Детали за зделка
Резервација
Потврда
EUR 99 00 EUR
Посетата на Егејска или Античка Македонија е прекрасна можност да ја запознаете нејзината богата историја, да посетите повеќе градови и населени места, каки и голем број на археолошки и историски локалитети...

Костур, Негуш, Воден, Вергина, Дион, Солун...

1. ден    СКОПЈЕ - КОСТУР - НЕГУШ
Состанок на групата во Скопје, на паркингот спроти хотелот "Holiday Inn" во 06:30 часот. Поаѓање за Грција во 07:00 ч. Влез во Грција преку граничниот премин Меџитлија - Ники. Патувањето води покрај градот Лерин (Florina), кон западниот дел на Егејска Македонија и регионот Епир. Посета на градот Костур (Kastoria) - еден од најубавите градови во Егејска Македонија. Подингат на надморска височина од 700м, под масивот на планината Грамос, градот се простира покрај брегот и на малиот полуостров во Костурското езеро. Познат уште од "византиски период" како Јустианополис, овој град отсекогаш се карактеризирал со богатството на различните култури кои живееле во него. Специфичната архитектура, бројните цркви и манастири и денес сведочат за неговата богата историја. Попладне, патувањето продолжува кон крадот Негуш (Nausa), кој како населено место, уште од "римско време" бил изграден во близина на патот "Via Ignatia". Лоциран на 350м. надморска височина, под источните предели на Каракамен планина, овој востанички град (Негушко востание 1822 г.) и денес се карактеризира со својата местоположба и прекрасна околина. Во вечерните часови, пристигнување во градот Воден (Edesa) и сместување во хотел. Ноќевање.

2. ден  ВОДЕН - ВЕРГИНА - ПЕЛА
Појадок. Претпладневна прошетка низ стариот град Воден, со посета на неговите прекрасни водопади. Историјата уште од дамнешни времиња, Воден го поврзува со античкото македонско кралство, кое во непосредна близина ја имало првата престолнина Ајга. Патувањето продолжува кон Бер (Veria) и Кутлеш, денес надалеку попознат како археолошкиот локалитет Vergina. Откривањето на гробниците на македонските антички кралеви (во 1977 г. од археологот Манолис Андроникос), Вергина ја вброји во еден од гробниците е токму онаа на македонскиот крал Филип II, дава дополнителен мотив за посета на овој значаен антички локалитет. Во попладневните часови, патувањето продолжува кон Античка Македонија од времето на Филип II и Александар Велики. По пристигнувањето во Паралија, сместување во хотел и слободно време за одмор. Ноќевање.

3. ден  ДИОН - ОЛИМП - ЛИТОХОРО - КАТЕРИНИ
Појадок. Целодневен излет низ регионот Пиериа. панорамски разглед на туристичките места Лептокарија и Платамона, како и посета на археолошкиот локалитет Дион - некогашното македонско светилиште под планината Олимп. Посетата на Дион е воедно и можност за запознавање со единствениот археолошки локалитет изграден врз мочварниот предел на Пиериа. Во продолжение на денот, посета и на планината Олимп - митолошката престолнина на старогрчките богови, како и на планинското гратче Литохоро, единствено по својата местоположба и автентична архитектура. Во попладневните часови, патувањето завршува со кратка прошетка низ главниот центар на Пиериа - градот Катерина. По враќање во хотелот, слободно време за домор, или пак вечерна факултативна посета на грчка таверна, со музика и мени од грчката кујна. Ноќевање.

4. ден    ПАРАЛИЈА - СОЛУН - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување кон, по многу што единствениот македонски велеград - Солун (Thessaloniki). По пристигнувањето, панорамски разглед на градот: улицата Виа Игнатиа и плоштадот Вардари, црквата Св.Димитрија со познатите мермерни капители и прекрасни мозаици од 7.век, Римскиот форум, Галеријевата арка, црквите Ротонда и Св.Софија, плоштадот Аристотелис и познатата Бела Кула - симболот на градот. Слободно време за индивидуални прошетки низ Солун, или можност за посета на Археолошкиот музеј со богатата музејска поставка од времето на Античка Македонија. Попладне, заминување за Скопје преку граничниот премин Евзони - Богородица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

прикажи повеќе

- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотели ***, на база 3 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи и посети според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

прикажи повеќе

- Влезници во музеите, археолошките и културно историските знаменитости.
- Факултативна вечера во таверна со музичка програма
- Патничко осигурување

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За реализација на факултативни програми, потребен е минимум од 30 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Појадок
  • Придружник на групата

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!