Термин на поаѓање: 29.04.2021
1 ден СКОПЈЕ - КУШАДАСИСостанок на групата на договореното место во 15:30 часот. Поаѓање за Турција во 16:00 часот. Патот води преку граничниот премин Деве баир - Ѓушево преку Бугарија. Ноќно возење со попатни одмори. 2 ден ЧАНАКАЛЕ - ТРОЈА - КУШАДАСИ Во утринските часови, премин преку Мраморното море со траект кај градот Чанакале. Патувањето продолжува кон Кушадаси со попатна посета на локалитетот Троја - античкиот град познат од митот за Илијада. Местото Хисарлик, во северозападна Турција, е идентификувано како Троја уште од античко време. Археолошките истражувања покажуваат дека бил населен скоро 4.000 години почнувајќи од околу 3000 г.п.н.е. Пристигнување во Кушадаси во попладневните часови. Панорамски разглед на Кушадаси Сместување во хотел. Можност за прошетка низ стариот дел на Кушадаси. Ноќевање. 3 ден КУШАДАСИ - ЕФЕС - СЕЛЏУК Појадок. Организирана посета на Ефес - еден од најбогатите археолошки локалитети од античкиот период, куќата на Св. Богородица во која според легендите ги минува последните години од својот живот, како и црквата и гробот на Св. Јован во Селџук. Можност за попатна посета на фабрика за производство на облека од кожа. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечера. Организирана вечерна Велигденска литургија во куќата Св.Богородица. Ноќевање.4 ден КУШАДАСИ - ПАМУККАЛЕПојадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативно излет до Памуккале. Памукале е град во западна Турција, познат по термалните води богати со минерали, кои течат по белите тераси од травертин на блиското рид. Соседниот град Хиераполис, антички римско-бањски град основан околу 190 г.п.н.е. Урнатините таму вклучуваат добро сочуван театар и некропола со саркофази кои се протегаат на 2 км. Античкиот базен е познат по потопените римски столбови (колони), како резултат на земјотрес. Попладне, враќање во Кушадаси. Вечера. Можност за посета на национален ресторан со музичка програма и танци. Ноќевање.5 ден КУШАДАСИ - ИЗМИР – СКОПЈЕПојадок. Заминување за Скопје. Попатна посета на Измир со можност за индивидуална прошетка низ центарот на градот. ....Во попладневните часови заминување за Скопје. Ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.
прикажи повеќе
- Превоз со туристички автбус на наведената релација- Сместување во хотел со 4* во Кушадаси на база 3 полупансиони (појадок и вечера)- Панорамски разглед на Кушадаси со локален водич- Организирана вечерна Велигденска литургија во куќата/црквата Св.Богородица- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Факултативни програми: * Ефес и Слеџук (водич, влезница, транспорт) - 30 €* Памуккале (водич, влезница, транспорт) – 30 €* Влезница за Троја околу 5-7 €- Влезници за индивидуални посети на музеите и културно - историските споменици - Патничко осигурување 190мкд за лица до 64г.
- Датум на важност на пасош: минимум 120 дена од датумот на враќање.- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!