ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 3 ноќевања
Ден 1
Аеродром Аман – Хотел Аман
По пристигнувањето на аеродромот во Аман, нашиот претставник ве пречекува со табличка по поминувањето на царинските формалности. Потоа трансфер до хотелот. Вечера и ноќевање.
Ден 2
Хотел Аман – Џераш – Ајлун – Хотел Аман
По појадокот започнуваме со посета на Џераш, еден од најдобро зачуваните римски градови во светот. Ќе ја разгледаме колонската Овална Плаза, храмовите, плоштадите и спомениците, а потоа продолжуваме до тврдината Ајлун, изградена во 1184 година од силите на Саладин. Враќање во хотелот во Аман. Вечера и ноќевање.
Ден 3
Хотел Аман – Планина Небо – Мадаба – Патот на Кралевите – Керак – Хотел Петра
По појадокот возиме до градот мозаик Мадаба, библиската Мадаба. Ќе ја видиме мозаичната карта од 6 век на Светата Земја на подот во православната црква „Свети Ѓорѓи“. Во Археолошкиот парк ќе видиме уште дела од мозаична уметност и ќе посетиме школа за мозаик. Следна станица е Планината Небо – местото од каде Пророкот Мојсеј по 40 години во пустината погледнал кон Ветената Земја и починал. Неговата смрт е одбележана со ранохристијанска црква. Од Планината Небо се простира панорамски поглед кон Јорданската долина, Мртвото Море и делови од Светата Земја. Потоа продолжуваме кон градот Керак, каде ќе ја посетиме Крстоносната тврдина со историја од византискиот до мамелучкиот период и ќе се запознаеме со воената архитектура на Крстоносците. Потоа возење до Петра. Вечера и ноќевање.
Ден 4
Посета на Петра – Хотел Петра
По појадокот започнуваме со посета на камениот град Петра, изграден од Набатејците пред повеќе од 2000 години. Градот ја отсликува моќта и слободата на оваа древна култура која се збогатила преку караванската трговија. Од Центарот за посетители пешачиме низ Сик – тесна клисура која по повеќе од 1 км се отвора кон прекрасната Ризница. Понатаму долж Улицата на фасадите одиме до Театарот, Кралските гробници и Каср ел Бинт. Помладите по дух можат сами да се искачат по повеќе од 800 скали до Манастирот Ел Деир, од каде се простира поглед кон Вади Арава. Враќање во хотелот во Петра. Вечера и ноќевање.
Ден 5
Хотел Петра – Вади Рум (2 часа џип тура) – Камп Вади Рум
Појадок во хотелот, по одјавата возиме 1,5 час јужно до заштитената област Вади Рум – една од најимпресивните пустински пејзажи во светот. Тука сè уште живеат бедуини на традиционален начин. Со 4х4 џип тура ќе откриете кањони, песочни дини и набатејски карпести натписи. Потоа возење до кампот во Вади Рум. Вечера и ноќевање.
Ден 6
Вади Рум – Хотел Акаба
Појадок, слободен ден за уживање во одморалиштето на Црвеното Море – Акаба. Може да се релаксирате, да ја истражите безцаринската трговија или да се забавувате со популарни водени активности како пливање, нуркање со маска или длабинско нуркање. Вечера и ноќевање во Акаба.
Ден 7
Акаба – Мртво Море – Витанија – Хотел Аман
По појадокот се упатуваме кон Витанија, „од другата страна на реката Јордан“ – местото на населбата на Св. Јован Крстител каде Исус бил крстен (Јован 1:28 и 10:40). Сега е идентификувано на источниот брег на реката Јордан во Хашемитското Кралство Јордан и систематски се истражува, обновува и подготвува за примање аџии и посетители. Потоа продолжуваме кон едно од најимпресивните природни и духовни предели во светот – Мртвото Море, најниската точка на Земјата и најбогатиот извор на природни соли, кој крие богатства акумулирани илјадници години. Слободно време за капење и уживање во солената вода. Потоа трансфер назад во хотелот во Аман. Вечера и ноќевање.
Ден 8
Хотел Аман – Аеродром Аман
По појадокот трансфер до аеродромот во Аман во согласност со времето на летот. Збогување и заминување.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Бесплатна групна виза за Јордан- 3 ноќевања во хотел во Аман- 2 ноќевања во хотел во Петра- 1 ноќевање во шатор во кампот Вади Рум- 1 ноќевање во хотел во Акаба- Оброци: полупансион (појадок и вечера)- Џип тура во Вади Рум 2 часа- Влезници за Dead Sea Spa Hotel- Превоз со приватно, климатизирано, ново возило- Водич кој зборува англиски
Во цената на аранжманот не е вклучено:- Влезници за локалитети во Јордан- Патничко осигурување- Оброци и пијалаци кои не се наведени- Бакшиши за водичот и возачот (3.60 € по лице дневно за водич / 2.4 € по лице дневно за возач)
Gerasa Hotel или сличен – https://www.gerasahotel.com/
Petra Canyon Hotel или сличен – https://petracanyon.com/en/
Lacosta Hotel Aqaba или сличен – https://lacosta-hotel.com/en/
Mazayen Wadi Rum Camp или сличен – https://mazayenrumcamp.com/
Археолошки парк и музеј Мадаба – 3.6 €
Планина Небо – 3.6 €
Џераш – 12 €
Ајлун – 3.60 €
Тврдина Керак – 2.4 €
Вади Рум – 6 €
Витанија – 14.4 €
Петра (еднодневна) – 60 €
Вкупно: 105.60 €
прикажи повеќе
- Патниците се запознаени со новата регулатива за важност на патните документи на РСМ од 12.02.2024- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници. - За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување.- За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или ограничат влезот.- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!