ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 9 дена / 8 ноќевањa
22 мај (петок) СКОПЈЕ – ГРЦИЈАСостанок на групата во 21:30 часот на паркингот спроти СЦ “Борис Трајковски”. Заминување на групата за Грција во 22.00ч. со патување кон граничниот премин Маџитлија - Ники кај Битола. Ноќно возење по јонскиот автопат со попатни застанувања и одмори.23 мај (сабота) ПАТРА – ОЛИМПИЈАПојадок. Пристигнување во градот Патра во претпладневните часови. Панорамски разглед на центарот карактеристичен по својата медитеранска архитектура. Посета на централниот православен храм - црквата на светиот апостол Андреј, во која се наоѓаат дел од моштите и крстот на кој бил распнат и погубен. По краток одмор, патувањето продолжува кон древната Олимпија. По пристигнувањето, разглед на еден од најпознатите антички локалитети на Пелопонез - местото на првите Олимписки игри во античка Грција. Попладнето, сместување во блискиот хотел и слободно време за одмор и индивидауални активности. Ноќевање.24 мај (недела) ВАСТАС – МЕСИНА – КАЛАМАТАПојадок. Во утринските часови заминување кон Каламата. Попатна посета на светото место Вастас, во кое се наоѓа мистичната црквичка посветена на Св.Теодора. Во продолжение на патувањето, посета и на археолошкиот локалитет Месина кој сведочи за една од највлијателните престолнини во времето на античка Грција. Разглед на локалитетот и продолжување на патот кон Каламата. Панорамски разглед на еден од најубавите туристички градови на полуостровот и јужната порта на Пелопонез. Сместување во хотел и слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.25 мај (понеделник) ДИРОС – МИСТРА – СПАРТАПојадок. Во утринските часови заминување на целодневен излет низ регионите на Каламата и Спарта. Посета на местото Аерополи, како и на впечатливата пештера Дирос, низ која разгледот на неколку километри долгите патеки и подземни хали од сталагнити и сталактити, се одвива со чамци пловејќи низ утробата на земјата. Во продолжение на излетот, посета на средновековниот локалитет Мистра - еден од највлијателните градови на медитеранот по падот на Константинопол. Прошетка низ стрмниот терен на локалитетот, со разглед на мноштвото остатоци од стари цркви, манастири и палати подигнати во златното време на Византија. Пристигнување во Спарта и краток разглед на градот. Слободно време и сместување во хотел. Ноќевање.26 мај (вторник) МОНЕВМАСИЈА – МАЛЕВИ – НАФПЛИОНПојадок. Во претпладневните часови заминување кон местото Монемвасија. Посета на еден од највпечатливите средновековни градови, изграден на непристапниот терен од истоимената природна карпа високо издигната во морето. Фантастичната панорама која ја истакнува карпата над синиот хоризонт од Егејското море, дополнително ќе ве плени при прошетката низ нејзините тесни улички издлабени низ јужната страна кон морето. Патувањето продолжува кон еден од најпочитуваните манастири на Пелопонез, посветен на чудотвоната икона на Богородица од Малеви. Прекрасната околина и душевниот мир, пленува уште при првиот чекор во старата манастирска црква. По краток одмор, заминување кон страиот град Нафплион - некогашната престолнина на Грција по завршетокот на првите пелопонески војни и ослободувањето од османлиското ропство. Прошетка низ прекрасниот град до сместување во хотелот. Ноќевање.27 мај (среда) ЕПИДАУРУС – МИКЕНА – КОРИНТ – АТИНАПојадок. Во претпладневните часови заминување во посета на археолошките локалитети низ регионот Арголида: Епидаурус - еден од најголемите и најакустични антички амфитеатри во светот, Микена - древната престолнина на кралот Агамемнон познат и како митскиот освојувач на Троја, археолошкиот локалитет на древниот Коринт, како и посета на блискиот Коринтски канал кој ги спојува Егејското и Јонското море. Во попладневните часови патувањето продолжува кон Атина. Пристигнување во вечерните часови и сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.
28 мај (четврток) АТИНАПојадок. Заминување на организиран панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, стражата на Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Партенон - Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... По разгледот, слободно попладне за индивидауални прошетки или шопинг низ атинските трговските центри. Навечер, можност за факултативна вечера во национален ресторан-таверна на Плака, со богато мени од грчката кујна и уметничка програма со грчки песни и танци. Ноќевање.29 мај (петок) АТИНА – ОСТРОВ ЕГИНАПојадок. Заминување на целодневен излет (со автобус и брод) до островот Егина во Сароничкиот залив. Разглед на островото и посета на еден од најпознатите манастири и цркви посветени на големиот светец - Св.Нектариј Егински. Можност за поклонение пред кивотот на големиот светец и исцелител. Враќање кон Атина и во хотелот, во вечерните часови. Ноќевање.30 мај (сабота) АТИНА – ДЕЛФИ – КАЛАМБАКАПојадок. Заминување од Атина. Патувањето води кон археолошкиот локалитет Делфи (некогашно светилиште на богот Аполон). Посета на еден од најпознатите археолошки локалитети во Грција и тамошниот музеј лоцирани во подножјето на планината Парнас. Во продолжение на денот патувањето продолжува кон Тесалија и градчето Каламбака во чија непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Сместување во хотел и слобводно време за одмор. Ноќевање.31 мај (недела) МЕТЕОРИ – СКОПЈЕПојадок. Заминување со автобусот кон манастирите Метеори, изградени над високите камени карпи над рамнината на Тесалија. Овие манастири се воедно и едни од најпознатите христијански монашки центри, создадени како едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отворените манастири, цркви, музеи и сувенирници. По посетата, патувањето продолжува низ Пиерија кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.Цена на аранжманот: 475 € (29.450,00 мкд)Во цената на аранжманот е вклучено:- Превоз со туристички автобус на наведената релација- Сместување во хотел според програмата, на база 8 ноќевања со појадок- Разгледи и посети на културно историските споменици и археолошките локалитети опишани во програмата- Организација и реализација на аранжманот- Професионален туристички придружник на патувањето
Во цената на аранжманот е вклучено:- Индивидуално патничко здравствено осигурување (информации при уплата во агенцијата)- Туристичка такса од 5 € по соба на ден (се наплаќа на рецепцијата во хотелите)- Влезници при посета на културно историски споменици, музеите и археолошките локалитети- Факултативна вечера во национален ресторан на Плака: 40 €- Евентуални дополнителни услуги од локални водичи, во зависност од местата на посетаНАПОМЕНИ:- Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за сместување во двокреветна соба- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници- Цените се дадени во EUR, за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив.- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА
прикажи повеќе
- Превоз со туристички автобус на наведената релација- Сместување во хотел според програмата, на база 8 ноќевања со појадок- Разгледи и посети на културно историските споменици и археолошките локалитети опишани во програмата- Организација и реализација на аранжманот- Професионален туристички придружник на патувањето
- Индивидуално патничко здравствено осигурување (информации при уплата во агенцијата)- Туристичка такса од 5 € по соба на ден (се наплаќа на рецепцијата во хотелите)- Влезници при посета на културно историски споменици, музеите и археолошките локалитети- Факултативна вечера во национален ресторан на Плака: 40 €- Евентуални дополнителни услуги од локални водичи, во зависност од местата на посета
- Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за сместување во двокреветна соба- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници- Цените се дадени во EUR, за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив.- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!
Опции