Youtube
Детали за зделка
Резервација
Потврда

КУБА Октомври 2026

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА
1790 00 EUR
person / 7 ноќи

Посетете ја Куба и доживејте ја енергичната душа на Карибите, каде шармот на минатото се среќава со неверојатна природна убавина. Истражете ги калдрместите улици на Хавана, опуштете се на белите песочни плажи на Варадеро и откријте ги полињата со тутун во Вињалес. Уживајте во врвните пури, рум, салса музика и култните класични автомобили од 1950-тите.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 8 дена / 7 ноќевања

Термин: 23. Октомври 2026

ДЕН 1: СКОПЈЕ – ХАВАНА
Состанок на аеродромот во Скопје во претпладневните часови. Лет за Куба со TURKISH AIRLINES со конекција преку Истанбул. Пристигнување во Хавана во вечерните часови. По завршување на царинските формалности трансфер со автобус до хотелот во Хавана. Ноќевање.

ДЕН 2: ХАВАНА - ЦЕЛОДНЕВЕН РАЗГЛЕД
Појадок. Заминување на целодневен разглед на Хавана.
Панорамски дел: тура низ метрополата вклучувајќи ги Универзитетот во Хавана, Плоштадот на Револуцијата, хотелот „Nacional“ и познатото крајбрежно шеталиште „Malecón“.
Стара Хавана: Пешачка тура низ историскиот и колонијалниот дел на Стара Хавана (дел од светското културно наследство на UNESCO).
Ручек: Организиран ручек во локален ресторан.
Попладне: Слободно време за посета на пазарот за ракотворби. Враќање во хотел. Ноќевање.

ДЕН 3: ХАВАНА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативни екскурзии по избор.

Факултативна екскурзија до ВИЊАЛЕС – ЗЕМЈАТА НА ТУТУНОТ
(Опционално, не е вклучено во цената на пакетот)
Во 08:00 часот поаѓање кон долината Вињалес, во западниот дел на островот. По пристигнувањето во Вињалес, застанување на видиковецот „Лос Хазминес“ за да уживаме во уникатниот и живописен пејзаж на долината, со нејзините „моготи“ – карпести ридови со заоблени врвови, создадени од природата. Посета на плантажа за тутун. Турата продолжува со автобус до „Пештерата на Индијанецот“ (La Cueva del Indio), каде ќе имаме возбудливо искуство со пловење во традиционални чамци по подземна река. Ручек во локален ресторан. По ручекот, посета на Муралот на праисторијата. Враќање во Хавана.

Факултативна НОЌНА ПРОГРАМА:
Опција 1: Уживајте во шоуто „Тропикана“ (отворено од среда до недела). Најпознатото кабаре во Куба, со вклучени привилегирани места, пијалок за добредојде и пијалок за време на шоуто. Вклучен е трансфер во двата правци.
Опција 2: Шоу „Гуахирито“. Жива музика во стилот на Buena Vista Social Club. Вклучен коктел за добредојде и 2 пијалоци.
Враќање во хотел. Ноќевање.

ДЕН 4: ХАВАНА – СИЕНФУЕГОС – ТРИНИДАД
Појадок. Заминување од хотелот, патување со автобус кон градот Сиенфуегос, познат како „Бисерот на југот“. Разглед на знаменитостите и слободно време за ручек (во сопствена режија на патниците). Продолжување на патувањето кон колонијалниот Тринидад. Сместување во хотел, услугата е на база „All Inclusive“ (Сè вклучено). Слободна вечер. Ноќевање.

ДЕН 5: ТРИНИДАД – САНТА КЛАРА – ВАРАДЕРО
Појадок. Панорамски разглед: Тура низ Тринидад, совршено зачуван колонијален град познат по музичката сцена и блиските плажи. Посета на Романтичниот музеј, кој го прикажува животниот стил и архитектурата од колонијалното минато на градот. Посета на La Canchanchara, куќа од 18-тиот век каде ќе дегустираме уникатен коктел од рум и мед. Слободно време за ручек (во сопствена режија на патниците).
Продолжување на патувањето кон Санта Клара – градот на Че Гевара. Посета на Мавзолејот посветен на неговиот извонреден живот. Пристигнување во Варадеро, пријавување во хотел, коктел за добредојде и сместување на база All Inclusive (сè вклучено). Слободна вечер. Ноќевање.

ДЕН 6 и 7: ВАРАДЕРО
Појадок. Денови за одмор, уживање на плажа или факултативни екскурзии. Релаксирајте се на 20 километри долгите плажи со тиркизна вода, совршени за пливање и спортови на вода. Сместување на база All Inclusive. Ноќевање.

ДЕН 8: ВАРАДЕРО – ХАВАНА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно претпладне за последно капење или шопинг. Трансфер до аеродромот во Хавана за меѓународниот лет. Полетување за Скопје со TURKISH AIRLINES со конекција преку Истанбул. Пристигнување во Скопје следниот ден во вечерните часови.

прикажи повеќе

- Авионски билет: На релација Скопје-Хавана-Скопје со TURKISH AIRLINES.
- Транспорт: Превоз со климатизиран туристички автобус.
- Сместување (7 ноќевања) по лице во двокреветна соба:
   * Хавана: Melia Cohiba 5* хотел – 3 ноќевања со појадок
   * Тринидад: Melia Trinidad Peninsula 5* хотел – 1 ноќевање со услуга All Inclusive (сè вклучено)
   * Варадеро: Melia Varadero 4* хотел – 3 ноќевања со услуга All Inclusive (сè вклучено)
- Водич: Професионален водич на англиски јазик за време на целата тура и трансферите.
- Влезници: Вклучени влезници за сите локалитети наведени во програмата.
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

прикажи повеќе

- Факултативните излети и екскурзии, и услуги во сопствена режија на патниците.
- Дополнителни пијалаци за време на вечерите во хотелите или факултативните излети.
- Доплата за еднокреветна соба 185 ЕУР.
- Бакшиши.
- Задолжително патничко осигурување.
- Електронска туристичка картичка (Виза): 22 ЕУР по лице.

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
- Цените се дадени по лице во евра за уплата во денарска противвредност.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА.

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Лет
  • Трансфер
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата
  • Активности

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Опции

Услуги
Период
Детали
Цена
Резервација за 1 лице во Куба
- 1 возрасен
23 Oct - 30 Oct, 2026
Лет +  Трансфер +  Сместување
197500EUR
Резервација за 2 лица во Куба
- 2 возрасни
23 Oct - 30 Oct, 2026
Лет +  Трансфер +  Сместување
358000EUR
BOOK ONLINE