Детали за зделка
Резервација
Потврда

ИСЛАНД - Велигден

EUR 2290 00 EUR
по лице

Опкружен со мистиката на северните народи, Исланд е една од најинтересните земји во Европа. Ако некаде на стариот континент сеуште постои релативно чиста природа, таа е тука. Глечерите и топлите извори, моќните вулкани и водопадите, планините покриени со снег и зелените долини, замрзнати од ситна магла или осветлени со светло виножито, коегзистираат во целосна хармонија на островот. Секогаш кога ќе го посетите Исланд, ќе откриете нов свет исполнет со неверојатни пејсажи, форми и впечатоци. Не е случајно што во последниве години е една од најпопуларните туристички дестинации во светот и сезоната за посета на островот е преку целата година.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
 7 дена / 5 ноќевања

02.Mај (Четврток)                              СКОПЈЕ – ВИЕНА – РЕЈКЈАВИК
Собир на групата на аеродромот во Скопје два часа пред лет, односно во 10:30 часот. Лет за Рејкјавик со преседнување во Виена. Полетување од Скопје во 12:40 часот и слетување во Виена во 14:15 часот. Слободно време. Полетување од Виена во 21:00 часот и слетување во Рејкјавик во 23:20 часот . Трансфер и сместување во хотелот. Ноќевање.

03.Мај (Петок)                                         РЕЈКЈАВИК (Сина лагуна)
Појадок. Организиран трансфер до Сината лагуна, познат СПА центар со термални базени на отворено (вклучува влезница, маска од силиконска кал, употреба на крпи и еден пијалок). Уживање во топлите извори со геотермална вода и уникатна сина боја. Враќање во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

04.Мај (Сабота)         РЕЈКЈАВИК – Тинкветлир Национален парк – Гулфос – Гејзир – ХЕЛА
Појадок. Заминување до „Златниот круг“, националниот парк Тинкветлир, водопадот и гејзер „Гулфос и Гејзир“. Поаѓање кон Националниот парк Тинкветлир, кој е под заштита на УНЕСКО поради неговите геолошки карактеристики. Паркот е резерват на зачувана, специфична природа составен од вулкански релјеф, кратери и природни гејзери. Националниот парк Тинкветлир се наоѓа на спојот на северноамериканските и евроазиските тектонски плочи, а резултатот од движењето на овие плочи е видлив во пејзажот. Покрај тоа, ова е место од големо историско значење за Исланд, местото каде што е формиран Алпинги, првиот парламент на Исланд, во 10 век. Слободно време за прошетка меѓу скаменетите карпи од лава и фото-пауза. Во геотермалната област Гејзир има неколку извори на топла вода, меѓу кои се издвојува гејзерот Стокур, кој еруптира на секои 6 до 10 минути. Продолжението на патувањето до водопадот Гулфос (Златен водопад), на реката Хвита, која се влева во клисура длабока 30 метри со две каскади, едно од најубавите во светот. Слободно време за прошетка и фото-пауза. Патувањето продолжува кон јужниот брег на островот, кон брегот на реката Итри Ранга, позната по лососот. Обиколка на исландската фарма за коњи. Пауза за кафе или чај на фармата. Продолжување на патувањето. Пристигнување во гратчето Хела, во близина на вулканот Хекла и брегот на Атлантскиот Океан, што го прави сè поважна дестинација на туристичката мапа на Исланд. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

05.Мај (Недела)          ХЕЛА  ЕКСКУРЗИЈА „ЈУЖЕН БРЕГ“ (ВОДОПАДИ СЕЛАЛАНДСФОС И СКОГАФОС - СЕЛО ВИК)
Појадок. По појадокот заминување на целодневна екскурзија „Јужен брег“. Посета на делот од островот познат по прекрасните водопади, глечерите и вулканските плажи со црн песок. Разглед на водопадот Сељаландсфос, кој се состои од еден водопад/слап висок 60 метри. Водопадот е дел од реката Сељаландс, која ја прима водата од глечерот Ејафјалјакул. Слободно време за фотографирање на водопадот и многуте приказни кои ги населуваат карпите околу водопадот. На патот кон селото Вик, првата станица е на устието на реката Скогар, каде што се наоѓа најпознатиот исландски водопад Скогафос. Разглед на водопадот висок 62 метри опкружен со карпи. Слободно време за фотографирање или искачување по скалите до платото (прилично стрмно) од каде што има прекрасен поглед на водопадот и јужниот брег на Исланд. Патот продолжува до селото Вик, живописен град на најјужната точка на Исланд. На патот до ова место наизменично се менуваат различни пејзажи, од вулкански плажи, вулкани во далечината, до глечери и неверојатни карпести формации. Селото Вик е познато по својот резерват на различни видови птици, кои населуваат бројни карпи. Слободно време за прошетка или кафе пауза. На враќање кон хотелот, обиколка на една од најспектакуларните плажи на Исланд, плажата Рејнисфјара, позната по својот црн песок и базалтната карпа во Рејнисдрангар. Пристигнувањето во хотелот. Вечера и ноќевање.

