Youtube
Детали за зделка
Резервација
Потврда

АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА

ВО ПРЕТПРОДАЖБА ОД
99 00 EUR
person / 2 ноќи
СОЛУН, ДИОН, ЛИТОХОРО, ОЛИМП, ПАНТЕЛЕИМОНАС, ВЕРГИНА, ВОДЕН, ПЕЛА...

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 3 дена / 2 ноќевања со појадок

1 мај (петок)     СКОПЈЕ – СОЛУН – ПАРАЛИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти СЦ “Борис Трајковски” во 06:30 часот наутро. Поаѓање за Грција во 07:00ч. кон граничниот премин Богородица - Евзони. Попатна посета на Солун. Разглед на градот; Виа Игнатиа, црквата Св. Димитрија со познатите мермерни капители и прекрасни мозаици од 7-ми век, Римскиот форум, црквите Ротонда, Св.Софија, плоштадот Аристотелис, Белата кула... можност за посета на Археолошкиот музеј во кој се изложени значајни ископини пронајдени на македонските - антички локалитети. Попладне, патувањето продолжува кон Паралија. Сметување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.

2 мај (сабота)     ДИОН  ОЛИМП – ЛИТОХОРО
Појадок. Заминување на прошетка низ регионот Пиерија. Посета на археолошки локалитет Дион со бројните ископини и остатоци од трите цивилизаци, посета на планинското градче Литохоро сместено во подножјето на планината Олимп кое нуди прекрасна можност за запознавање со старата архитектура во регионот Македонија, како и на етно селото “Palaios Panteleimonas” со можност за ручек во некоја од бројните таверни, или купување на етно-сувенири од домашно производство на локалните жители. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

3 мај (недела)     ВЕРГИНА  ПЕЛА – ВОДЕН – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување на целодневен излет низ регионот на Македонија со посета на археолошкиот локалитет Вергина (Кутлеш) - древната престолнина на македонскиот крал Филип Втори, локалитетот Пела (Постол) - престолнината на Античка Македонија од времето на Александар Македонски, градот Едеса (Воден) со неговите познати водопади како и Флорина (Лерин) со можност за куса пауза и попладневен ручек. Патувањето продолжува кон Скопје со пристугнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 99€ (6.138,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено: 
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** во Паралија, на база на 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи и посети според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезници при посета на музеите и археолошките локалитети
- Патничко здраствено осигуривање 
- Туристичка такса од 5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотелот

НАПОМЕНИ:
- Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за сместување во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- Цените се дадени во EUR, за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета
- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Трансфер
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата
  • Активности

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Опции

Услуги
Период
Детали
Политика за плаќање
Цена
Резервација за патување во АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА на 1-ви МАЈ
- 2 возрасни
01 May - 03 May, 2026
Автобус +  Трансфер +  Сместување
70 € до 16/04/2026
128 € до 30/04/2026
19800EUR
BOOK ONLINE