Packages title Packages subtitle
City Break Пребарајте ја посакуваната дестинација за посета
Hotel title Hotel subtitle
Flight title Flight subtitle
Activities title Activities subtitle
Transfers title Transfers subtitle
Поаѓање
Дестинација
Предлог места за посета и програма на патување
Рим

повеќе

Рим

Рим - Можеби многу одамна веќе не е “caput mundi” – главен град на светот, но Рим е Вечниот град, каде што модерното и старото, минатото и сегашноста одат рака под рака. Рим е одбраниот град: лулка на Католичката црква, центар на Римската Империја. Рим бил изграден да владее и да доминира со светот, таму се' е масивно, цврсто и “Вечно“. Кога еднаш ќе стапнете во Рим, во најголемиот музеј на отворено, едноставно здивот Ви се одзема. Градските историски, археолошки и архитектонски наследства надополнети со задоволството на одличната италијанска кујна загарантирано ќе Ви го дадат споменот на вашиот живот.


Топ 10 места од интерес:
 
1. Ватикан

 
2. Фонтана Ди Треви

 
3. Шпанските Скали
Spanish Steps Rome Italy
 
4. „Pizza Navona” и „Piazza Campo dei Fiori”
All you need to know about Piazza Navona - Wanted in Rome
 
5. „Pizza Di Popolo” 
Relais Piazza del Popolo Rome | Official Site
 
6. Колосеумот

 
7. Мостот и замокот на Ангелите
Ponte Sant'Angelo, Rome

 8. „Piazza Venezia”
What & where to eat in Rome: Piazza Venezia - Gourmetaly

9. Римскиот Форум
Visiting the Roman Forum: 8 Highlights, Tips & Tours | PlanetWare 

10. Свети Климент
San Clemente Rome temple churches 1th BC century 7th 12th century


Предлог програма на патување:

1 ден Пристигнување во Рим, прошетка по Виа Венето, Шпански скали, Пјаца дел Пополо, Виа дел Корзо, Фонтана ди Треви, Пјаца Венеција, Колосеумот, Виа Национале...

2 ден Посета на Ватикан: Сикстинската капела, Ватиканските музеи, црквата Св.Петар. Прошетка до Замокот на Ангелите и преку мостот на Ангелите до Пјаца Навона, позната и како уметничка четврт на Рим. Посета на Пантеонот.

3 ден Можност за пријатна прошетка низ Рим со метро и посета на црквите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, Сан Пјетро ин Винколи, посета на црквата Сан Клементе со капелата и гробот на Св. Кирил... Вечерта, вечера во национален ресторан во квартот Трастевере. Ноќевање.

4 ден Слободно време за шопинг до заминување на аеродром. Препорачуваме два и пол часа пред лет да бидете на аеродром.

Барселона

повеќе

Барселона

Барселона – кралицата на Каталонија, освојува на прв поглед. Град со прекрасна архитектура, град кој го воодушеви Пикасо, градот на Гауди, Хуан Миро, Колумбо, паељи, град на современиот дизајн, град на брегот на Средоземното Море, град кој го крие звукот на брановите и тајните на морнарите, град каде мирисот на морето Ве опива и заведува. Само еден ден, секако не е доволен да ја сфатите магичноста со која Ве мами оваа кралска убавица. Улицата Рамбла, најпознатата авенија не само во Барселона туку и во цела Шпанија, големиот Аквариум - втор по големина во Европа, брдото Монжуик, катедралата Саграда Фамилија, стадионот Ноу Камп, Магичните фонтани, се само дел од најпознатите туристички атракции на оваа убавица кои ќе допринесат, Вашиот престој да биде врежан длабоко во Вашите спомени. Дозволете убавите работи едноставно да бидат дел од Вас.

Топ 10 места од интерес:

1. Саграда Фамилиа
Gaudí's Cathedral of La Sagrada Familia Finally Gets a Building Permit –  Robb Report

2. Големиот Аквариум
Barcelona Aquarium Tickets | Tiqets

3. Брдото Мон Жуик
Montjuïc - Wikipedia

4. Ноу Камп
Camp Nou - Visit the stadium of FC Barcelona

5. Музеј на Пикасо
5 Must See Museums in Barcelona – The Bicycle Apartments

6. Магичните фонтани
The Magic Fountain starts its autumn schedule | Info Barcelona | Barcelona  City Council

7. Улицата Рамбла
Las Ramblas street

8. Делото на Антонио Гауди“Casa Mila”9. Паркот Гуел
La Pedrera, obra de arte total | Gaudí en Barcelona

10. Шпанско село
M2 Lux - Spanish Village (Poble Espanyol) in Barcelona.

Предлог програма:

1 ден Уживајте во прошетката по најпознатата улица „La Ramble”, споменикот на Колумбо, Катедралата Саграда Фамилиjа, плоштадите Каталонија и Шпанија, Магичната фонтана, прочуеното недовршено дело на Антонио Гауди „Casa Mila”, плажата Барселонета, брдото Мон Жуик... 

2-3 ден Препорачуваме : Посета на паркот Гауди, Музејот на восочни фигури, музејот на Пикасо, музејот и фондацијата на Хуан Миро, Аквариумот, Шпанско село, одвојте дел од времето секако и за шопинг...Вечерта посветете ја на познатото Фламенко шоу и пробајте од единствената Сангриja.

4 ден Слободно време до заминување на аеродром. Препорачуваме два и пол часа пред лет да бидете на аеродром.

 

Милано

повеќе

Милано

На прв поглед Милано изгледа како грациозен модел на писта со одлична коскена структура, екстравагантен стил и без очигледна душа. Најбогатиот и најмодерниот град во Европа кој истoвремено изобилува со историски и артистички атракции, меѓу кои најголемата готска катедрала во светот, уметничкото дело “Последната вечера“ и најпознатата оперска куќа во светот „La Scala”. Милано е главниот мотор на економијата во својата земја и домот на берзата. Преку ден може да направите одличен шопинг, додека пак во вечерните часови може да уживате во авангардната театарска сцена, фабулозната аперитив сцена или во некој од жешките клубови до раните утрински часови.

Топ 10 места од интерес:

  1. Плоштадот и катедралата „Il Duomo”
Il Duomo di Milano, Italy

  2. Оперската куќа „Scala”
La Scala, Italy's opera house, keeps its doors shut over coronavirus fears  - Classic FM

  3. „Tempio della Vittoria”
Tempio della Vittoria (Milano) - Wikipedia

  4. „Corso Vittorio Emmanuelle II”
Corso Vittorio Emanuele II, Milan

  5. Каналот „Naviglio della Martesana”
Ciclabile del Naviglio della Martesana - La Natura alle Porte di Milano

  6. Музејот на Леонардо да Винчи
Visit the Leonardo da Vinci Museum of Science and Technology

  7. „Quadrilatero d’Oro”
Quadrilatero d'oro

  8. Библиотека и пинотека „Ambrosiana”
Bookings - Veneranda Biblioteca Ambrosiana

  9. Црквата „St.Maria della Grazie”
Santa Maria delle Grazie | church, Milan, Italy | Britannica

10. Стадионот "San Siro"
San Siro Stadium - Italy Creative | Italy Creative

Предлог програма:

1 ден. Слетување на аеродромот во Малпенса во 14:25 ч. Пристигнување во Милано. Препорачуваме разглед на градот: замокот Сфорца – некогашната службена резиденција на миланските војводи, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо- петта по големина во светот и најголема катедрала во Италија, за чија изградба биле потребни 6 века, Galleria Vittorio Emanuele, операта- Миланската Скала... Слободно време за прошетка  

2 ден:  Посета на црквата 'Santa Maria della Grazzie' во чија близина се наоѓа и  едно од ремек  делата на Леонардо Да Винчи  “Последната вечера”, Предлагаме прошетка по каналот ”Navigli”... Вечерта вклучете се во една од ноќните тури на разглед на градот. Голема можност да се види осветлениот Милано и да се открие ноќниот живот на Миланезите. 

