Детали за зделка
Резервација
Потврда
EUR 69 76 EUR
Винарија – Битола – Охрид – Вевчани – Св.Јован Бигорски – Маврово (пакет аранжман 2 полупансиони со превоз)

Винарија – Битола – Охрид – Вевчани – Св.Јован Бигорски – Маврово
(пакет аранжман 2 полупансиони со превоз)


22.мај Скопје – Битола – Охрид 
Поаѓање од Скопје во 08.00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, состанок на група половина час порано. Патувањето е преку Велес и винскиот регион на Тиквеш со пауза за посета на винарија и дегустација на вино. Патувањето продолжува кон Битола со пауза за кафе и прошетка по Широк Сокак. Пристигнување во Охрид во попладневнипте часови. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечера. Ноќевање. 

23.мај Охрид  
Појадок. Слободни активности за уживање во убавините на Охрид. 
Можност за факултативна полудневна екскурзија со посета на Музејот во заливот на коските и манастирот Св.Наум. Попладне, можност за факултативна прошетка до Охрид и пловење со брод со панорамски погед на бисерот на македонскиот туризам. Свечена вечера во хотелот. Ноќевање.

24.мај Охрид – Вевчани – Маврово – Скопје 
Појадок. Напуштање на хотел во 09.00 часот. Поаѓање за Струга и Вевчани, посета на изворите и уживање во природните убавини. Патот продолжува кон Маврово со посета на манастирот св.Јован Бигорски. Попатна пауза за ручек во Маврово. Пристигнување во Скопје во вечерните часови. 

прикажи повеќе

- Автобуски превоз или сопствен превоз (според избор на аранжманот)
- Сместување хотел по избор во двокреветна соба, 2 полупансиони (една свечена вечера)
- Посета на винарија со дегустација на вино
- Ручек во Маврово 
- Организација и водство на програмата

прикажи повеќе

- Посета на Музејот на заливот на коските и манастирот Св.Наум 
- Крстарење со брод 

прикажи повеќе

Напомена: 
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници.   
- За овој програм важат Опшите Услови на патување на  СКТМ и Савана ДОО Скопје. 
- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари. При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот како авансна уплата, остатокот од аражманот се доплаќа на 7 дена пред поаѓање. 

Општи напомени за патување: 
- Савана ДОО Скопје го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. 
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.  
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини.

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!