ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:13.април (четврток) СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА Состанок на групата на паркингот спроти хотелот ”Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање за Будимпешта во 19:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.14.април (петок) БУДИМПЕШТА Пристигнување во Будимпешта во претпладневните часови.Панорамски разглед на градот: Пешта - Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Андраши, Ракочи, Ваци... Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Будим - Цитаделата, Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Слободно попладне Вечерта, факултативно крстарење со брод под мостовите на Дунав и можност за факултативна вечера во традиционален ресторана - Чарда со богата музичка проограма на танци и ора. Ноќевање.
15.април (сабота) БУДИМПЕШТА - ВИЕНАСлободен ден за индивидулани активности, или можност за факултативна посета на Виена : Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, катедралата Св.Штефан и Штефанплац, Бургтеатар, Мусеум Квартие, Палатата Хофбург, Парламентот, Градското Собрание Ратхаус, катедралата Фотиф, Универзитетот, Маријатерезианплац, Виенската Опера.....Слободно време. Враќање во Будимпешта со попатна посета на шопинг ценатрот ПАНДОРФ. Пристигнување во вечерните часови. Вечерта, можност за Факултативна-вечера во Чарда со танци и уметничка програма, како и мени од унгарската кујна. Ноќевање.16.април (недела) БУДИМПЕШТА – СЕНТЕНДРЕ - СКОПЈЕПојадок. Науштање на хотелот. Слободно време за индивидуални активности или посета на некои од знаменитостите како Тропикариумот, Зоолошката градина или едноставно, време за прошетка до Кралската Палата и влез во Лавиринтот или факултативно посета на Сентендре - живописно гратче во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, можност за посета на голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Во попладневните часови заминување за Македонија. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.Цена на аранжманот за уплати до 20.март: 159 € (9.858,00 мкд)Редовна цена на аранжманот: 179 € (11.098,00 мкд)Во цената на аранжманот е вклучено:- Превоз со автобус на наведената релација- Сместување во хотел 3***, на база 2 ноќевања со појадок - Организиран разглед на Будимпешта и Сентендре- Организација на аранжманот и придружник на патувањето Во цената на аранжманот не е вклучено:- Факултативно крстарење по Дунав (15 €)- Факултативна вечера во Чарда- Фaкулативна посета на Виена и Пандорф (45 €) - Влезници за музеите и културно - историските споменици- Патничко осигурување НАПОМЕНИ:- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. - За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. - За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА
прикажи повеќе
- Превоз со автобус на наведената релација- Сместување во хотел 3***, на база 2 ноќевања со појадок - Организиран разглед на Будимпешта и Сентендре- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Факултативно крстарење по Дунав (15 €)- Факултативна вечера во Чарда- Фaкулативна посета на Виена и Пандорф (45 €) - Влезници за музеите и културно - историските споменици- Патничко осигурување
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. - За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. - За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!