3 ден: Ден предвиден за најпознатиот шопинг во светот. Започнувајќи од улицата Corso Vittorio Emanuele II, потоа низ златниот четврт улиците: Via Montenapoleone, Via Gesu, Via St.Andrea I Via Santo Spirito, завршувајќи кај улиците Corso Venezia и Corso Buenos Aires. Можност за посета на еден од најубавите спортски објекти стадионот 'San Siro'. 

4 ден: Слободно време. Трансфер до аердоромот во Бергамо. Препорачуваме да бидете на аеродром два часа пред поаѓање.

 

Париз

повеќе

Париз

Париз – “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на cветот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен. Просто е невозможно да не се заљубите во овој град, каде преовладува стилот, каде рестораните и ноќниот живот ветуваат уживање. Во лето, може да прошетате покрај Сена, да се напиете кафе во некоја од кафетериите по должина на обалата или едноставно да прошетате низ некој од бројните паркови. Во есен, брзата прошетка од Ајфеловата Кула преку Марсовите полиња се' до Елисејските полиња, претставува вистинско задоволство. Во зимските ноќи пак, загрејте се лизгајќи по замрзнатото лизгалиште под ведро небо, a во пролет, почувствувајте ја магијата на воздухот со посета на Версајските градини, кои ќе Ве опијат со своите мириси. Без разлика на тоа колку долго ќе трае Вашата посета на овој град, во моментот на заминување ќе знаете со сигурност дека еден ден повторно патот ќе Ве доведе токму тука, во “градот на светлината”.

Топ 10 места од интерес:

1.  Ајфелова Кула
Eiffel Tower

2.  Триумфална Капија
The Story Of How The Arc De Triomphe Was Nearly An Elephant

3.  Лувр
10.2 million visitors to the Louvre in 2018 - MuseumNext

4.  Версај
Paris - Versailles - YouTube

5.  Катедралата „Notre Dame”
Notre-Dame de Paris - Wikipedia

6.  Плоштадот „Concorde”
File:Place de la Concorde Paris 02.jpg - Wikimedia Commons

7.  „Montmartre”
Walk On Walk Off 90-Minute Tour of Montmartre Paris | Walks

8.  Базиликата „Sacre Coeur”
Top 10 fun facts about the Sacre-Coeur - Discover Walks Paris

9.  „Moulin Rouge”
5 things to know before seeing a show at the Moulin Rouge - Blue Fox Travel

10. „Champs Elysees”
All you need to know about the Champs-Élysées Paris - Paris Tourist Office  - Paris tourist office

Предлог програма:

1 ден:  Прошетајте по плоштадот Конкорд, плоштадот Вандом, посетете ја Операта, музејот Лувр, црквата Нотр Дам, Елисејските полиња, Домот на Инвалидите, Ајфеловата Кула, крстарете по реката Сена... Во вечерните часови уживајте во Латинскиот кварт. 

2 ден: Препорачуваме посета на најбогатиот музеј во светот – Лувр. Прошетката може да продолжи по Авенијата „Champs Elysees”, Триумфалната Капија, плоштадот Конкорд, Центарот Помпиду, Богородичната црква - Катедралата Нотр Дам. Вечерта е идеална за прошетка низ уметничкиот кварт Монмартр со посета на базиликата „Sacre Coeur“, а крајот на вечерта издвојте го за Mулен Руж.

3 ден: На ден пред заминување препорачуваме посета на Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најзначајните дворци во светот.

