошков мост” повторно да се искачуваме до прекрасното и опеано село Лазарополе, кое повторно е наш домаќин за саботен ручек. Одкако ќе го заситиме нашиот апетит со добра храна, почнуваме да се храниме со дополнителна доза на адреналин искачувајќи ги патеките до селото Тресонче па потоа и селото Селце. Беспрекорна природна убавина на секој наш извозен километар. Од тука во попладневните часови се искачуваме и пристигнуваме до нашата крајна дестинација за првиот ден, селото Галичник. По пристигнувањето се сместуваме во хотел, одмараме и повторно се дружиме и уживаме во Галичка вечера. Недела стартуваме со доручек, па подготовка за уште еден ден авантура. Тргнуваме и наша прва дестинација возејќи по познатиот Галички пат се терените на Ски Центарот Маврово, пред нас се појавува Мавровското езеро, вгнездено меѓу високите врвови и зелени шуми, вистински рај за очи и душа, уживаме се фотографираме за потоа да се спуштиме по ски падините до добро познатото ,,Старо Бачило” на кратка кафе пауза, уживаме во прекрасните содржини кои ни ги пружа истото. Продолжуваме со возење, бескрајни зелени пасишта во хоризонтот пред нас, ги совладуваме километар по километар, уживаме и ги фотографираме сите убавини кои во изобилие ни ги нуди Националниот Парк Маврово и планината Бистра. По совладување на нашите предвидени височини се спуштаме кон селото Кнежино и градот Кичево. Пополека во попладневните часови доаѓаме до нашата крајна а воедно и почетна точка, после неверојатни 125км авантуристичко и адреналинско возење, кеде секој километар е нова приказна, приказна која ќе ја запаметите засегогаш и која секогаш со задоволство ќе ја прераскажувате. Авантурата може да започне, пакувај го твојот ранец и нашата база е твојата дестинација за загарантирана и неповторлива забава. Со нетрпение ја очекуваме нашата дружба....
Должина на рута: 125 км
Времетраење на рута: 2 дена (со вклучени паузи и 2 ноќевања)
Надморска висина: почетна 657м - највисока 1905м
Терен: асфалт 25,0км - земја 100,0 км
Цена на комплетната тура со ноќевања: