Детали за зделка
Резервација
Потврда

1.ден               СКОПЈЕ - АТИНА  
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање кон Грција во 19:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

2.ден             АТИНА - АКРОПОЛ
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, стражата на Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј... Сместување во хотел. Слободно време за индивидауални активности и прошетки. Ноќевање.

3.ден АТИНА - КОРИНТ - АРГОЛИДА
Појадок. Целодневен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Враќање во Атина во вечерните часови. Можност за факултативна вечера во трандиционална тавенра на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање. 

4.ден  АТИНА - СУНИОН - ПИРЕА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или организирана прошетка долж Аполоновиот брег на Атика. Панорамски разглед на летувалиштата: Глифада, Вули и Вулиагмени , со евентуална посета на најјужниот р'т Сунион на кој се наоѓаат остатоците од античкиот храм посветен на богот Посејдон. Во враќање, кратка посета на Пиреа - едно од најголемите пристаништа на Медитеранот, како и нејзините убави марини. Патувањето продолжува кон Македонија, со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје, во доцните вечерни часови.

прикажи повеќе

- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи и посети на Атина и Атика
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

прикажи повеќе

- Факултативен, целодневен излет на Пелопонез - Аголида (30 €)
- Факултативна вечера во таверна со уметничка програма (40 €)
- Влезници за музеите, археолошките локалитети и културно-историските споменици
- Туристичка такса (1,5 €) по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
- Патничко здраствено осигуривање 

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е САВАНА ДОО Скопје

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!