Детали за зделка
Резервација
Потврда

АТИНА - Велигден 3НП

EUR 169 00 EUR
по лице

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 3 ноќевања

13.април (четврток)                  СКОПЈЕ - АТИНА  
Состанок на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

14.април (петок)                        АТИНА  
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Сместување во хотел. Слободно попладне можност за индивидуални прошетки и активности... Ноќевање.

15.април (сабота) АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина . Вечерта, можност за факултативна - вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.

16.април (недела) ОСТРОВОТ ЕГИНА – МАНАСТИР НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ  
Појадок. Факултативен излет до островот Егина и посета на Манастирот Нектариј Егински. Испловување со траект кон островото Егина во Сароничкиот залив. На само 40мин од Пиреа островот Егина е еден од омилиените на Атињаните поради неговата богата историја, стариот шарм пристанишниот град од 19ти век, напуштените византиски капели, прекрасните заливи и вкусните ф’стаци. Посета на манастирот посветен на Свети Нектарие Егински. Разглед на целиот манастирски комплекс: гробот, неговиот дневен престој, неговите ракотворби, како и иконата на Пресвета Богородица ... Попладне заминување со траект кон Пиреа и Атина. Ноќевање. 

17.април (понеделник) АТИНА - СУНИОН - ПИРЕА
Појадок. Заминување од хотелот и Атина, со претпладневна прошетка покрај Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени... рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Во враќање посета на Пиреа (едно од најголемите пристаништета на Медитеранот), како и на нејзините познати марини. Заминување кон Македонија. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во раните утрински  часови.

Цена за резервации до 15.Март: 159 € (9.858,00 мкд)
Редовна цена на аранжманот: 169 € (10.478,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 3 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на градот со локален водич
- Организиран разглед Сунион - Пиреа
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезница за Акропол 12€
- Влезници за Микена и Епидаурус, вкупно 12€
- Туристичка такса 1,5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 35 €
- Островот Егина 35€
- Патничко здраствено осигуривање

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Трансфер
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!