Детали за зделка
Резервација
Потврда

БЕЛГРАД - Нова Година

EUR 129 00 EUR
по лице

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

31.декември (сабота) СКОПЈЕ - БЕЛГРАД 
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во  02:30 часот. Поаѓање за Белград во 03:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во утринските часови во Белград.  Организиран разглед на градот Славија, Теразије, Булеварот на Крал Александар, Парламентот, црквата Св.Марко, Плоштадот на Републиката, Кнез Михајлова улица, Калемегдан, Народниот Театар, Народниот Музеј, мостовите на Сава, Дедиње. Сместување во хотел. Вечерта, дочек на Новата 2023 година, на некој од плоштадите во Белград или можност за свечена новогодишна вечера во ресторан. Ноќевање.

01.јануари (недела)   БЕЛГРАД
Појадок. Препорачуваме Факултативно крстарење со брод. Пловидбата започнува од пред Хотел Југославија до устието на Сава и Дунав. Слободно време за индивидуални активности. Можност за посета на најатрактивната зоолошка градина на балканските простори .Во вечерните часови препорачуваме посета на ноќен клуб на сплав, со атрактивни спектакли и богата музичка програма или факултативна вечера во ресторан. Ноќевање.

02.јануари (понеделник) БЕЛГРАД  – СКОПЈЕ 
Појадок. Слободно време до поаѓање за Скопје, шопинг во трговскиот центар Ушче или факултативна посета на Меморијалниот Центар и Куќата на цвеќето во која се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито... Поаѓање за  Скопје во попладневните часови. Пристигнување доцна навечер.

Цена на аранжманот во претпродажба до 30.11.2022: 129 € (7.998,00 мкд)
Редовна цена на аранжманот: 139 Є (8.618,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 2 НП (ноќевања со појадок)
- Организиран разглед на Белград со локален водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативна вечера во ресторан на 01.јануари
- Факултативно крстарење по Дунав и Сава 
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Патничко здраствено осигурување други неспоменати посети и услуги

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош или лична карта.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

прикажи повеќе

- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 2 НП (ноќевања со појадок)
- Организиран разглед на Белград со локален водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

прикажи повеќе

- Факултативна вечера во ресторан на 01.јануари
- Факултативно крстарење по Дунав и Сава 
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Патничко здраствено осигурување други неспоменати посети и услуги

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош или лична карта.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Автобус
  • Трансфер
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!