Термини на поаѓање: 20.октомври | 07. и 29.декември | 18.јануари | 07.март | 23.мајПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:01.ден СКОПЈЕ - АТИНА Состанок на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.02.ден АТИНА Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Сместување во хотел. Вечерта, можност за факултативна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.03.ден АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ Појадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во доцните попладневни часови. Враќање во Атина. Ноќевање. 04.ден АТИНА - ДЕЛФИ - СКОПЈЕПојадок. Заминување од Атина кон археолошкиот локалитет Делфи во подножјето на планината Парнас. Патувањето води преку древната Теба, кон едно од најбогатите археолошки наоѓалишта во Грција. Посета на познатиот археолошки локалитет Делфи (античко светилиште на богот Аполон) и локалниот музеј. Според митологијата, свештеничките ”Питии” тука им ја претскажувале иднината на античките кралеви и намерници. Во попладневните часови патот продолжува покрај Термопилите со попатна посета на споменикот на Спартанците од битката со Персија. Дневно и ноќно возење покрај Тесалија и планината Олимп, со попатни одмори. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.Цена на аранжманот: 139 € (8.618,00 мкд - можност за наплата на 3 рати без камата!)
Во цената на аранжманот е вклучено: - Превоз со автобус на наведената релација- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок- Панорамски разглед на градот со локален водич- Организирани разгледи и посети според програмата- Организација на аранжманот и придружник на патувањетоВо цената на аранжманот не е вклучено:- Туристичка такса 1,5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотел- Влезници за музеите и културно-историските споменици- Факултативна вечера во национален ресторан 40 €- Факултативен разглед на Пелопонез и Арголида 40 €- Патничко здравствено осигурување- Факултативна Новогодишна вечера на 31.12.2023 (во термин 29.12.2023-01.01.2023)НАПОМЕНИ: - За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. - За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. - За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА
прикажи повеќе
- Превоз со автобус на наведената релација- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок- Панорамски разглед на градот со локален водич- Организирани разгледи и посети според програмата- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Туристичка такса 1.5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотел- Влезници за музеите и културно-историските споменици- Факултативна вечера во национален ресторан 40 €- Факултативен разглед на Пелопонез и Арголида 40 €- Факултативна Новогодишна вечера на 31.12.2023- Патничко здравствено осигурување
НАПОМЕНИ:- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. - За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. - За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!
Дата на заминување
Опции