Комплексот „Минами“ се наоѓа во село Горно Коњско, 11 км. од центарот на градот Охрид. Сместен во Националниот парк Галичица, со свеж планински воздух и одлична локација од која може да се види целото Охридско езеро, комплексот „Минами“ е најдоброто место за одмор и релаксација, каде може да се ужива во планинските предизвици (планинарење, возење велосипеди и сл.). Пакет аранжман за сите оние кои се авантуристи и љубители на природата, со организирана тура на АТВ возење.
Tour of Gorno Konjsko (Времетраење: 1- 1:30 часа)
Оваа тура вклучува многу возбудливи моменти, прекрасен поглед кон Охридското Езеро и воодушевувачки слики од недопрена природа од старото село Горно Коњско, кое се наоѓа на висина од 1100 метри надморска висина.
Вклучено во цена:• кратка обука за моторот ATV• заштитна кацига за користење за време на турата• водич за време на турата• безалкохолен пијалок• дневна карта за влез во Национален Парк Галичица
Посетување на 3 села Гoрно Коњско, Шипокно, Велестово(Времетраење: 2- 2:30 часа)
Ова патување започнува од Гoрно Коњско (вила Минами) и преку неасфалтиран пат низ прекраснитата природата на Националениот парк Галичица поминувајќи низ старото село Горно Шипокно и сè до Велестово. Овие прекрасни глетки се достапни само со возење на оваа тура.
Вклучено во цена:• кратка обука за моторот ATV• заштитна кацига за користење за време на турата• водич за време на турата• безалкохолен пијалок• дневна карта за влез во Национален Парк Галичица• бесплатен трансфер од апартманите (за повеќе од 4 лица)
ПОСЕТА НА ПЕШТЕРАТА Саматска Дупка (Времетраење: 4- 4:30 часа)
Оваа тура започнува и кај Горно Коњско и Вила Минами на 1100м надморска височина, а го следи патот до пештерата Саматска Дупка на 1450м надморска височина. Прекрасниот пејзаж и недопрената природа на овој дел од националниот парк Галичица претставуваат предизвик кој може да се надмине само со она што ве очекува внатре во пештерата. Саматска Дупка во основа претставува фосилна речна пештера, од која истекувал подземен воден тек. По целата должина на дното е присутен акумулиран наносен материјал, додека во поедини делови се изградени мошне интересни пештерски украси...
Вклучено во цена:• кратка обука за моторот ATV• заштитна кацига за користење за време на турата• водич за време на турата• безалкохолен пијалок• дневна карта за влез во Национален Парк Галичица• влезница за во пештерата• бесплатен трансфер од апартманите (за повеќе од 4 лица)
ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА (Времетраење: 5:30 -6 часа)
Оваа тура започнува и кај Горно Коњско и Вила Минами на 1100м надморска височина, возењето низ целиот национален парк Галичица е навистина спектакуларно искуство кое никогаш нема да го заборавите. Почетокот на турата е стекнување на 300 m по асфалтен пат кој води до село Велестово. Како што го напуштаме селото, асфалтот се врти по карпест пат нагорно додека не стигнеме до врвот Крстец 1600м надморска височина, таму се прави пауза пред да се започне со спуштање до планинските ливади. Спуштајки се ќе имате можност да уживате во многубројните глетки на Охридското и Преспанското Езеро што го одземаат здивот, како и непдиорените природни сцени кои ќе ви овозможуваат да го доживеете вистинскиот дух на Галичица со сите нејзини уникатни убавини.
Вклучено во цена:• кратка обука за моторот ATV• заштитна кацига за користење за време на турата• водич за време на турата• безалкохолен пијалок• дневна карта за влез во Национален Парк Галичица• ручек на планина• бесплатен трансфер од апартманите (за повеќе од 4 лица)