Детали за зделка
Резервација
Потврда

ЕДИПСОС - Нова Година

EUR 178 00 EUR

1.ден 29.12.2021  (среда)          СКОПЈЕ - ЕВИА 
Тргнување од Скопје во 23:00 часот од пред паркингот на хотел „Холидеј ИН“.

2.ден 30.12.2021 (четврток)                ЕВИА
Патување преку преминот Богородица кон Грција со кратки попатни застанувања за преземање на патниците од Велес, Неготино и Гевгелија. Получасовен одмор во комплексот Коринос во Грција. Во утринските часови пристигнување во местото Глифа. Качување на траект. Возењето трае 30 минути. Симнување во местото Агиоскампос. Продолжување на патувањето за Едипсос. Сместување на групата во хотелот: Лито. Краток одмор. Запознавање со местото. Слободно време за капење во морето под водопадот, во изворите на минерална вода или во хотелските базени со минерална вода. Вечера. Ноќевање.

3.ден 31.12.2021 (петок) ЕДИПСОС - ХАЛКИДА - Св.ЈОВАН РУСКИ - ЕДИПСОС
Слободно претпладне или посета на градот Халкида и разглед на истата: тврдината Карабаба, прошетка кај стариот мост (200м од црква Св.Петка), џамија Емир Заџе, еврејската синегога. На враќање посета на Неа Прокопиа каде е црквата со моштите на Св.Јован Руски каде посетителите ќе можат да се поклонат на нераспаднатото тело на св.Јован Руски и да земат од мирото кое истекува од неговото тело. Враќање во Едипсос. Во 21:00 часот Свечена вечера во ресторан со музичка програма и караоке. Аниматор и водител Виолета Митровска. Гостин на вечерта ќе биде победничката на Гранд продукција Добрила Ивановска – Чабриќ. Богато Новогодишно мени. Ноќевање.

4.ден 01.01.2022 (сабота)        ЕДИПСОС - АТИНА - ЕДИПСОС
Слободно претпладне со можност за капење во природните базени со минерална вода кои се наоѓаат во самото море или факултативна посета на Атина: панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омонија, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон). Во попладневните часови тргнување од плоштадот Синтагма за Аркица и Едипсос. Вечера. Ноќевање.

5.ден 02.01.2022 (недела)              ЕДИПСОС - СКОПЈЕ
На пладне напуштање на собите и тргнување за Агиокампос. Возење со траект до Глифа, а потоа тргнување за Скопје со попатни застанувања за одмор. Пристигнување во Скопје во касните вечерни часови.

прикажи повеќе

- Превоз со туристички автобус
- Сместување во хотелот  Лито - во двокреветни и трокреветни соби, на база три полупансиона вклучително и свечената новогодишна вечера
- Услугите на придружниците на групата и преставниците на агенцијата за време на престојот
- Превоз со траект на релација Глифа – Агиос Кампос – Едипсос и обратно
- Трошоци за организација на патувањето.

 

прикажи повеќе

- Организирана посета на Атина - 30€
- Организирана посета на Халкида и Црквата во Неа Прокопиа кај моштите на Св.Јован Рус и Халкида - 20€ 
- Патничко осигурување
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€
- Доплата за дополнително седиште во автобус - 50€
- За гостите од другите хотели новогодишната свечена вечера - 30€ (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)

 

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже 
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ТА САВАНА
- Организатор на патувањето: Т.А. Солвекс Травел

 

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!