4 ден: Приватен трансфер. Препорачуваме два часа пред лет да бидете на аеродром

 

Будимпешта

повеќе

Будимпешта

Будимпешта е главен град на Унгарија и нејзин основен политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар. Будимпешта е единствениот град кој ги зафаќа двата брега на Дунав со спојување на 17 ноември 1873 год на десниот (западен) брег Будим и левиот (источен) брег Пешта. Будимпешта има повеќе термални извори од било кој друг град во светот. Неверојатни 70 милиони литри термална вода дневно се крева на површината. Топлинските извори создадоа десетици лековити бањи и култура за капење која датира од римско време. Зградата на парламентот опфаќа површина од 18.000 квадратни километри, има 691 соба, 20км скали, и е висока 96м. За украсување на ентериерот се користеле 40кг злато од 23 карати.Започната во 1885г нео-готската палата била завршена во 1902г. По Лондон, Будимпешта го има најстариот подземен возен систем во Европа. Линијата е отворена 1896 година ја има прославено својата 1000-та година, па оттука името Милениум по земја, кое и ден денеска е во употреба како метро М1 и го поврзува центарот на градот со градскиот парк. Будимпешта е дом на втората најголема синагога во светот т.е. Најголемата синагога во Европа. Шармот на унгарскиот главен град е во многуте културни влијанија што влијаеле на градот за време на својата долга историја.


Топ 10 места од интерес:

1. Буда Замокот и Замокот Хил
Buda Castle (Budai Vár) Budapest Tickets & Tours - Book Now

2. Парламентот
Accessible Parliament Budapest | Disabled Accessible Travel

3. Св. Стефан
Saint Stephen's Basilica Tour with Tower Access - Budapest | FREETOUR.com

4. Рибарскиот Бастион
Fisherman's Bastion - Top Budapest Attractions

5. Црквата Матиас
Matthias Church: orari e informazioni utili per la visita - Budapest.org

6. Музејот на ликовна уметност
The Best Museum of Applied Arts (Iparmuvészeti Múzeum) Tours & Tickets 2021  - Budapest | Viator

7. Плоштадот на хероите и споменикот Милениум
Heroes Square: Monumental statues commemorating the 1000-year-old state

8. Унгарскиот национален музеј
Hungarian National Museum | Budapest | DK Eyewitness Travel

9. Градскиот Woodland парк
City Park (Budapest) - Wikipedia

10. Островот Маргарет
12 Things to do on Margaret Island, Budapest - The Crowded Planet

Предлог програма:

1 ден: Предлагаме разглед на градот: Пешта - Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Андраши, Ракочи, Ваци... Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Будим - Цитаделата, Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина... 

2 ден: Предлагаме посета на музејот на ликовната уметност, плоштадот на хериоите и споменикот Миленум, унгарскиот национален музеј, градскиот Woodland парк и островот Маргарет...Вечерта факултативно крстарење со брод под мостовите на Дунав

3 ден: Предлагаме посета на Парламентот – најмаркантното обележје на градот. Слободно време за индивидуални активности или посета на некои од знаменитостите- Тропикариумот, Зоолошката градина или едноставно, време за прошетка до Кралската Палата и влез во Лавиринтот и сл. Вечерта, факултативна  вечера во традиционален ресторан - чарда со танци и уметничка програма, како и мени од унгарската кујна.

4 ден: Индивидуален трансфер до аеродром. Препорачуваме да бидете на аеродром 2 часа пред летот.

Венеција

повеќе

Венеција

За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната како и “Огледало на душата“, “Кралица на Јадранот“, “Градот на вода“, “Градот на мостовите и каналите“... Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации. Изградена врз дрвени столбови, нејзината архитектура е како да лебди над вода. Заради нејзината уникатност Венеција е заштитена од УНЕСКО. Во 1980 година, Карневалот во Венеција го оживеа градот и стана еден од главните центри зa меѓународни конференции и фестивали, како што e престижното Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од целиот свет поради своите театарски, филмски, уметнички и музички продукции.

