Термини на поаѓање: 20.октомври | 07.декември |ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:01.ден СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ Состанок на паркингот пред СЦ "Борис Трајковски" во 18:30 часот. Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор.02.ден БУКУРЕШТ Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа, Патријаршијата, Селото Музеј... Сместување во хотел. Навечер, факултативна вечера во традиционален ресторан. Ноќевање.03.ден БУКУРЕШТ – СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ Појадок. Посета на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар и посета на познатата Црна Црква од XIV век, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел. Ноќевање.04.ден БУКУРЕШТ– СНАГОВ – СКОПЈЕПојадок. Напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Слободно време до заминување за Скопје, во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје следниот ден во претпладневните часови.Цена на аранжманот: 139 € (8.618,00 мкд - можност за наплата на 3 рати без камата!)Во цената на аранжманот е вклучено: - Превоз со туристички автобус на наведената релација- Сместување во хотел Ibis Politehnica *** на база 2 ноќевања со појадок- Панорамски разглед на градот со локален водич- Организација на аранжманот и придружник на патувањетоВо цената на аранжманот не е вклучено:- Туристичка такса, наплата на рецепција во хотел- Влезници за музеите и културно-историските споменици- Факултативна вечера во национален ресторан- Факултативен разглед на Синаја, Бран и Брашов 35 €- Патничко здравствено осигурување
НАПОМЕНИ: - За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. - За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност минимум 3 месеци.- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ- Организатор на патувањето е САВАНА ДОО
прикажи повеќе
- Превоз со туристички автобус на наведената релација- Сместување во хотел Ibis Politehnica *** на база 2 ноќевања со појадок- Панорамски разглед на градот со локален водич- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Туристичка такса, наплата на рецепција во хотел- Влезници за музеите и културно-историските споменици- Факултативна вечера во национален ресторан- Факултативен разглед на Синаја, Бран и Брашов 35 €- Патничко здравствено осигурување
НАПОМЕНИ:- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. - За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност минимум 3 месеци.- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ- Организатор на патувањето е САВАНА ДОО
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!
Дата на заминување
Опции