ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 3 ноќевања
04. Септември (четврток) СКОПЈЕ – АТИНА Состанок на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
05. Септември (петок) АТИНА Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Сместување во хотел. Слободно попладне можност за индивидуални прошетки и активности... Ноќевање.
06. Септември (сабота) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗПојадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина можност за факултативна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.
07. Септември (недела) ОСТРОВОТ ЕГИНА – МАНАСТИР НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИПојадок. Факултативен излет до островот Егина и посета на Манастирот Нектариј Егински. Испловување со траект кон островото Егина во Сароничкиот залив. На само 40мин од Пиреа островот Егина е еден од омилиените на Атињаните поради неговата богата историја, стариот шарм пристанишниот град од 19ти век, напуштените византиски капели, прекрасните заливи и вкусните ф’стаци. Посета на манастирот посветен на Свети Нектарие Егински. Разглед на целиот манастирски комплекс: гробот, неговиот дневен престој, неговите ракотворби, како и иконата на Пресвета Богородица ... Ноќевање.08. Септември (понеделник) АТИНА – МЕТЕОРИ – СКОПЈЕПојадок. Заминување од Атина кон Тесалија и градчето Каламбака. Во неговата непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Како изникнати во непрегледната рамнина се издигаат мноштвото високи камени карпи, врз чии врвови уште од средниот век христијанските монаси ги изградиле едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отоворените манастири, нивните цркви, музеи и сувенирниции, со несекојдневна можност за уживање и во прекрасните панорами. Патувањето продолжува кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.
Во цената на аранжманот е вклучено: - Превоз со автобус на наведената релација- Сместување во хотел *** на база 3 ноќевања со појадок- Панорамски разглед на градот со локален водич- Посета на Метеори- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:- Влезница за Акропол околу 12€ (цената е променлива)- Влезници за Микена и Епидаурус, околу 12€ (цената е променлива)- Туристичка такса 5/10€ се наплаќа по соба од ден, наплата на рецепција во хотел.- Факултативна вечера во национален ресторан- Влезници за музеите и културно-историските споменици- Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 35 €- Островот Егина 35€- Патничко здраствено осигуривањеНапомени: - За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА- Организатор на патувањето е туроператор САВАНА ДОО
прикажи повеќе
Во цената на аранжманот не е вклучено:- Влезница за Акропол околу 12€ (цената е променлива)- Влезници за Микена и Епидаурус, околу 12€ (цената е променлива)- Туристичка такса 5/10€ се наплаќа по соба од ден, наплата на рецепција во хотел.- Факултативна вечера во национален ресторан- Влезници за музеите и културно-историските споменици- Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 35 €- Островот Егина 35€- Патничко здраствено осигуривање
Напомени: - За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА- Организатор на патувањето е туроператор САВАНА ДОО
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!
Опции