Детали за зделка
Резервација
Потврда

БАЈИНА БАШТА - ТАРА - ВИШЕГРАД

EUR 109 00 EUR

1.ден (22.05.2022)    СКОПЈЕ - ДРВЕНГРАД - БАЈИНА БАШТА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел "Holiday inn" во 01:30 часот. Поаѓање кон Бајина Башта во 02:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Дневно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Бајина Башта и
 разглед на Видиковец Црњешково, Црквата на Тара, Калуѓерска бара и попатна посета на средновековниот манастир Рача кој потекнува од 13 век. Пристигнување во хотел и сместување. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

2.ден (23.05.2022)    ПЕРУЌАЦ - ВИШЕГРАД
Појадок. По појадокот поаѓање кон Бањска стена и езерото Перуќац. Факултативна екскурзија на брод, пловење по кањонот на реката Дрина околу 2 часа.
 По пловидбата, кратка пауза за фотографирање на "куќата на карпа" познатата атракција во Бајина Башта, и можност за организирање на ручек во ресторан Врело. Пристигнување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3.ден (24.05.2022)   БАЈИНА БАШТА - СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот поаѓање кон Мокра Гора во посета на селото на Емир Костурица - Дрвенград, едно од  најпознатите етно села во Србија изградено од Емир Кустурица, за потребите на неговиот филм „Животот е чудо“. Дрвенград полека прераснува во еден мал град,  кое е вистински музеј на отворено. Името го добил по дрвените куќарки кои се изградени од дрво, и чија архитектура ви дава чувство дека се наоѓате во некој град од бајка. Во селото имате куќарка на уметност, куќарка – слаткарница во која можете да уживате во домашно припремени слатка , кино сала, ресторан, црква.. По разгледот, поаѓање кон Скопје. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 109 € (6.758,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел Дрина (Zepter) *** на база 2 ноќевањa со појадок
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезница во Дрвенград
- Факултативна екскурзија, пловидба со брод по кањонот на реката Дрина (15 €)
- Факултативен ручек во ресторан Врело
- Индивидуални трошоци
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Патничко здравствено осигурување.

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За патување потребено е да се поседува лична карта или валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативни излети потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

прикажи повеќе

- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел Дрина (Zepter) *** на база 2 ноќевањa со појадок
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

прикажи повеќе

- Посета на Дрвенград и влезница со локален водич (10 €)
- Факултативна екскурзија, пловидба со брод по кањонот на реката Дрина(15 €)
- Факултативен ручек во ресторан Врело
- Индивидуални трошоци
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Патничко здравствено осигурување.

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За патување потребено е да се поседува лична карта или валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативни излети потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата
  • Активности

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!