Детали за зделка
Резервација
Потврда
EUR 995 00 EUR
по лице

(Хургада и крстарење по Нил) 
9 дена / 7 ноќевања / лет од Скопје  
(21.04.2022 – 29.04.2022)  

1 ден 21.04: СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ХУРГАДА
Состанок на групата на Аеродром Скопје во 17:50 часот. Лет за Истанбул со TK1006 во 20:50 часот. Слетување во 23:25 часот. Полетување за Хургада со TK 702 во 01:40 Слетување на аеродромот во Хургада во 03:20 часот на 22. Април. Пречек од страна на претставник на локалниот партнер и трансфер до хотел . Ноќевање.

2 ден 22.04: ХУРГАДА
Појадок. Престој во прекрасен 5* хотел на база на СЕ ВКЛУЧЕНО. Слободен ден за одмарање, сончање, капење и уживање покрај брегот на тропското, корално и беспрекорно чисто Црвено Море. Ноќевање.

3 ден 23.04: ХУРГАДА (КАИРО)
Појадок и слободен ден во хотелот во Хургада, или можност за факултативна екскурзија: Посета на Каиро - Поаѓање од Хургада околу 2 ч после полноќ. Возење со автобус до Каиро (времетраење околу 6 часа). Пристигнување во Каиро наутро околу 8ч. Обиколка на Националниот Археолошки Музеј во Каиро (се разгледуваат експонати од Старото, Средното и Новото царство и богатството на Тутанкамон). Панорамски разглед на Каиро на патот кон Гиза. Обиколка на платото на Гиза, Кефреновата, Микериновата и Кеопсовата пирамида, долинскиот храм на фараонот Кефрен и големата статуа Сфинга. Ручек. Посета на традиционална парфимерија со презентација на начинот на кој се прават парфеми и се користат етерични масла. Пристигнување во Хургада околу 22 ч. Ноќевање.

4 ден 24.04: ХУРГАДА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, одмор или уживање на брегот на Црвеното море. Можност да го збогатите вашиот престој со некоја од Факултативните екскурзии кои се во понуда на нашиот локален партнер (Џип сафари, крстарење до рајскиот остров, итн.). Ноќевање.

5 ден 25.04: ХУРГАДА – АСУАН
Ланч пакети за појадок. Поаѓање кон Асуан во раните утрински часови. Патување со удобен, климатизиран туристички автобус во придружба на стручен локален водич. По окулу 8-9 часовно патување, со попатни паузи, пристигнување во Асуан. Веднаш по пристигнувањето, укрцување на бродот. Ручек. После ручекот ја започнуваме турата во Асуан со посета на Високата брана, инженерско чудо изградено во 60-тите години од каде се протега најголемото вештачко езеро на светот – Насеровото езеро. По посетата на Високата Брана (“High Dam” висока 111м), разгледот продолжува со посета на замокот посветен на египетската божица Изида кој се наоѓа на островот Фили - во реката Нил 12км јужно од Асуан. Фили е остров и археолошки локалитет. Поради изградбата на Асуанската брана, храмовите во 1969год се пренесени на друг остров како не би биле оштетени од поплави. Замокот е под заштита на UNESCO од 1979 година. Потоа продолжуваме кон посета на Незавршениот обелиск, најголемиот познат антички обелиск, изграден по наредба на кралицата Хатшепсут (1508-1458 п.н.е.). Враќање на бродот. Вечера. Ноќевање.

6 ден 26.04: КОМ ОМБО & ЕДФУ
Ноќно пловење. Пристигнување во Ком Омбо. Појадок на брод. Заминување во посета на Храмот на Собек и Хароерис. Посветен е на Собек – древен бог со глава на крокодил на кого старите Египќани му принесувале жртви за да не бидат напаѓани од крокодили во текот на своите пловидби по реката Нил. Храмот стои на свиокот во Нил, каде што во древни времиња светите крокодили се одмарале на сонцето на брегот на реката. Враќање на бродот за ручек. Пловење кон Едфу. По пристигнување посета на Храмот посветен на Богот Хорус, едно од најстарите божества, изграден во времето на Клеопатра. Прикажан е со глава на сокол и се поврзува со многу фараони во текот на нивниот живот и владеење. Ова е најголемиот и најсочуван Храм кој претставува комбинација од Египетската и Грчката архитектура. Враќање на бродот. Вечера. Ноќевање.

7 ден 27.04: ЛУКСОР (Западен Брег)
Вечерно крстарење до Есна и Луксор. По пристигнувањето во Луксор и после појадокот се упатуваме кон Западниот брег на Нил за да ја посетиме Долината на кралевите и Кралиците, огромниот град на мртвите, каде што величествените гробови биле врежани во пустинските карпи и исполнети со богатства за задгробниот живот од генерациите на фараоните. Потоа ќе отидеме до подножјето на карпата за да го видиме Храмот на кралицата Хатшепсут, единствената жена што владеела со Египет во историјата на фараонот. Овој Храм се смета дека е еден од најубавите храмови изградени во Египетското царство. На враќање кон реката Нил, нашиот пат поминува покрај познатиот Колос од Мемнон, познат во Античко Грчките времиња по нивните прогонувачки гласови во зори. Враќање на бродот. Вечера. Ноќевање.

