Детали за зделка
Резервација
Потврда

БУКУРЕШТ - Нова Година

EUR 109 00 EUR

30.декември  (четврток)         СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ
Состанок на групата во 18:30 часот на паркингот спроти хотелот ''Holiday Inn''. Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор.  

31. декември (петок) БУКУРЕШТ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа,  Патријаршијата, Селото Музеј ... Сместување во хотел. Слободно време за индивидулани прошетки . Вечерта можност за дочек на Новата 2022 година на некои од плоштадите во градот Ноќевање.

01. јануари (сабота)                БУКУРЕШТ –  СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативна посета на Синаја, Бран и Брашов. Попатна посета на градините на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Самиот замок ќе биде затворен за посетители и ќе има можност да се види однадвор. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар во кој се наоѓа и  познатата Црна Црква од XIVвек, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел во вечерните часови..Ноќевање.

02. Јануари  (недела)      БУКУРЕШТ– СНАГОВ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Слободно време до заминување за Скопје, во попладневните часови.  Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.

Промо цена:: 99 € (6138,00 мкд) за резервации до 26.11.2021
Цена на аранжманот: 109 € (6758,00 мкд)

Во цената е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Oрганизирани разгледи според програмата
- Сместување во хотел 3*** на база на 2 ноќевања со појадок
- Организација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
- Вечера во национален ресторан 
- Факултативен излет до Синаја, Бран и Брашов (25€, не се вклучени влезници)
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- Патничко осигурување и други неспоменати посети и услуги

Напомени:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци. 
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување 
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА 
- Организатор на патувањето е TA САВАНА

прикажи повеќе

КОВИД МЕРКИ ЗА ВЛЕЗ ВО РОМАНИЈА
* Патникот треба да поседува еден од следните документи:
- Валиден сертификат за целосна вакцинација добиен од здравстевните органи по втората вакцина, по која треба да бидат поминати минимум 10 дена.
- Доколку не е вакциниран патникот треба  да поседува негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.
- За влез во Македонија невакцинираните патници ќе треба  да поседуваат негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Опции

Услуги
Период
Детали
Политика за плаќање
Цена
2 патници
- 2 возрасни
31 Dec - 02 Jan, 2022
Автобус
Целосна уплата
EUR21800EUR