Детали за зделка
Резервација
Потврда

БУКУРЕШТ - Велигден

EUR 119 00 EUR

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

13.април (четврток)         СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ
Состанок на групата во 18:30 часот на паркингот спроти хотелот ''Holiday Inn''. Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор.  

14.април (петок) БУКУРЕШТ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа,  Патријаршијата, Селото Музеј ... Сместување во хотел. Слободно време за индивидулани прошетки .Ноќевање

15.април (сабота)                БУКУРЕШТ –  СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативна посета на Синаја, Бран и Брашов. Попатна посета на градините на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Самиот замок ќе биде затворен за посетители и ќе има можност да се види однадвор. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар во кој се наоѓа и  познатата Црна Црква од XIVвек, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел во вечерните часови..Ноќевање.

16.април (недела)      БУКУРЕШТ– СНАГОВ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Слободно време до заминување за Скопје, во попладневните часови.  Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.

Цена на аранжманот:  129 € (7.998,00 мкд)
Специјална понуда за ограничен број на соби: 119 € (7.378,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Oрганизирани разгледи според програмата
- Сместување во хотел Rin Central *** на база на 2 ноќевања со појадок
- Организација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Вечера во национален ресторан 
- Факултативен излет до Синаја, Бран и Брашов (35€, не се вклучени влезници)
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- Патничко осигурување и други неспоменати посети и услуги

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност минимум 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

прикажи повеќе

- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Oрганизирани разгледи според програмата
- Сместување во хотел 3*** на база на 2 ноќевања со појадок
- Организација и придружник на патувањето

прикажи повеќе

- Вечера во национален ресторан 
- Факултативен излет до Синаја, Бран и Брашов (35€, не се вклучени влезници)
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- Патничко осигурување и други неспоменати посети и услуги

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност минимум 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Појадок
  • Придружник на групата

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!