Детали за зделка
Резервација
Потврда
EUR 1299 00 EUR
ЈОРДАН - древна земја со посебен шарм и неверојатна историја. Полна е со легенди и традиции, богато културно наследство и архитектонски атракции, прекрасни плажи на Црвеното Море и лековити води на Мртвото Море. Заслужено зазема посебно место во развојот на светските цивилизации и религии.

19.04 – 27.04.2022 | 7 ноќи | Лет од Скопје
АМАН + МРТВО МОРЕ + ПЕТРА + ВАДИ РУМ + АКАБА
- Авионски лет Turkish Airlines (Скопје – Истанбул – Аман | Акаба – Истанбул - Скопје)
- Поаѓање 19.04.2022 во 20:50ч. (Скопје)
- Пристигнување 20.04.2022 во 02:05ч. (Аман)
- Услуга 7 ноќевања (1 ноќевање со појадок + 6 полу пансиони)
Сместување: 3 ноќи Аман 4* (1 Ноќевање со Појадок /2 Полупансионi) во Harir Palace Hotel или сличен
1 ноќ Петра 4* (Полупансион), во Petra Elite Hotel или сличен
1 ноќ Вади Рум 4* (Полупансион) во Al Sultana Camp или сличен
2 ноќи Акаба 4* (Полупансион), во La Costa Hotel Aqaba или сличен
- Друго вклучено Трансфери + разгледи според програма + локален водич + претставник од Македонија
- Враќање во Скопје 27.04.2022 во 07:50ч.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ден (19.04 | вторник): СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – АМАН

Состанок на патниците нa Скопскиот Аеродром во вчерните часови според претходно договорено време. Полетување за Истанбул во 20:50 часот со лет ТК1006. Пристигнување во Истанбул во 23:25 часот. Полетување за Аман на 20.0 во 02: 05 часот со лет TK814.

2 ден (20.04 | среда): АМАН
Пристигнување во Аман во 04.20 часот локално време. По завршување на пасошка и царинска контрола, пречек од страна на локален партнер и трансфер до 4* хотел. Сместување во соби. По одморот и појадокот заминуваме на разглед на Аман, престолнината на Кралството Јордан... Ќе запознаеме со културата на Хашемитското кралство, со посета на Цитаделата, Римскиот театар, старата џамија, но и со посета на новиот модерен дел на Аман. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

3 ден (21.04 | четврток): АМАН – МАДАБА – НЕБО – МРТВО МОРЕ - АМАН
По појадокот се упатуваме кон нови возбудливи дестинации. Посета на Мадаба, оддалечена 30 км од Аман, а која се протега крај Кралскиот пат, стар 5000 години и претставува една од најзначајните локации во оваа Света Земја. Откако ќе одминеме неколку меѓусебно поврзани градови, стигнуваме во Мадаба, позната како Градот на Мозаиците. Од таму го продолжуваме нашето патување до Планината Небо, една од најзначајните локации за верниците од целиот свет, место каде пророкот Мојсие е погребан. Од таму се упатуваме кон Мртвото море, најниската точка во светот каде што ќе имате можност да уживате во благодетите на солената лековита вода. Враќање во хотел во Аман. Вечера. Ноќевање.

4 ден (22.04 | петок): АМАН – ПЕТРА
По појадокот, со спакуван багаж, се упатуваме кон „Розевиот Град“ Петра, најубавиот град некогаш изграден од човечка рака на Набатејците, а целиот вдлабен во карпи. Посетата започнува со јавање на коњи околу 600 – 700м до Сик, најпознатиот теснец во светот, овековечен и во голем број на филмови, влезот на Градот Петра кој нуди неверојатно искуство. Додека шетате долж 1 км долгата патека, над вас бдеат карпите високи и повеќе од 80 м. Боите кои се прелеваат и убавината која природата ја дарила на ова место, се едни и единствени. Кон крајот на Сик, пред нас ќе се појави најспектакуларната глетка, Ал Казнеа (Трезорот) .Вечера и ноќевање во хотел во Петра.

