ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 3 дена / 2 ноќевања 06.март (четврток) СКОПЈЕ - АТИНА Состанок на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
07.март (петок) АТИНА Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
08.март (сабота) АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗПојадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во доцните попладневни часови. Вечерта, можност за вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.
09.март (недела) АТИНА - МЕТЕОРИ - СКОПЈЕПојадок. Заминување од Атина кон Тесалија и градчето Каламбака. Во неговата непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Како изникнати во непрегледната рамнина се издигаат мноштвото високи камени карпи, врз чии врвови уште од средниот век христијанските монаси ги изградиле едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отворените манастири, нивните цркви, музеи и сувенирниции, со несекојдневна можност за уживање и во прекрасните панорами. Патувањето продолжува кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.
159 EUR / Стандард пакет
(вклучени 2 разгледи: Атина и Метеори)
189 EUR / Супериор пакет
(вклучени 3 разгледи: Атина и Метеори и Пелопонез)
Во цената на аранжманот е вклучено: - Превоз со автобус на наведената релација- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок- Панорамски разглед на градот со локален водич- Организирани разгледи и посети според програмата- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:- Влезница за Акропол околу 12€- Влезници за Микена и Епидаурус, околу 12€- Туристичка такса 1,5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотел- Факултативна вечера во национален ресторан - Влезници за музеите и културно-историските споменици- Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 35 €- Патничко здраствено осигуривање
Напомени: - За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ- Организатор на патувањето е туроператор САВАНА
прикажи повеќе
Во цената на аранжманот не е вклучено:- Влезница за Акропол околу 12€- Влезници за Микена и Епидаурус, околу 12€- Туристичка такса 1,5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотел- Факултативна вечера во национален ресторан- Влезници за музеите и културно-историските споменици- Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 35 €- Патничко здраствено осигуривање
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!
Опции