ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 6 дена / 4 ноќевањa
30. Декември (вторник) СКОПЈЕ - АТИНАСостанок на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
31. Декември (среда) СКОПЈЕ – АТИНА „ПРЕЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА“Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Организиран панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, храмот на Зевс, Арката на Адријан, Стариот стадион, Акропол, Зевсовиот храм, Атинската Агора, бродот Батернон. Попладне сместување во хотел. Слободно време за одмор. Навечер, можност за пречек на Новата Година на некој од организираните плоштади, во некоја таверна или ресторан – таверна на Плака, во богата мена и музичка програма со грчки песни и танци. Ноќевање.01. Јануари (четврток) АТИНА - ЕГИНАПојадок. Целодневна екскурзија (дополнителна активност) или единствена можност за целодневен одмор. Посета на островот ЕГИНА, во Саронискиот залив. Посета на тамошниот манастир „Света Нектариј“ и големиот храм на Аполон. Враќање во хотелот. Ноќевање.
02. Јануари (петок) АТИНА – АРГОЛИДА (ПЕЛОПОНЕЗ)Појадок. Целодневен излет на Пелопонез (дополнителна активност) – област Арголид. Посета на Коринтскиот канал (граница меѓу Егејското и Јонското море), Епидаврос (најакустичниот антички театар на светот), Нафплион (првата престолнина на Грција и еден од најубавите мали градови на Пелопонез), и Микена (најстариот град од времето на Агамемнон и Хеленската цивилизација). Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање.03. Јануари (сабота) АТИНА – ДЕЛФИПојадок. Слободен ден во Атина, или факултативна посета на археолошкиот локалитет Делфи (некогашно светилиште на богот Аполон). Посета на еден од најпознатите археолошки наоѓалишта во Грција и тамуошниот археолошки музеј, изграден под подножјето на планината Парнас. Можност за посета на планинското градче Арахова. Враќање во Атина во попладневните часови. Ноќевање.
04. јануари (недела) АТИНА – МЕТЕОРИ – СКОПЈЕПојадок. Заминување од Атина. Патувањето низ Грција води до градчето Каламбака во чие непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Изградени над камените карпи кои се издигнати над рамнината на Тесалија, претставуваат еден од најпознатите христијански монашки центри и создадени како едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отворените манастири, цркви, музеи и сувенирници. По посетата, патувањето продолжува низ Пиерија кон Македонија со попатни запирања за одмор. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Во цената на аранжманот е вклучено: - Превоз со автобус на наведената релација- Сместување во хотел *** на база 4 ноќевања со појадок- Панорамски разглед на градот со локален водич- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:- Доплата за 1/1 соба - 97 €-„Новогодишна вечера“ во национален ресторан – таверна на Плака (со резервација при уплата) = 75 €-Факултативен излет на островот Егина со автобус и брод = 35 €-Факултативен излет на Пелопонез (Коринт, Епидаврос, Нафплион, Микена) со автобус (со резервација при уплата) = 35 €-Факултативен излет на археолошки локалитет Делфи = 35 €-Сите три факултативни излети во пакет = 90 €-Патничко осигурување и здравствено осигурување-Туристичка такса 5 € по соба/на ден, се наплаќа на рецепција во хотелНАПОМЕНИ:- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА- Организатор на патувањето e Т.А. САВАНА
прикажи повеќе
- Превоз со автобус на наведената релација- Сместување во хотел *** на база 4 ноќевања со појадок- Панорамски разглед на градот со локален водич- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Доплата за 1/1 соба - 97 €-„Новогодишна вечера“ во национален ресторан – таверна на Плака (со резервација при уплата) = 75 €-Факултативен излет на островот Егина со автобус и брод = 35 €-Факултативен излет на Пелопонез (Коринт, Епидаврос, Нафплион, Микена) со автобус (со резервација при уплата) = 35 €-Факултативен излет на археолошки локалитет Делфи = 35 €-Сите три факултативни излети во пакет = 90 €-Патничко осигурување и здравствено осигурување-Туристичка такса 5 € по соба/на ден, се наплаќа на рецепција во хотел
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА- Организатор на патувањето e Т.А. САВАНА
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!
Опции