Детали за зделка
Резервација
Потврда
EUR 220 00 EUR
по лице

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

06.октомври (четврток) Скопје – Омиш
Тргнување од Скопје во 20:00 часот од пред паркингот на хотел „Русија“. Патување преку Косово, Албанија и Црна Гора со повремени застанувања за одмор.

07.октомври (петок) Дубровник - Омиш
Во утринските часови пристигнување во бисерот на Јадранот, светски прочуениот град Дубровник. Разгледување на градот и прошетка низ најпознатата улица Страдун. Тргнување кон Омиш. Пристигнување во Омиш. Сместување на групата во хотелот „ Брзет“. Краток одмор. Слободно време– капење и релаксација на прекрасната плажа на комплексот Брзет. Прошетка по крајбрежното шеталиште до центарот на Омиш. Разгледување на центарот и стариот дел на на градот. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

08.октомври (сабота) Омиш - Радманови Млинови
Појадок. Слободно време на плажата на комплексот Брзет или на Големата плажа на Омиш (единствена толку голема песковита плажа во овој дел на Далмација) можете да ја посетите и гусарската тврдина над Омиш. Можност за факултативна посета на атрактивните Радманови Млинови. (Од Омиш се оди со мали бродчиња по течението на реката Цетиња до Старата Воденица, каде гостите се пречекуваат со пијалок за добродојде, далматинска пршута, сирење и маслинки). Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

09.октомври (недела) Омиш - Сплит
Појадок. Слободно време за релаксација на плажата. Факултативна посета на Сплит со разгледување на Диоклицијановата Палата, Стариот дел на Сплит, за похрабрите искачување на ридот Марјан од каде се пружа прекрасна гледка на целиот град и морската ширина. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

10.октомври (понеделник) Омиш- Брач
Појадок. Слободно време за релаксација на плажата. Факултативна посета на Островот Брач со рибен пикник со ручек на бродот. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

11.октомври (вторник)
Појадок. Капење и релаксација на плажата на комплексот Брзет. Тргнување за Македонија со попатни застанувања за одмор.

Цена на аранжманот: 220 € (13.640,00 мкд)

Во цената е вклучено:
- Превоз со современ туристички автобус
- Сместување во хотелот Брзет во Омиш во двокреветни и трокреветни соби, на база четири полупансиони: појадок/buffet , вечера континентална.
- Услугите на придружниците на групата и преставниците на агенцијата за време на престојот
- Трошоци за организација на патувањето

Во цената не е вклучено:
- Факултативна посета на Радманови Млинови
- Факултативна посета на Сплит и Рибарски пикник на Брач
- Патничко здравствено осигурување

Доплата: доплата за 1/1 соба е 40% од цената на аранжманот

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници 
- Организатор на патувањето е ТА СОЛВЕКС Травел
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

прикажи повеќе

- Превоз со современ туристички автобус
- Сместување во хотелот Брзет во Омиш во двокреветни и трокреветни соби, на база четири полупансиони: појадок/buffet , вечера континентална.
- Услугите на придружниците на групата и преставниците на агенцијата за време на престојот
- Трошоци за организација на патувањето

прикажи повеќе

- Факултативна посета на Радманови Млинови
- Факултативна посета на Сплит и Рибарски пикник на Брач
- Патничко здравствено осигурување

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници 
- Организатор на патувањето е ТА СОЛВЕКС Травел
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!