Детали за зделка
Резервација
Потврда

ИСТАНБУЛ / 3НП ; Велигден преземање pdf

EUR 115 00 EUR
по лице
Разглед на градот: Ак Сарај, Римскиот аквадукт, плоштадот Таксим, Сулејманијата, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Капали чаршијата... пешачки разглед на “златниот рог” и неговите знаменитости: Хиподромот, Сината џамија , Аја Софија , можност за посета и на базиликата „Цистерна“. Крстарење со брод низ Мраморното море кон Принчевите острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Факултативна посета на палатата Долма Бахче...

Поаѓање: 29.април

1.ден СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ 
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Турција во 17:00 часот. Патот води преку граничниот премин Богородица-Евзони и Грција. Ноќно возење со попатни одмори.

2.ден ИСТАНБУЛ – ТОП КАПИ
Пристигнување во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Ак Сарај, Римскиот аквадукт, плоштадот Таксим, Сулејманијата, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Капали чаршијата... завршеток со пешачки разглед на “златниот рог” и неговите знаменитости: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на  познатиот архитект Мехмед-Ага, воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство), можност за посета и на базиликата „Цистерна“ (позната и како „Потоната палата“ - најголемата од неколкуте антички резервоари за вода која сеуште стои под Истанбул). Можност за посета на палатата Топ Капи – музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед (некогашно главно седиште на Османлиската империја, изградена во времето на Султан Мехмед II). Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3.ден          ИСТАНБУЛ – ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ
Појадок. Предлагаме, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принчевите острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила.  Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период. Островот каде императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Вечерта, можност за посета на Царигратската патријаршија за пречек на Велигден. Ноќевање .

4.ден   ИСТАНБУЛ (ДОЛМА БАХЧЕ)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки, или можност за факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај (првиот дворец изграден во Османлиската империја, кој до 1922 г. бил резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 г. во него живеел и Кемал Ататурк). Денес е национален музеј, кој содржи уметничко-историски збирки од непроценливо богатствО. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта, факултативно Велигденска вечера на крстарење по Босфор со музика и културно-уметничка програма. Ноќевање.

5.ден         ИСТАНБУЛ -  БОСФОР – СКОПЈЕ 
Појадок. По појадок индивидуални активности и прошетки или можност за факултативно крстарење со брод по Босфор и панорамско разгледување на палатите од двете страни на каналот. Пловење под мостовите над Босфор, кои ги поврзуваат копната на континентите Европа и Азија. Попладне заминување кон Македонија. Патот води преку Грција. Дневно и ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје доцните вечерни часови.

прикажи повеќе

- Превоз со автобус на наведената релација 
- Сместување во Истанбул, во хотел ***, на база 3 ноќевања со појадок 
- Организиран панорамски разглед на Истанбул 
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

прикажи повеќе

- Факултативна посета на Долма Бахче Сарај  (влезницa, превоз и локален водич - 22€) 
- Факултативно крстарење по Босфор (карта и локален водич 20€)
- Факултативна посета на Принцеските острови 15€
- Факултативно Велигденска вечера на крстарење по Босфор (превоз, вечера со пијалок и шоу програма  и крстарење 45€)
- Факултативна вечера во национален ресторан (вечера, ограничен пијалок и шоу-програма – 35€)
- Влезници за музеите, палатите и културно историските споменици
- Патничко здравствено осигурување 

прикажи повеќе

- Датум на важност на пасош: минимум 120 дена од датумот на враќање.
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА 

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Опции

Услуги
Период
Детали
Цена
Двокреветна соба
3 ноќевања со појадок
- 2 возрасни
30 Jun - 03 Jul, 2021
Автобус +  Сместување
EUR23000EUR