Топ 10 места од интерес:

  1. Плоштадот и базиликата Св.Марко
St. Mark's Square (Piazza San Marco), Venice

  2. Мостот "Rialto"
Rialto Bridge – Daydream Italy

  3. Мостот на воздишките
Visit the Bridge of Sighs in Venice, Italy

  4. Дуждовата палата
Дуждова палата — Википедија

  5. Каналот “Canal Grande”
The Grand Canal | Venice tourism

  6. Саат кулата Campanile
How to Climb St. Mark's Bell Tower in Venice

  7. "Rialto Market"
Rialto Markets | Venice | Rialto market, Venice, Italy

  8. Возење со гондола
Venice Gondola Rides: How To Rent One (Plus Some History)

  9. Островите: Мурано, Бурано и Торчело
Murano, Burano and Torcello Half-Day Sightseeing Tour 2021 - Venice

10. "Peggy Guggenheim" и "Correr" музеите.
Peggy Guggenheim Collection - Venice

 
Предлог програма:

1 ден:    СКОПЈЕ-ВЕНЕЦИЈА
Залутајте навечер низ уличките на Венеција и завршете ја вашата прошетка на плоштадот Св.Марко. Седнете во некое од кафулињата на плоштадот со поглед кон прекрасната базилика Св.Марко. Продолжете ја ноќта низ рестораните вкусувајќи ја италијанската кујна.

2 ден:        ВЕНЕЦИЈА
Разглед на Венеција: Посета на Дуждовата палата, Мостот на Воздишките, Саат Кулата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде...

3 ден:   ВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА
За сите оние со истражувачки дух и кои претпочитаат динамика во патувањата им препорачуваме да ја посетат Верона, градот во кој се има случено најголемата љубовна трагедија опеана во Шекспировата 'Ромео и Јулија'.

4 ден:   ВЕНЕЦИЈА-СКОПЈЕ
Слободно време. Препорачуваме два часа пред летот да бидете на аеродром.

Берлин

повеќе

Берлин

Берлин, најголемиот и главниот град на Германија, нуди прекрасна комбинација на историја, ноќен живот, архитектура и култура. Берлин има скромни почетоци, но заедно со времето прераснува во европска велесила и по риунифицирањето во 1990 г. станува динамичен, креативен, вистински град метропола. Берлин истовремено е познат како еден од најзелените градови во Европа, над 60 % од неговата површина се паркови и реки. Создадете ги вашите нови спомени, токму тука.

Топ 10 места од интерес: 

  1. Берлинскиот ѕид
HOW MUCH DO YOU KNOW ABOUT BROOKLIN & THE BERLIN WALL? – Brooklin Models

  2. Меморијалната црква
The Kaiser Wilhelm Memorial Church is in the center of the Breitscheidplatz  in Berlin. The concrete and glass structure … | Berlin, Germany travel,  Places to travel

  3. Дворецот Сансуси
Schloss Sanssouci – Berlin.de

  4. Дворецот Шарлотенбург
charlottenburg+ | Berlin WelcomeCard

  5. Посета на Потсдам
Potsdam | visitBerlin.de

  6. Посета на Пергамон
Pergamon Museum | visitBerlin.de

  7. Брандербушката порта
Brandenburg Gate - Wikipedia

  8. Рајхстагот
The Reichstag in Berlin | A modern Parliament in a historic building | by  Elena Biason | Medium

  9. Новата национална галерија
New National Gallery | museum, Berlin, Germany | Britannica

10. Филхармонијата
AD Classics: Berlin Philharmonic / Hans Scharoun | ArchDaily


Предлог програма:

1 ден: Предлагаме разглед на градот и посета на: Меморијалната Црква, Европа-центарот, Новата национална галерија, Филхармонијата, плоштадот Потсдам, Sony центарот, плоштадот Александар плац, Градска куќа, ТВ кулата, Катедралата, Операта, Брандербуршката порта, Рајхстагот, остатоците од познатиот Берлински ѕид, Checkprint Charie e најпознатиот премин на Берлинскиот ѕид, а за многумина единствена можност за бегство од Источен во Западен Берлин. 