8 ден 28.04: ЛУКСОР (Источен Брег) – ХУРГАДА
Појадок на бродот и искрцување. Поаѓање на утринска тура со посета на огромниот и импознатен комплекс на храмови – Карнак, кој на ова место е поставен окулу 2.000 години пред новата Ера, но најголемиот развој го достигнува со Новото Кралство. Комплексот е граден илјада години од повеќе генерации на фараони. Централен и можеби најзначаен дел од Карнак е храмот посветен на богот Амун, познат по своите столбови кои се во форма на пакет од папирус. Овој храм се смета за еден од најамбициозните примери за развиената архитектура и инжињерство низ античките фараонски времиња. Слободно време за прошетка низ Луксор. Во поладневните часови, поаѓање назад кон аеродромот во Хургада.

9 ден 29.04: ХУРГАДА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Пристигнување на аеродромот во Хургада. Лет за Истанбул со TK1430 во 00:30часот. Слетување во Истанбул во 04:30. Лет за Скопје во 07:30 со TK100. Слетување во 07.50 часот


Цена во предпродажба до 30.03.2022: 995 € (61.690,00 мкд)
Цена на аранжманот: 1.095 € (67.890,00 мкд)

* Цената е дадена по лице, за сместување во двокреветна соба

Цена за дете до 05,99 години:  450 € (27.900,00 мкд)
Цена за дете од 06 до 11,99 години:  675 € (41.850,00 мкд)
Доплата за еднокреветна соба 230 € (14.260,00 мкд)

Во цената е вклучено:
• Повратен авио билет Скопје – Истанбул – Хургада – Истанбул – Скопје, со Turkish Airlines.
• 4 хотелски ноќевања во Хургада во Хотел со 5* на база се вклучено.
• Крстарење по нил - 3 ноќевања на брод 5* на база полн пансион (Појадок, ручек, вечера, без пијалоци).
• Сите трансфери према програмата.
• Сите разгледи посети со вклучени влезници, према програмата.
• Стручен локален водич.
• Техничко водство / Пратител на групата

Во цената не е вклучено:
• Египетска виза – се вади на аеродром по слетување – 25$
• Факултативни излети (тура Каиро; Крстарење до рајски остров; Пустинско сафари;)
• Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата.
• Задолжително патничко осигурување.
• ПЦР тест (доколку е потребен – за лица над 12г. без Ковид-19 вакцинални потврди).
• Задолжителен бакшиш за шоферите и возачите – 30 € (се плаќа на претставникот при пристигнување во Египет).

Забелешки:
• За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
• Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
• За резервации потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна петнаесет (15) дена пред поаѓање.
• За овој аранжман важат општите услови на патување на САВАНА и СКТМ.
• Организатор на патувањето е AУРОРА Турс.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи може да претрпи промени во зависност од состојбата на терен и други објективни причини.

ВАЖНО - Ковид услови за влез во Египет
Од 21.12.2021 условите за влез во Египет се либерализирани и согласно последните протоколи, сите патници и деца со 12 или повеќе години, неопходно е да поседуваат:
1. Потврда со QR код издадена од релевантна државна медицинска институција за комплетирана вакцинација (2 дози) со некоја од признаените вакцини извршена најмалку 14 дена пред влез во државата; или
2. Негативен ПЦР тест со валиден QR код не постар од 72часа пред влез во Египет; или
3. Негативен резултат од брз антигенски тест со валиден QR код не постар од 24 часа пред патување;

Оние кои не поседуваат еден од наведените документи, може да извршат тестирање на аеродромот во Хургада при пристигнување. Тестот се плаќа на лице место и чини окулу 30$.

прикажи повеќе

• Повратен авио билет Скопје – Истанбул – Хургада – Истанбул – Скопје, со Turkish Airlines.
• 4 хотелски ноќевања во Хургада во Хотел со 5* на база се вклучено.
• Крстарење по нил - 3 ноќевања на брод 5* на база полн пансион (Појадок, ручек, вечера, без пијалоци).
• Сите трансфери према програмата.
• Сите разгледи посети со вклучени влезници, према програмата.
• Стручен локален водич.
• Техничко водство / Пратител на групата

прикажи повеќе

• Египетска виза – се вади на аеродром по слетување – 25$
• Факултативни излети (тура Каиро; Крстарење до рајски остров; Пустинско сафари;)
• Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата.
• Задолжително патничко осигурување.
• ПЦР тест (доколку е потребен – за лица над 12г. без Ковид-19 вакцинални потврди).
• Задолжителен бакшиш за шоферите и возачите – 30 € (се плаќа на претставникот при пристигнување во Египет).

прикажи повеќе

Забелешки:
• За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
• Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
• За резервации потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна петнаесет (15) дена пред поаѓање.
• За овој аранжман важат општите услови на патување на САВАНА и СКТМ.
• Организатор на патувањето е AУРОРА Турс.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи може да претрпи промени во зависност од состојбата на терен и други објективни причини.

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Лет
  • Сместување
  • Полупансион
  • All inclusive
  • Водич
  • Придружник на групата
  • Активности

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!