Детали за зделка
Резервација
Потврда

КАПАДОКИЈА - Нова Година

EUR 199 00 EUR

5.jануари (среда)           СКОПЈЕ-  АНКАРА         
Состанок на групата на паркингот спроти хотел '' Holiday Inn” во 15.30 часот. Поаѓање за Турција во 16:00 часот. Патот води преку граничниот премин Деве баир - Ѓушево преку Бугарија. Ноќно возење со попатни одмори. 

6.jануари (четврток)             АНКАРА
Пристигнување во Анкара во попладневните часови. Панорамско разгледување на Анкара-главниот град на Република Турција: Мавзолејот на Ататурк - ' Tатко на нацијата', зградите на владата и парламентот, можност за посета на Музејот на Анадолиските цивилизации, каде хронолошки се изложени експонати од палеолитот до денес. Сместување во хотел. Ноќевање.

7.jануари (петок)              КАПАДОКИЈA
Појадок. Рано наутро продолжување кон Кападокија. Името што во превод значи „Земја на убавите коњи“ е непрегледната област  пренесена од соништата и фантастичните приказни каде ветерот и сонцето извајале чудни фигури во карпите, а околу V век човечката рака ги издлабила во нив најстарите христијански цркви и манастири. Тука Апостол Павле ги води првите Христијани, тоа е родното место на Св.Георги и Св.Василиј Велики.  Екскурзијата е по таканаречениот „Месечев пејзаж“ создаден од самата природа: розови и бели ѕидови насекаде , магични кули недопрени од човечка рака...сето тоа е распослано во Музејот на отворено Ѓореме кој е под заштита на Унеско...Тука, во ова поклоничко место ќе имате можност да ги посетите уникатните пештерни градови исечени во карпите каде сеуште се наоѓаат цели домови и дворци, гостински и спални соби, манастири и цркви, светилиштата на православната Византија: Школата на Свети Апостол Павле, ѕидните фрески на православните светци, Библиски сцени на старите фрески...Посета на тврдината Учхисар од каде се простира прекрасна панорамна глетка на целата област.  Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

08.jануари (сабота)          КАПАДОКИЈА 
Појадок. Заминување од хотелот рано наутро и попатна посета на Деринкују, еден од подземните градови кои Хетите ги изградиле  во длабочина од над десетици километри под земја уште од пред 4000 години. Внатре имало се што треба да има еден град-резервоари за вода, магацини за жито, воденици, штали, станбени простории...Според некои историчари, во подземните градови во Кападокија во минатото живееле и до 80.000 жители. Вечера. Ноќевање.

09.jануари (недела)       КАПАДОКИЈА - ИСТАНБУЛ
Појадок. Заминување кон Истанбул. Панорамски разглед на градот: Ак Сарај, Римскиот аквадукт, плоштадот Таксим, Сулејманијата, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Капали чаршијата... завршеток со пешачки разглед на “златниот рог” и неговите знаменитости: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на  познатиот архитект Мехмед-Ага, воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство), можност за посета и на базиликата „Цистерна“ (позната и како „Потоната палата“ - најголемата од неколкуте антички резервоари за вода која сеуште стои под Истанбул). Сместување во хотел. Нoќевање.

10.jануари (понеделник)    ИСТАНБУЛ – БОСФОР - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот и старата Капали чаршија или можност за крстарење по Босфор. Попладне заминување за Македонија, дневно и ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.

Во цената е вклучено:
- Превоз со туристички автбус на наведената релација
- Сместување во хотел со 3* во Истанбул 1НП,  хотели 4* во Кападокија 2ПП и Анкара 1НП
- Сите разгледи према програмата со локален водич.
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
- Посета на Базиликата Цистерна 8 €
- Посети во Кападокија, влезници 25 €
- Факултативно крстарење по Босфор (карта и локален водич) 15 €
- Патничко осигурување

НАПОМЕНА:
- При патување во Р. Турција, важноста на пасошот треба да биде минимум 6 месеци
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

КОВИД МЕРКИ ЗА ВЛЕЗ ВО ТУРЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА 
* Патникот треба да поседува еден од следните документи:
- Валиден сертификат за целосна вакцинација добиен од здравстевните органи по втората вакцина, по која треба да бидат поминати минимум 14 дена.
- Доколку не е вакциниран патникот треба  да поседува негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.
- Патниците треба да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците (Travel entry form) на веб страницата  https://register.health.gov.tr/ и истиот да се прикаже на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат, во дигитална форма на смартфон или отпечатен на хартија.
- За влез во Македонија невакцинираните патници ќе треба  да поседуваат негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.

прикажи повеќе

- Превоз со туристички автбус на наведената релација
- Сместување во хотел со 3* во Истанбул 1НП,  хотели 4* во Кападокија 2ПП и Анкара 1НП
- Сите разгледи према програмата со локален водич.
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

прикажи повеќе

- Базиликата Цистерна 8 €
- Кападокија влезници 25€
- Факултативно крстарење по Босфор (карта и локален водич) 15€
- Патничко осигурување

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

КОВИД МЕРКИ ЗА ВЛЕЗ ВО ТУРЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА 
* Патникот треба да поседува еден од следните документи:
- Валиден сертификат за целосна вакцинација добиен од здравстевните органи по втората вакцина, по која треба да бидат поминати минимум 14 дена.
- Доколку не е вакциниран патникот треба  да поседува негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.
- Патниците треба да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците (Travel entry form) на веб страницата  https://register.health.gov.tr/ и истиот да се прикаже на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат, во дигитална форма на смартфон или отпечатен на хартија.
- За влез во Македонија невакцинираните патници ќе треба  да поседуваат негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Трансфер
  • Сместување
  • Појадок

Имотни на објектот

  • wifi
  • parking
  • Spa

Удобности во собата

  • wifi
  • tv
  • ac

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!