Детали за зделка
Резервација
Потврда

Рута 4 ,,Full day off road Bistra“

EUR 170 00 EUR
за 1 лице на возило
Доколку сте за ден исполнет за забава, незаборавна дружба и се разбира многу адреналин и авантура кој ви го овозможува секој километар ,,off road” возење, оваа тура е токму за Вас. Брзо по стартот пристигнуваме во селото Извор каде ги посетуваме изворите на реката Треска, за потоа да започнеме со вистинско возење по густите шумски патеки и преку ,,Јама” се спуштаме на месноста викана ,,Бошков мост”.

Рута 4 ,,Full day off road Bistra“

(Добреноец – с. Извор – Бошков мост - с.Лазарополе - Национален Парк Маврово - планина Бистра – Добреноец)

Доколку сте за ден исполнет за забава, незаборавна дружба и се разбира многу адреналин и авантура кој ви го овозможува секој километар ,,off road” возење, оваа тура е токму за Вас. Брзо по стартот пристигнуваме во селото Извор каде ги посетуваме изворите на реката Треска, за потоа да започнеме со вистинско возење по густите шумски патеки и преку ,,Јама” се спуштаме на месноста викана ,,Бошков мост”. Прекрасна природа и беспрекорно уживање е карактеристиката за овој дел од нашето патување. Потоа наша следна дестинација е надалеку познатото село Лазарополе со сиот свој раскош како наш домаќин за нашата пауза за ручек. Од тука нашата авантура продолжува со возење по Националниот Парк Маврово и ги освојуваме највисоките точки на нашето патување на планината Бистра, уживаме во недеопрената природа, опкружени со неверојатен поглед од сите страни, ги правиме најдобрите фотографии, се забавуваме, за потоа да започнеме да се спуштаме кон селото Кнежино и нашата крајна а воедно и почетна точка. 

Должина на рута: 85 км

Времетраење на рута: 7:00 до 7:30 часа (со вклучена пауза)

Надморска висина: почетна 657м - највисока 1880м

Терен: асфалт 17,0км - земја 68,0 км 

 

Општи возачки способности:yesyesyesyesyes
Тежина на рута: yesyesyesyesyes
 
Турата вклучува: 
  • придружба на обучен водич  
  • безалкохолни пијалоци 
  • кациги како задолжителна заштитна опрема
  • кратка обука за управување со возилото 
  • возилото -вклучен ручек во с.Лазарополе

Цена на комплетната тура:

170 евра (10540 мкд) за 1 лице на возило
195 евра (12090 мкд) за 2 лица на возило

прикажи повеќе

  • придружба на обучен водич  
  • безалкохолни пијалоци 
  • кациги како задолжителна заштитна опрема
  • кратка обука за управување со возилото 
  • возилото -вклучен ручек во с.Лазарополе

прикажи повеќе

Услуги

  • Индивидуални
  • Водич
  • Придружник на групата

Tema

  • atv

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!