5 ден (23.04 | сабота): ПЕТРА – ВАДИ РУМ
По појадокот се одјавуваме од хотелот и се уптатуваме на патување низ магичниот Вади Рум (Месечева Долина), која според археолозите била населена во праисторискиот период. На пат кон Вади Рум посета на Седумте Столбови на Мудроста, именувани од Лоренс од Арабија. Продолжуваме кон прекрасниот природен лавиринт од монолитски карпи, на некои места високи и по 1750 м, идеални за планинарење и спортско качување. Гостите може да уживаат во мирните прошетки по непрегледната долина на карпести формации, да ги откријат кањоните и цртежите во карпите стари и по 4000 години. 2 часовно возење со 4×4 џипови низ пустината. Вечера. Единствена можност за ноќевање во пустина и прекрасни погледи кон звезденото небо.

6 ден (24.04 | недела): ВАДИ РУМ - АКАБА
По појадокот го продолжуваме патувањето кон Акаба. Панорамси разглед на Акаба. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности, капење и сончање на брегот на Црвеното Море како и шопинг, од причина што Акаба се води како безцаринска зона, и претставува единствениот град – фришоп центар во светот. Вечера. Ноќевање.

7 ден (25.04 | понеделник): АКАБА
Појадок и слободно време за индивидуални активности. Можност за факулатина екскурзија - тричасовно крстарење по Црвеното Море со вклучен ручек. За време на крстарењето можност за капење, сончање и површинско нуркање (snorkeling). Ќе ги видите најубавите корални гребени и исклучително богат и разнолик подводен свет. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

8 ден (26.04 | вторник): АКАБА
По појадокот, се одјавуваме од собите во хотел согласно правилата на хотелот (најдоцна до пладне). Слободно време за индивидуални активности, до времето предвидено за трансфер кон аеродром.

9 ден (27.04 | среда): АКАБА – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Полетување кон Истанбул со лет ТК 819 во 01:40. Слетување во Истанбул. Продолжување на летот кон Македонија со TK 1003 кон Сkопје во 07:50. Слетување во Скопје.

Цена во претпродажба: 1.299 € (80.538,00) мкд за резервации до 31.01.2022
Редовна цена на аранжманот (по лице во двокреветна соба): 1.395 € (86.490,00) мкд

Цена за дете од 2 до 11,99 години без дополнителен лежај: 595 € (36.890,00 мкд)
Цена за дете од 2 до 11,99 години со дополнителен лежај: 925 € (57.350,00 мкд)
Попуст за трето ворзрасно лице: 60 € (3.720,00 мкд)
Доплата за еднокреветна соба: 300 € (18.600,00 мкд)

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Повратни авионски билети од Скопје до Аман и од Акаба до Скопје преку Истанбул со Turkish Airlines.
• Аеродромски такси.
• Чекиран багаж 20кг + рачен багаж.
• Трансфери според програмата.
• 7 ноќевања во Хотели со 4* (1 ноќевањ со појадок + 6 полу пансиони)
• Посета на сите наведени локации во програмата со вклучени влезници
• Возење со џипови во траење од 2 часа во пустината Вади Рум
• Јавање на коњи во Петра
• локален професионален водич на Српско – Хрватски јазик
• Виза за Јордан
• Техничка придружба - Пратител на групата.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата.
• Задолжително патничко осигурување.
• Евентуални факултативни излети организирани на лице место (посета на Џераш, крстарење по Црвено Море)
• Бакшиши за локалните возачи и водичи

НАПОМЕНИ:
• Минимален број на патници за реализирање на програмата е 20 лица.
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, да ја корегира цената или да изврши промени во аранжманот.
• За резервации потребен е аванс од 40% од вкупнот износ.
• Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред почеток на патувањето.
• Организатор на ова патување е AУРОРА Турс.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени цената на аранжманот доколку дојде до промена на цените на авионските билети, или доколку настане поголема промена во девизниот курс.

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЈОРДАН
При влез во државата Јордан, според актуелните Covid-19 протоколи потребно е да се приложат следните документи:
 Негативен PCR тест на англиски јазик издаден од сертифицирана лабораторија, најдоцна 72 часа пред патување (важи за сите вакцинирани или невакцинирани лица над 5 години).
 Патничко осигурување со Ковид покритие.
 Електронски здравствен формулар кој по пополнувањето генерира QR код https://www.gateway2jordan.gov.jo/form/
*** Ковид протоколите за влез во Јордан (или излез од Македонија) се променливи и затоа треба да бидат дополнително проверени пред поаѓање.***

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Лет
  • Трансфер
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!