ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 3 дена / 2 ноќевања 14|21|28 Март (петок) СКОПЈЕ - СОЛУНСостанок на групата во 05.30 часот, на паркингот пред СЦ “Борис Трајковски” во Скопје. Заминување кон Грција и Солун во 06.00ч. преку граничниот премин Богородица-Евзони. По пристигнувањето во Солун, посета на црквата “Св.Великомаченик Димитриј” и целување на неговите мошти. Историјата вели дека на местото каде е мачен Св.Димитрије, во почетокот на 4 век била изградена скромна капела. Во знак на благодарност кон светителот за исцелување, во 5 век на местото на малата капела, Леонтиј - префектот на Илирика, ја изградил големата базилика. Во 7 век, таа била оштетена од тогашниот земјотрес и големиот пожар. По нејзината обнова, служела како црква се’ до 1493 година, кога од Турците Османлии била претворена во џамија. По завршување на балканските војни во 1912 година и ослободувањето на Македонија и Солун од турското владение, повторно му е вратена во христијанство како катедрална црква. Таа подоцна, повторно страда во големиот пожар од 1917 година кој ја претвора во урнатини. Обновувана во периодот од 1918 до 1949 година, црквата Свети Димитрија конечно го добива изгледот на голема петобродна базилика, чиј ѕидови ги красат дел од сочуваните мозаици со голема и непроценлива вредност. Во катакомбите и криптата под црквата, упокоени се моштите на Св. Димитриј, Св.Анасиј и Св.Григориј Ираклиски. Во понатамошниот разглед, посета на црквата посветена на светата мудрост “Св.Софија” од 8 век, како и црквите на “Св.Пророк Илија”, “Св.Пантелејмон”, “Св.Григориј Палама” и манастирот “Св.Aпостол Павле - Влатадон”. Во попладневните часови, сместување во хотел. Ноќевање.15|22|29 Март (сабота) ВЕРИЈА (БЕР) - ЕДЕСА (ВОДЕН) – ПОЗАР (ПОЖАРСКО)Појадок. Заминување кон Верија и селото Кастаниа, каде се наоѓа манастирот “Панагиа Сумела” во кој се наоѓа чудотворната икона со истото име - дело на Светиот Апостол и евангелист Лука. Манастирот е подигнат како спомен, на некогашниот манастир кој се наоѓал во местото Понт во Турција, кој по грчко турските војни бил напуптен и уништен. Неговата најголема светост – иконата на Пресвета Богородица, која ја насликал Св.Апостол Лука, од тогаш е пренесена во овој храм кој е воедно нејзиниот нов дом. Во продолжение на патувањето, посета на манастирот и црквата “Св.Јован Крстител” над Верија (Бер), каде веќе 700 години се наоѓаат дел од моштите - черепот на Светиот Климент Охридски. Поклонение и целување на моштите на Св.Климент Охридски. Патувањето продолжува кон областа Меглен, северно од Едеса (Воден), со посета на селото Лутраки (Пожарско) познато по бањите и изворите со лековита вода. Во ова место, покрај црквата во родната Слатина, се наоѓа втората црква посветена на македонската маченичка од 18 век, Света Злата Мегленска. Краток одмор во Лутраки до заминување кон регионот Пиериа. Хотелско сместување во Лептокарија. Ноќевање. 16|23|30 Март (недела) ЛЕПТОКАРИЈА - КАЛАМБАКА - МЕТЕОРА - ТЕМБИ - СКОПЈЕПојадок. Заминување кон Тесалија и Каламбака. Посета на местото Метеори – каде на високите карпи, се издигаат неколкуте манастири сведоци на човековата посветеност кон бога и неговото монашко опстојување до денес. Формирањето на монашката заедница во 11 век, придонела последователно да се подигнат и првите манастири изграден на непристапниот карпест терен над Каламбака. Посета на манастирот “Преображение” или “Големи Метеори”. Манастирот е подигнат во 14 век од Свети Атанасије Метеорит. Негов наследник и втор ктитор бил монахот Јоасаф - некогашниот цар Јован Урош Палеолог, син на царот Урош Палеолог - господар на Тесалија и Епир со потекло од српската династија Немањиќ. Преподобниот Јоасаф, во 1387 година ја обновува и проширува манастирската црква. Денешната црква во него е изградена во 1544, живописана во 1552 година и претставува една од најубавите иконографски целини на поствизантиската уметност. Во непосредна близина, посета на Варлаам - вториот по големина манастир на Метеори. Се смета дека е основан од монахот Варлаам, кој се искачил на високата карпа во првата половина на 14 век. Освен својата ќелија, на тоа место ја гради и малата црква посветена на тројцата архиереи: Василиј Велики, Григориј Диологост и Јован Златоуст. Сепак вистински подем, манастирот добива во времето кога во него се доселуваат браќата Нектариј и Теофанис Апсарадес. При крајот на 15 век, тие прво се подвизуваат во Јанина, потоа престојуваат во манастирот Дионисиј на Света Гора, а во 1510 година како монаси се доселуваат на Метеори. По седум години престој во манастирот “Големи Метеори”, во 1518 години се искачуваат на блиската карпа и ја обновуваат црквата на Трите архиереи изградена од монахот Варлаам. Кон нив, набргу се приклонуваат и други монаси, што придонесува до дормирање на монашко братство. Во 1541 година, ја подигнуваат црквата на Сите Свети, чие живописување завршува во 1548 година. Посетата на манастирот Варлаам и неговите цркви, дополнително ја збогатува вредната музејска поставка на древни христијански и црковни реликви, која се наоѓа во некогашната монашка менза. Доколку дозволува времето, можност за посета на уште некој од манастирите изградени врз карпите Метеори. Тука е и манастирот “Свети Стефан” кој потекнува од крајот на 14 век. Неговата првобитна црква ја обновува монахот Филотеј во четириесетите година на 16 век, додека во 1798 година е изградена и втората црква, посветена на Св.Харалампие. Нејзиниот прекрасен иконостас е завршен во 1814 година од познатите копаничари од Мецово. Во некогашната терпезарија на манастирот, изложена е исклучително богата црковна ризница. Останатите живи манастири на Метеори, се: Манастирот Св.Варвара (Манастир Русану), Манастирот Св.Никола Анапауски и Манастирот Св.Троица. Во враќање, кратка посета на работилницата за изработка на Икони и христијански реликвии. Патот кон Македонија води низ клисурата Темби, каде се наоѓа познатата пештерна црква посветена на Света Петка - “Агиа Параскеви”. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 129 € (7.990,00 мкд)* Можност за плаќање на рати со картички на Стопанска и Комерцијална банка.Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:- Превоз со туристички автобус на наведената релација- Сместување во хотели **/***, на база ноќевање со појадок- Организирани посети според програмата, во придружба на духовно лице (теолог или вероучител).- Туристички придружник-водич за време на патувањето- Организација и реализација на патувањетоВо цената на аранжманот не е вклучено:- Туристичка такса која се плаќа на рецепција во хотелите- Влезници за музеи и културно историски споменици (каде што е потребно)- Евентуални, неспоменати индивидуални трошоци за време на посетите- Патничко здравствено осигурување (информации во агенцијата)Напомени:- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници- За овој аранжман важат Општите услови на патување на САВАНА
прикажи повеќе
- Туристичка такса која се плаќа на рецепција во хотелите- Влезници за музеи и културно историски споменици (каде што е потребно)- Евентуални, неспоменати индивидуални трошоци за време на посетите- Патничко здравствено осигурување (информации во агенцијата)
- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници- За овој аранжман важат Општите услови на патување на САВАНА
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!
Дата на заминување
Опции