06.Мај (Понеделник)                                      ХЕЛА  РЕЈКЈАВИК
Појадок. Заминување кон Рејкјавик (возење околу час и половина). По пристигнувањето во Рејкјавик, панорамска обиколка на најсеверната престолнина на светот, чие име значи „задимен залив“. Наводно, Викинзите го дале тоа име на природното пристаниште кога првпат пристигнале на островот околу 870 година. Панорамски разглед на најважните знаменитости на градот во кои доминира црквата Халгрим, монументална зграда на рид и ремек-делото на истакнатиот исландски архитект Гудјон Самуелсон. Поминаа децении од проектот (1937) до конечното завршување на делата (1986), а грандиозните концертни оргулин биле поставен дури во 1992 година. Црковната кула (висока 74 m) не само што е највисоката зграда во Рејкјавик, туку го нуди и најубавиот поглед на градот. Друга зграда која привлекува внимание е Перлан, резервоар за топла вода со голема стаклена купола, пуштен во употреба во 1992 година, кој го снабдува градот со топла вода. Потоа поминување покрај езерото Тјорнин, Градското собрание, зградата на Парламентот, Градското пристаниште, Музејот на отворено (Арбаер), шопинг улицата Лаугавегур... По разгледот, поаѓање кон хотелот. Сместување. Ноќевање.

07.Мај (Вторник)                        РЕЈКЈАВИК (Крстарење и набљудување на китови)
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки низ градот и купување сувенири. Предлагаме факултативен излет Крстарење и набљудување на китови (времетраење околу 3 часа). Вечерта трансфер до аеродром.

08.Мај (Среда)                                            РЕЈКЈАВИК  Виена  Скопје
Летот од Рејкјавик за Виена е во 00:10 часот. Во Виена се слетува во 06:15 часот. Полетување од Виена кон Скопје во 10:25 часот и слетување на аеродромот во Скопје во 11:55 часот.

Цена за лице во двокреветна соба во претпродажба: 2290 € (141.980,00 мкд)
Цена по лице во двокреветна соба: 2450 € (151.900,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз со Austrian Airlines на релацијата Скопје – Виена – Рејкјавик - Виена - Скопје
- Аеродромски такси - Рачен багаж (1 ташна /торба до 8 kg)
- Трансфер од аеродромот до хотелот во Рејкјавик (02.05)
- Посета на Сина лагуна (трансфер, влезница, маска од силиконска кал, употреба на крпи и еден пијалок) (03.05)
- „Златниот круг“ - трансфер и посети според програмата, кафе или чај на фармата за коњи (04.05)
- „Јужен брег“ - трансфер и посети според програмата (05.05)
- Трансфер од Хела до Рејкјавик и панорамски разглед на Рејкјавик со локален водич (06.05)
- Трансфер до аеродромот во Рејкјавик (07.05)
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Рејкјавик
- 2 ноќевања со појадок и вечера во хотел 3* во Хела
- Локален водич на Англиски јазик за време на посетите/разгледите на 03.05 , 04.05. и 05.05
- Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка такса 15 – се плаќа во агенција!
- Багаж за чекирање до 20 kg
– 60€ (пријавување при резервација) се плаќа во агенција!
- Факултативен излет - Крстарење и набљудување на китови – 120€ (вклучен трансфер, крстарење и водич на англиски јазик, резервација се прави при уплата а плаќањето е на почеток од излетот)
- Влезници во локалитетите и манастирите
- Индивидуални трошоци и дополнителни оброци, кафе - вода или пијалоци за време на појадокот и вечерата
- Задолжително патничко - здравствено осигурување

Попусти и доплати:
- Попуст за трето лицe на дополнително легло (-200€)
- Доплата за еднокреветна соба - 450€

НАПОМЕНИ:
- Патниците се запознаени со новата регулатива за важност на патните документи на РСМ од 12.02.2024
- Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот
- За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 10 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот до 7 дена пред поаѓање или да ја корегира / зголеми цената на истиот
- За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна 20 дена пред поаѓање
- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети,аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот
-  Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојбата на терен и други објективни причини
- Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите, или недоволен број на пријавени патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на ова патување е АУРОРА Турс

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Лет
  • Трансфер
  • Сместување
  • Појадок
  • Полупансион
  • Водич
  • Придружник на групата
  • Активности

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!