Детали за зделка
Резервација
Потврда

Црна Гора и Чањ - Незаборавен ЛЕТЕН ОДМОР

EUR 399 00 EUR
по лице

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 8 дена / 7 ноќевања со појадок и вечера

31.Јули (Четврток) СКОПЈЕ - ЦРНА ГОРА
Состанок на групата во 00.30 часот на паркингот пред СЦ “Борис Трајковски”. Заминување за Црна Гора преку граничниот премин Блаце, Косово и Албанија во 01.00 часот. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во летувалиштето Чањ во претпладневните часови. Слободно време до сместување во хотелот. Почеток на летувањето со престој и исхрана според програмата. Вечера. Ноќевање.

01.Август (Петок) ЧАЊ
Појадок. Време за одмор и летување покрај убавата и песочна плажа на Чањ со можност за индивидуални прошетки низ неговата околина. Mожност за користење на хотелските капацитети: базен, џакузи, тераса со шанк, ala carte-ресторан, винотека... Вечера. Ноќевање.

2.Август (Сабота) ЧАЊ - СВЕТИ СТЕФАН - БУДВА - ЦЕТИЊЕ
Појадок. Слободен ден или можност за целодневен факултативен излет до најпознатите знаменитости на Црна Гора. Попатна посета на најпознатиот остров-хотел Свети Стефан кој се уште плени со својата гламурозност од минатите времиња. Во престолнината Цетиње, разглед на нејзините знаменитости во стариот дел од градот: Владиниот дом, Билиjaрдата на Његош, Дворецот на Кралот Никола... а во продолжение и посета на местото Његуши со Ивановите корита, како и планината Ловќен на која се наоѓа далеку познатиот мавзолеј на Петар II Петровиќ Његош. Во враќање од Ловќен, патот не води кон најголемиот туристички центар - Будва, кој секојпат плени со својата убавина создадена во спојот на стариот медитерански град и неговите тврдини и новата и модерана архитектура на бројните хотели и резиденции. По разгледот на градот, останува можноста за индивидуални активности, прошетки или капење на познатата Словенечка плажа. Во доцните попладневни часови враќање во хотелот во Чањ. Вечера. Ноќевање.

3.Август (Недела) ЧАЊ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, одмор и капење во Чањ, со можност за користење на хотелските капацитети: базен, џакузи, тераса со шанк, ala carte-ресторан, винотека... Вечера. Ноќевање.

4.Август (Понеделник) ЧАЊ - ТИВАТ - КОТОР - ЈАЗ
Појадок. Слободен ден или можност за целодневен факултативен излет низ црногорската ривиера. Можност за несекојдневна посета на градовите Тиват, со католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот), црквата Св.Сава, плоштадот Култура, Летниковецот Буча, луксузниот комплекс "Порто Монтенегро", Ботаничката градина... и на Котор, со катедралата Св.Трифун, Столбот на срамот, цркавата Св.Лука, Поморскиот музеј, црквата Св.Никола во стариот дел од градот. Овој град опкружен со неговите средновековни ѕидини, како препознатливо светско културно наследство, оддамна е ставен под заштита на UNESCO. Во враќање кон Чањ попатно застанување со можност за капење на големата песочна плажа - Јаз. Враќање во хотелот во вечерните часовиВечера. Ноќевање.

5.Август (Вторник) ЧАЊ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, одмор и капење во Чањ, со можност за користење на хотелските капацитети: базен, џакузи, тераса со шанк, ala carte-ресторан, винотека... Вечера. Ноќевање.

6.Август (Среда) ЧАЊ - ОСТРОГ - ПОДГОРИЦА
Појадок. Организиран целодневен излет до манастирот Острог и главниот град Подгорица. По пристигнувањето во регионот на Острог, посета на Манастирот кој е едно од најпосетуваните светилишта во Црна Гора и на Балканот, а кој датира од XVII век кога е основан од Светиот Великомаченик Василије Острошки. Поклонение пред светите мошти на светителот и краток разглед на манастирот. Во враќање, попатна посета на главниот град на Црна Гора - Подгорица со панорамски разглед и доволно слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Враќање во хотелот во вечерните часови. Вечера. Ноќевање.

7.Август (Четврток) ЦРНА ГОРА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите и слободно време до заминување во попладневните часови. Патот кон Македонија повторно не води преку Албанија и Косово со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот: 399 € (24.740,00 мкд)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел “Montenegro” **** во Чањ, на база 7 полупансиони (појадок и вечера)
- Организиран излет со посета на манастирот Острог и Подгорица
- Туристички придружник за време на патувањето и престојот 
- Организација и реализација на аранжманот

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

- За дете до 03 год. во соба со двајца возрасни, доплата само за превоз 35 €
- За дете од 03 до 07 години, во соба со двајца возрасни, доплата од 199 €
- За дете до 07 до 12 години, во соба со двајца возрасни, доплата од 279 €

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативен излет до Св.Стефан, Цетиње, Ловќен и Будва: 25 €
- Факултативен излет до Тиват, Котор и Јаз: 25 €
* При авансна уплата на факултативните излети (со аранжманот) цената изнесува = 40 €
- Влезници при посета на културно историските споменици, музеи и археолошки локалитети
- Индивидуално патничко осигурување (информации при уплата во агенцијата)

НАПОМЕНИ:
- Патниците се запознаени со новата регулатива за важност на патните документи на РСМ од 12.02.2024
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
- Цената е изразена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба.
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци од денот на заминување.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување.
- За реализација на факултативните посети и излети потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број на пријавени да ја промени цената на факултативите или истите да ги откаже. 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Трансфер
  • Сместување
  • Полупансион
  • Водич
  • Придружник на групата

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Опции

Услуги
Период
Детали
Цена
Резервација за ЛЕТО 2024
- 2 возрасни + 1 деца (0 - 2.99)
31 Jul - 01 Aug, 2024
Автобус +  Трансфер +  Сместување
EUR83300EUR
Резервација за ЛЕТО 2024
- 2 возрасни + 1 деца (3 - 6.99)
31 Jul - 01 Aug, 2024
Автобус +  Трансфер +  Сместување
EUR99700EUR
Резервација за ЛЕТО 2024
- 2 возрасни + 1 деца (7 - 11.99)
31 Jul - 01 Aug, 2024
Автобус +  Трансфер +  Сместување
EUR107700EUR
Резервација за ЛЕТО 2024
- 3 возрасни
31 Jul - 01 Aug, 2024
Автобус +  Трансфер +  Сместување
EUR119700EUR
Резервација за ЛЕТО 2024
- 4 возрасни
31 Jul - 01 Aug, 2024
Автобус +  Трансфер +  Сместување
EUR159600EUR