Детали за зделка
Резервација
Потврда

КУШАДАСИ ; Нова Година

од
EUR 169 00 EUR
по лице

29.декември (среда)           СКОПЈЕ - КУШАДАСИ  
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 15:30 часот. Поаѓање за Турција во 16:00 часот. Патот води преку преминот Евзони и Грција. Ноќно возење со попатни одмори.

30.декември (четврток)           ЧАНАКАЛЕ - ТРОЈА - КУШАДАСИ 
Во утринските часови, премин преку Мраморното море со траект кај градот Чанакале. Патувањето продолжува кон Кушадаси со попатна посета на локалитетот Троја - античкиот град познат од митот за Илијада. Местото Хисарлик, во северозападна Турција, е идентификувано како Троја уште од античко време. Археолошките истражувања покажуваат дека бил населен скоро 4.000 години почнувајќи од околу 3000 г.п.н.е. Пристигнување во Кушадаси во попладневните часови. Панорамски разглед на Кушадаси Сместување во хотел. Можност за кратка прошетка низ стариот дел на Кушадаси. Вечера. Ноќевање. 

31.декември (петок)           КУШАДАСИ - ЕФЕС - СЕЛЏУК  
Појадок. Слободен за индивидуални активности или можност за факултативна посета на Ефес - еден од најбогатите археолошки локалитети од античкиот период, куќата на Св. Богородица во која според легендите ги минува последните години од својот живот, како и црквата и гробот на Св. Јован во Селџук. Можност за попатна посета на фабрика за производство на облека од кожа. Враќање во хотел во попладневните часови. Слободно попладне. Навечер, организирана Новогодишна вечера со уметничка програма во хотел. Ноќевање.

01.декември (сабота)           КУШАДАСИ – ПАМУККАЛЕ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативна посета до Памуккале. Памукале е град во западна Турција, познат по термалните води богати со минерали, кои течат по белите тераси од травертин на блиското рид. Соседниот град Хиераполис, антички римско-бањски град основан околу 190 г.п.н.е. Урнатините таму вклучуваат добро сочуван театар и некропола со саркофази кои се протегаат на 2 км. Античкиот базен е познат по потопените римски столбови (колони), како резултат на земјотрес. Попладне, враќање во Кушадаси. Вечера. Ноќевање.

02.јануари (недела)          КУШАДАСИ - СКОПЈЕ 
Појадок. Заминување за Скопје. Попатна посета на Измир со можност за индивидуална прошетка низ центарот на градот. ....Во попладневните часови заминување за Скопје. Ноќно возење со попатни одмори.  Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.

Цена на аранжманот:
Korumar Deluxe Hotel 5* - 189 € ( 11.718,00 мкд)
Signature Blue resort 5* - 169 € (10.478,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автбус на наведената релација
- Сместување во одбраниот хотел во Кушадаси на база 3ПП (појадок и вечера)
- Панорамски разглед на Кушадаси со локален водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативни програми: 
* Организирана прослава на Нова Година во Korumar Deluxe - 60€, Signature Blue Resort 5* - 50€
* Ефес и Слеџук (водич, влезница, транспорт)- 33€
* Памуккале (водич, влезница, транспорт) – 35€
* Влезница за Троја околу 5-7€
- Влезници за индивидуални посети на музеите и културно - историските споменици 
- Патничко осигурување 190мкд за лица до 64г.

НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на враќање.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

КОВИД МЕРКИ ЗА ВЛЕЗ ВО ТУРЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА 
* Патникот треба да поседува еден од следните документи:
- Валиден сертификат за целосна вакцинација добиен од здравстевните органи по втората вакцина, по која треба да бидат поминати
минимум 14 дена.
- Доколку не е вакциниран патникот треба  да поседува негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.
- Патниците треба да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците (Travel entry form) на веб страницата https://register.health.gov.tr/ и истиот да се прикаже на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат, во дигитална форма на смартфон или отпечатен на хартија.
- За влез во Македонија невакцинираните патници ќе треба  да поседуваат негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Сместување
  • Полупансион
  • Водич
  • Придружник на групата

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!