2 ден: посета на Потсдам, еден од најубавите и најзелени градови во Германија и главен град на Бранденбург. Посета на прускиот дворец Сансуси, некогашна летна резиденција на кралот Фридрих Велики. 

3 ден: прошетка до Островот музеј, комплекс од неколку музеи, меѓу кои и Пергамон, кој има непроценлива збирка на антиквитети. 

4 ден: Предлагаме разглед на стариот дел од градот.Индивидауален трансфер до аеродром. Препорачуваме да бидете на аеродром 2 часа пред летот.

Амстердам

повеќе

Амстердам

Амстердам - градот на слободата и забавата, градот на уметноста и сликарството. Град кој може да се пофали со 1.600 културни настани во текот на годината и дури 40 музеи. Прошетајте со велосипед низ страиот дел на градот, дозволете си прошетка низ каналите на Амстердам, почуствувајте ја слободата на духот и едноставните и љубезни холанѓани. Посетети ги музеите на Ребрант и Ван Гог кои овде твореле.... Заминте си дома со едне луковица лале која некогаш била повредна од денес бесценетите уметнички дела на врвните холандски сликари. 

Топ 10 места од интерес:

 1. Куќата на Ана Франк
Anne Frank House, Anne Frank Huis, Grachtengordel-West, Amsterdam,  Netherlands, Europe - Museum Review | Condé Nast Traveler

 2. Музејот на Ван Гог
Van Gogh Museum

 3. Рајкс Музејот
Rijksmuseum - Wikipedia

 4. Улицата Спигел
Spiegelkwartier - Amsterdam's art district

 5. Бегинхов со најстарата куќа во Амстердам
Begijnhof Amsterdam - Holland.com

 6. Црвениот Кварт
How COVID-19 Could Change Amsterdam's Red Light District | Time

 7. Пловење по каналите
10 Fun Facts About Amsterdam's Canals | Tours & Tickets

 8. Плоштадот Дам
Dam Square in Amsterdam - Map and Guide

 9. Плоштадот Rembrandtplein
Rembrandtplein Amsterdam | Rembrandtplein Accommodation | Rembrandtplein  Apartments Amsterdam – Amsterdam Guide

10. Плоштадот Leidseplein
Leidseplein Square - Things to do and see in Amsterdam - Holland.com

Предлог програма:

1 ден: Присигнување. Индивидуален трансфер до Хотел. Препорачуваме велосипетска тура или пешачка прошетка со посета на : Стариот дел на градот, Главниот плоштад Дам, кралската палата, музејот на Мадам Тисо, Новата Црква, плоштадот Рембрант и статуата на познатиот сликар , куќата на Ана Франк.... Ноќевање. 

2 ден: Појадок. Препорачуваме ден на уметност , посета на музејскиот кварт со трите познати музеи, Градскиот Музеј, Музејот на Ван Гог и Рејксмузејот, најголемиот музеј во Холандија кој годишно го постуваат над 1.000 000 туристи, и кои содржи непорценлива збирка уметнички дела од “ Златното Доба “ на Холандија. Ноќевање.

3 ден: Појадок. Препорачуваме пловење по каналите на Амстердам кои ви даваат посебен поглед на градот и неговата автентична архитектура, посета на пловечкиот цветен пазар и одмор во една од познатите кафетерии кои Холанѓаните ги викаат Brown Coffe , велат морате да ги посетите , да се напиете едно кафе за да се почувствувате како вистински холанѓанец. 

4 ден: Индивидуален трансфер до Аеродром. Препорачуваме да бидете на аеродром 2 часа пред летот.