Детали за зделка
Резервација
Потврда

Еднодневно крстарење до Атос

EUR 25 00 EUR

Програма на патувањето:

Поаѓање: 09:30 часот од пристаништето Ормос Панагиас на полуостровот Ситонија.
Бродот се упатува кон најјужниот дел на Света Гора, за време на турата патниците имаат можност од далечина да видат 8 манастири кои се наоѓаат на западниот брег на Света Гора.
* Во текот на пловидбата бродот се приближува на 500 метри од брегот, согласно дозволените услови. За време на крстарењето патниците добиваат информации за манастирите, селцата и малите пристаништа од страна на туристички водич.

Околу 13:30 часот бродот пристигнува на пристаништето Уранополис каде се прави пауза од околу 1 час и 45 минути. Патниците имаат можност да прошетаат по живописните улици и да ги посетат продавниците на прекрасното приморско селце Уранополис.

Во 15:30 бродот поаѓа кон Амулијани и од таму се враќа во Ормос Панагиас.

Пристигнување на пристаништето Ормос Панагиас во 16:45 до 17:00 часот.

прикажи повеќе

Услуги

  • Крстарење
  • Водич
  • Активности

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!