Детали за зделка
Резервација
Потврда

1.ден СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ 
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Турција во 17:00 часот. Патот води преку граничниот премин Богородица-Евзони и Грција. Ноќно возење со попатни одмори.

2.ден ИСТАНБУЛ – ТОП КАПИ
Пристигнување во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Ак Сарај, Римскиот аквадукт, плоштадот Таксим, Сулејманијата, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Капали чаршијата... Азискиот дел Џамлиџа, со посета на највисоката зграда во Европа "Sapphire Seyir Terasi" 236м, која на последниот кат од зградата нуди неверојатен панорамски поглед на цел Истанбул како и можност преку 4D симулации да се надлета небото над Истанбул и одблизу да се видат најпознатите знаменитости: Аја Софија, Плава Џамија, Галата кула, Топ Капи...  Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта, факултативно-вечера во национален ресторан со уметичка програма на ориентални танци. Ноќевање.

3.ден    ИСТАНБУЛ – ОТОМАНСКИТЕ ПАЛАТИ
Појадок. Пешачки разглед на градот со локален водич: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обелеја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага воедно и последна импресивна градба на отоманската религиска архитектура... Единствена џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња),  Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство), можност за посета и на базиликата „Цистерна“ (позната и како „Потоната палата“ - најголемата од неколкуте антички резервоари за вода која сеуште стои под Истанбул). Можност за посета на палатата Топ Капи – музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед (некогашно главно седиште на Османлиската империја, изградена во времето на Султан Мехмед II). Можност за попатна посета на Сулејманијата и базиликата "Цистерна" позната како "Потонатата палата" најголема од неколкуте антички резервоари за вода која сеуште стои под Истанбул... Ноќевање.

4.ден   ИСТАНБУЛ - БОСФОР - ДОЛМА БАХЧЕ - СКОПЈЕ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки, или можност за факултативно крстарење со брод по Босфор, со панорамски разглед на двете страни на каналот, како и пловење под мостовите кои ги поврзуваат - Европа и Азија и факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај - првиот дворец кој што бил изграден во Османлиската империја, кој од 1922 год. служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 год. во него живеел Кемал Ататурк. Денес е претворен во музеј кој содржи уметкичко-историски збирки со непроценливо богатство. Попладне поаѓање кон Скопје со попатна посета на шопинг центарот Фортуна. Ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови.

прикажи повеќе

- Превоз со автобус на наведената релација 
- Сместување во Истанбул, во хотел ***, на база 2 ноќевања со појадок 
- Организиран панорамски разглед на Истанбул 
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

прикажи повеќе

- Факултативна вечера во национален ресторан (30 €)
- Крстарење по Босфор и посета на Долма Бахче Сарај (40 €)
- Посета на Saphirre Sayir Terrasi (10 €) и 4D симулации (10 €)
- Влезници за музеите, палатите и културно историските споменици
- Патничко здравствено осигурување 

прикажи повеќе

- Датум на важност на пасош: минимум 160 дена од датумот на враќање.
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА 

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!