Детали за зделка
Резервација
Потврда
EUR 399 00 EUR
по лице
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевања

21.мaj (недела)                    СКОПЈЕ – МАЛТА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 18:10 часот. Лет за Малта W6 7765 во 20:10ч. Пристигнување на Малта во 21:55 часот. Трансфер до хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Вечера. Ноќевање.

22.мај (понеделник)        МАЛТА (Валета и Мдина)
Појадок. Организиран целодневен излет во градовите Валета и Мдина. Заминување кон Валета, кој е познат и како Град изграден од џентламени за џентламени”. Овој град на барокот денеска е дом на безброј музеи, вклучувајќи ги, Археолошкиот музеј, Музејот на современа уметност, како и на многубројни продавници, маркети, бутици...Во присуство на локален водич се посетуваат следните места: “Upper Barraca Gardens” од каде што се пружа прекрасна панорама на големиот залив, Катедралата “St.John”, украсена со богатсвото кое датира од времето на Витезите на Малта, вклучувајќи го и познатото сликарство на Caravaggio. Претседателската палата, позната како “Grand Master’s Palace”, украсена со портрети на големите европски монарси, Малтешки претседатели... уникатни гобленски таписерии, и фрески кои ја отсликуваат Големата Опсада. Патувањето продолжува кон Мдина, првата престолнина на Малта позната како Тивкиот Град. Интригантните тесни и криви улици со стари и раскошни лампи го прави овој град спектакуларен навечер. Смирен и тивок се придавките кои ја кријат вистината за неговот име. Ѕидините на Мдина датираат од 1090г, на главниот плоштад стои барокна катедрала, во Мдина се наоѓаат и катакомбите St.Paul, подземни римски гробишта, кои се користеле се до 4 век. Мозаиците во Domus Romana или Римската Вила кои датираат од 1 век п.н.е се одлична илустрација на Хеленската сликовита култура. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

23.мај (вторник)           МАЛТА (Островот Гозо)
Појадок. Факултативен излет на островот Гозо. Пристигнување во Cirkewwa  и потоа со фери – брод заминување кон Gozo островот – сестра на Малта. Во присуство на локален водич се посетуваат следните места: Qala Belveder од каде што ќе бидете сведоци на прекрасниот поглед кон Gozo, Comino и Mалта заедно. Главниот град Викториа кој го добил името по нејзиното височество кралицата Викториа. Рибарското гратче Xlendi, храмот Ggantija е еден од најстарите и најдобро зачуваните меѓу Малтешките острови, прошетка по карпестата околина на Dwejra. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

24.мај  (среда)             МАЛТА (Јужниот дел на Малта)
Појадок. Факултативен излет низ Јужниот дел на Малта. Тргнување кон ”Blue Grotto”, местото каде што Малтешките рибари го растовараат секојдневно нивниот улов. Можност за кратко крстарење (не е вклучено во цената) со рибарски брод кон една од многубројните морски пештери вклучувајќи ја и обновената “Blue Grotto” пештера, која е формирана пред илјадници години. Факултативно патување со брод, восхитувајќи се и фотографирајќи ги фантастичните бои кои се рефлектираат од морската фауна, коралите и карпите. Патувањето продолжува кон храмовите “Hagar Qim” и “Mnajdra”, кои се под закрила на УНЕСКО од 1992г. Овие Мегалитски Храмови се вели дека се меѓу најстарите верски објекти на Земјата. Патот продолжува кон рибарското село Marsaxlokk. Ова место имало значајна улога во Малтешката историја: за време на 11 век бил голем трговски центар, а подоцна за време на Големата Опсада било засолниште на Турската флота. Денеска е едно од најголемите рибарски гратчиња, каде што може да им се восхитувате на стотиците рибарски бротчиња наречени “luzzus”. Посета на “Ghar Dalam Cave & Museum”. Местото каде што се најдени најраните докази за човековото постоење на Малта од пред 7400 години. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање

25.мај (четврток)             МАЛТА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во доцните попладневни часови трансфер до аеродромот во Малта. Лет за Скопје W6 7766 во 21:50ч. Пристигнување во Скопје во 23:30 часот.
 
Цена на аранжманот во претпродажба:
Basic - основен пакет = 399 € (24.738,00 мкд)
Standard пакет = 459 € (28.458,00 мкд) со вклучен разглед на Валета и Мдина 
Superior пакет = 559 € (34.658,00 мкд) со вклучени 4 разгледи (Валета, Мдина, Јужниот дел на Малта и островот Гозо)

Во цената е вклучено:
- Авионски превоз: Скопје – Малта – Скопје
-  Рачна торба или ранец (40x30x20cm)
- Oрганизирани трансфери во Малта: аеродром - хотел - аеродром 
- Сместување во хотел ***, 4 ноќевања со појадок и вечера.
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
Во цената не е вклучено:
- Факулативни излети и посети:
* Посета на Јужниот дел на Малта 50€
* Посета на островот Гозо 60€
* Посета на Валета и Мдина 65€ 
- Патничко здравствено осигурување – 216мкд
- Еко такса 0,5€ по лице од ден, се плаќа на рецепција во хотелот
- Доплата за 1/1 соба 90 € 
- Индивидуални трошоци кои не се наведени во програмата, влезници за културно-историските спомениците

НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.
- Организаторот не одговара околу објектите 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА 
 

прикажи повеќе

- Авионски превоз: Скопје – Малта – Скопје
-  Рачна торба или ранец (40x30x20cm)
- Oрганизирани трансфери во Малта: аеродром - хотел - аеродром 
- Сместување во хотел ***, 4 ноќевања со појадок и вечера.
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

прикажи повеќе

- Факулативни излети и посети:
* Посета на Јужниот дел на Малта 50€
* Посета на островот Гозо 60€
* Посета на Валета и Мдина 65€ 
- Патничко здравствено осигурување – 216мкд
- Еко такса 0,5€ по лице од ден, се плаќа на рецепција во хотелот
- Доплата за 1/1 соба 90 € 
- Индивидуални трошоци кои не се наведени во програмата, влезници за културно-историските спомениците

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.
- Организаторот не одговара околу објектите 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА 

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Лет
  • Трансфер
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!