Детали за зделка
Резервација
Потврда

КАПАДОКИЈА / 6 дена, 4 ноќи ; 24-ти мај

EUR 199 00 EUR
по лице
Минувајќи низ некогашната област Лаодикеја во Мала Азија, ја посетуваме старата Турска престолнина Коња, седиште на Селџучката Империја. Заминување кон Кападокија со попатна посета на Аксарај и Султанхан, најстаријот карвансарај (ан) во Анадолија изграден во 1229 година. Посета на Кападокија – ''Колевка на Христијанството'' – област во која се криеле христијаните за време на големите прогонувања во I и III век, тука ги граделе своите...

Термин: 20.05.2021

1 ден                      СКОПЈЕ- АНКАРА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел '' Holiday Inn” во 13:30 часот. Поаѓање за Турција во 14:00 часот. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.

2 ден                            АНКАРА
Во утринските часови пристигнување во престолнината на Турција, панорамски разглед на градот; Мавзолејот на Ататурк - '' Tатко на нацијата'', зградите на владата и парламентот, можност за посета на Музејот на Анадолиските цивилизации, каде хронолошки се изложени експонати од палеолитот до денес. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден                 АНКАРА – КОЊА – КАПАДОКИЈА
Појадок. Напуштање на собите и заминување кон Коња. Минувајќи низ некогашната област Лаодикеја во Мала Азија, пристигнуваме во старата Турска престолнина Коња, седиште на Селџучката Империја. Коња е позната како центар на ортодоксното исламско учење. Посета на турбето на Мевлена, поет и филозоф од 13 век, основач на мистичниот ред на дервиши познати по својот танц. Заминување кон Кападокија со попатна посета на Аксарај и Султанхан, најстаријот карвансарај (ан) во Анадолија изграден во 1229 година. Пристигнување во Кападокија. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

4 ден                         КАПАДОКИЈА
Појадок. Целодневна посета на Кападокија – ''Колевка на Христијанството'' – област во која се криеле христијаните за време на големите прогонувања во I и III век, тука ги граделе своите цркви, кога христијанството било забранувано. Посета на долината Дервент, необичен регион на фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени ''волшебни оџаци'' создадени во текот на милиони години под влијанието на вулканите и ерозијата. Патувањето продолжува кон Долината на Монасите каде што ќе имате можност да го видите импресивниот планински врв во облик на печурка, следува посета на Ѓореме – музејот на отворено во долината Ихлара во кој се наоѓаат голем број на цркви и христијански населби кои датираат од пред неколку стотици години... На крај завршуваме со посета на подземниот град Кајмакали изграден во ранохристијанскиот период, период во кој  прогонетите христијани ги граделе своите скривалишта и цркви под земја. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

5 ден               КАПАДОКИЈА  – ИСТАНБУЛ 
Појадок. Заминување за Истанбул. Панорамски разглед на градот: Ак Сарај, Римскиот аквадукт, плоштадот Таксим, Сулејманијата, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Капали чаршијата, Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на  познатиот архитект Мехмед-Ага, воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), и факултативно посета на палатата Топ Капи – музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед (некогашно главно седиште на Османлиската империја, изградена во времето на Султан Мехмед II). Ноќевање.

6 ден                 ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или посета на шопинг центар.  На пладне заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

прикажи повеќе

- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотели со ***, 2 полупансиони (појадок и вечера), 2 ноќевања со појадок (Анкара и Истанбул)
- Организирани панорамски разгледи според програмата со локални водичи
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

прикажи повеќе

- Влезници за музеите и културно историските споменици 
- Патничко здравствено осигурување (230мкд), доплата за Ковид 19 (+50%)

прикажи повеќе

- Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
- Датум на важност на пасош: минимум 6 месеци од датумот на враќање
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Сместување
  • Појадок
  • Полупансион
  • Водич
  • Придружник на групата

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!