Youtube
Детали за зделка
Резервација
Потврда

Атина, Пелопонез, Остров Егина и Метеори за Велигден

ВО ПРЕТПРОДАЖБА
210 00 EUR
person / 4 ноќи

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 3 ноќевањa

09 април (четврток)     СКОПЈЕ  АТИНА
Состанок на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

10 април (петок)     АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Сместување во хотел. Слободно попладне. Можност за факултативна вечера во таверна на Плака со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.

11 април (сабота)     АТИНА  ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина. Ноќевање.

12 април (недела)     АОСТРОВОТ ЕГИНА  МАНАСТИР НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ
Појадок. Факултативен излет до островот Егина и посета на Манастирот Нектариј Егински. Испловување со траект кон островото Егина во Сароничкиот залив. На само 40 минути од Пиреа островот Егина е еден од омилиените на Атињаните поради неговата богата историја, стариот шарм на пристанишниот град од 19-ти век, напуштените византиски капели, прекрасните заливи и вкусните ф’стаци. Посета на манастирот посветен на Свети Нектарие Егински. Разглед на целиот манастирски комплекс: гробот, неговиот дневен престој, неговите ракотворби, како и иконата на Пресвета Богородица ... Враќање во Атина со слободно време за индивидуални активности. Ноќевање. 

13 април (понеделник)     АТИНА  МЕТЕОРИ  СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотели и заминување од Атина кон Тесалија и градчето Каламбака. Во неговата непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Како изникнати во непрегледната рамнина се издигаат мноштвото високи камени карпи, врз чии врвови уште од средниот век христијанските монаси ги изградиле едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отоворените манастири; нивните цркви, музеи и сувенирниции со несекојдневна можност за уживање ѝ во прекрасните панорами. Патувањето продолжува кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот: 210€ (13.020 мкд) со вклучени 2 разгледа (Атина и Метеори)

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 3 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на градот со локален водич
- Организиран разглед на Атина и Метеори
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезница за Акропол - околу 12€ (цената е променлива)
- Влезници за Микена и Епидаурус - околу 12€ (цената е променлива)
- Туристичка такса 1.5-5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотел (цената е во зависност од периодот на престој)
- Факултативна вечера во национален ресторан
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 35 €
- Организирана посета на Островот Егина 35 €
- Патничко здраствено осигуривање

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА
- Организатор на патувањето e Т.А. САВАНА

прикажи повеќе

- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 3 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на градот со локален водич
- Организиран разглед на Атина и Метеори
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

прикажи повеќе

- Влезница за Акропол - околу 12€ (цената е променлива)
- Влезници за Микена и Епидаурус - околу 12€ (цената е променлива)
- Туристичка такса 1.5-5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотел (цената е во зависност од периодот на престој)
- Факултативна вечера во национален ресторан
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 35 €
- Организирана посета на Островот Егина 35 €
- Патничко здраствено осигуривање

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА
- Организатор на патувањето e Т.А. САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Трансфер
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата
  • Активности

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Опции

Услуги
Период
Детали
Политика за плаќање
Цена
Резервација за празнично патување во Атина за Велигден
- 2 возрасни
09 Apr - 13 Apr, 2026
Автобус +  Трансфер +  Сместување
130 € до 25/03/2026
290 € до 08/04/2026
42000EUR
Резервација за празнично патување во Атина за Велигден со организиран излет до Островот Егина
- 2 возрасни
09 Apr - 13 Apr, 2026
Автобус +  Трансфер +  Сместување
147 € до 25/03/2026
343 € до 08/04/2026
49000EUR
Резервација за празнично патување во Атина за Велигден со организиран разглед на Арголида и Пелопонез
- 2 возрасни
09 Apr - 13 Apr, 2026
Автобус +  Трансфер +  Сместување
147 € до 25/03/2026
343 € до 08/04/2026
49000EUR
Резервација за празнично патување во Атина за Велигден со организиран разглед на Арголида, Пелопонез и излет до Островот Егина
- 2 возрасни
09 Apr - 13 Apr, 2026
Автобус +  Трансфер +  Сместување
168 € до 25/03/2026
392 € до 08/04/2026
56000EUR
BOOK ONLINE