ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 2 ноќевањa
22 мај (петок) СКОПЈЕ – АТИНАСостанок на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
23 мај (сабота) АТИНАПристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Сместување во хотел. Слободно попладне. Можност за факултативна вечера во таверна на Плака со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.
24 мај (недела) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗПојадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина. Ноќевање.
25 мај (понеделник) АТИНА – МЕТЕОРИ – СКОПЈЕПојадок. Напуштање на хотели и заминување од Атина кон Тесалија и градчето Каламбака. Во неговата непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Како изникнати во непрегледната рамнина се издигаат мноштвото високи камени карпи, врз чии врвови уште од средниот век христијанските монаси ги изградиле едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отоворените манастири; нивните цркви, музеи и сувенирниции со несекојдневна можност за уживање ѝ во прекрасните панорами. Патувањето продолжува кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.
Цена на аранжманот: 166€ (10.292 мкд) со вклучени 2 разгледа (Атина и Метеори)
Во цената на аранжманот е вклучено:- Превоз со автобус на наведената релација- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок- Панорамски разглед на градот со локален водич- Организиран разглед на Атина и Метеори- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:- Влезница за Акропол - околу 12€ (цената е променлива)- Влезници за Микена и Епидаурус - околу 12€ (цената е променлива)- Туристичка такса 1.5-5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотел (цената е во зависност од периодот на престој)- Факултативна вечера во национален ресторан- Влезници за музеите и културно-историските споменици- Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 35 €- Патничко здраствено осигуривањеНАПОМЕНИ:- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА- Организатор на патувањето e Т.А. САВАНА
прикажи повеќе
- Влезница за Акропол - околу 12€ (цената е променлива)- Влезници за Микена и Епидаурус - околу 12€ (цената е променлива)- Туристичка такса 1.5-5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотел (цената е во зависност од периодот на престој)- Факултативна вечера во национален ресторан- Влезници за музеите и културно-историските споменици- Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 35 €- Патничко здраствено осигуривање
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА- Организатор на патувањето e Т.А. САВАНА
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!
Опции