Youtube
Детали за зделка
Резервација
Потврда

Нова Година на ЕВИЈА (Со посета на Атина и Метеори)

Во претпродажба
229 00 EUR
person / 3 ноќи

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 3 полуонасиони и вклучен "Новогодишен дочек".

 

30.декември (вторник)                   СКОПЈЕ - ЕВИЈА  
Состанок на групата на паркингот спроти СЦ “Борис Трајковски” во 22:30 часот. Поаѓање за Грција во 23:00ч. кон граничниот премин Богородица. Ноќно возење со попатни застанувања за одмори. 

 

31.декември (среда)                       ЕВИЈА - ЕДИПСОС “НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК” 
Пристигнување на пристаништето во Глифа во утринските часови. Превоз со траект до пристаништето Агиокампос на островот Евија. Трансфер до Едипсос и краток панорамски разглед на градот. Сместување во “Diethnes Spa Hotel”, слободно време за одмор и релаксација (можност за користење на хотелскиот затворен базен со минерална вода) и вечера. Вечерта е организиран Новогодишен дочек во близок ресторан - таверна, со новогодишно мени и уметничка програма од грчкиот мелос. Ноќевање.

 

01.јануари (четврток)                     ЕДИПСОС - ПРОКОПИ
Појадок. Слободно време до заминуавње на организирана посета на живописното место Прокопи. Индивидуални прошетки и разгледи на селото со можност за посета на црквата која е дел од манастирот посветен на Св.Јован Руски. Во попладневните часови враќање во Едипсос. Вечера. Ноќевање.

 

02.јануари (петок)                            ЕДИПСОС - АТИНА
Појадок. Слободен ден или факултативна посета на Атина. Утрински превоз со траект од Едипсос до пристаништето во Аркица. Патувањето со автобусот продолжува кон Атина. По пристигнувањето, панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, стражата на Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Партенон - Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Слободно време за посета на античките локалитети, музеите или туристичкиот центар на градот. Околу 17.00 часот попладне, заминување на групата кон Едипсос. Пристигнување во вечерните часови. Вечера. Ноќевање. 

 

03.јануари (сабота)                         ЕДИПСОС - МЕТЕОРИ - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од Евија. Патувањето низ Тесалија не води до градчето Каламбака, во чија непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Изградени над камените карпи кои се издигаат над непрегледната рамнина на Тесалија, уште од средниот век христијанските монаси ги создале како едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отворените манастири, цркви, музеи и сувенирниции, со несекојдневна можност за уживање во прекрасните панорами. По посетата, патувањето продолжува низ Пиерија кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот:

249 EUR / 15.440,00 денари    

Во претпродажба до 14.декември:

229 EUR  / 14.200,00 денари

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Превоз со траект до островот Евија
- Сместување во Diethnes Spa Hotel *** во Едипсос, на база 3 полупансиони
- Организиран Новогодишен дочек во таверна
- Организирани разгледи и посети според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативни излет до Атина со траект и автобус = 40 €
* При резервација и уплата заедно со аранжманот = 30 €
- Доплата за 1/1 соба = 89 €
- Влезници при посета на музеи, археолошки локалитети и манастири
- Патничко здраствено осигуривање 
- Туристичка такса (4 €) по соба од ден, наплата на рецепција во хотелот

 

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
- За реализација на факултативите е потребен минимум од 30 патници.
* Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници, да ја промени цената на факултативните излети, или истите да ги откаже.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА

прикажи повеќе

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Превоз со траект до островот Евија
- Сместување во Diethnes Spa Hotel *** во Едипсос, на база 3 полупансиони
- Организиран Новогодишен дочек во таверна
- Организирани разгледи и посети според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

прикажи повеќе

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативни излет до Атина со траект и автобус = 40 €
* При резервација и уплата заедно со аранжманот = 30 
- Влезници при посета на музеиархеолошки локалитети и манастири
- Патничко здраствено осигуривање 
- Туристичка такса (4 €) по соба од ден, наплата на рецепција во хотелот

прикажи повеќе

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 4
0 патници.
- За реализација на факултативите е потребен минимум од 30 патници.
* Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници, да ја промени цената на факултативните излети, или истите да ги откаже.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Трансфер
  • Сместување
  • Полупансион
  • Водич
  • Придружник на групата
  • Активности

Tema

  • tour-packages

Хотелски содржини

  • wifi
  • indoor pool
  • ресторан
  • Spa

Содржини во собите

  • wifi
  • tv
  • air conditioning
  • bath
  • private bathroom

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Опции

Услуги
Период
Детали
Политика за плаќање
Цена
Евија Нова Година - еднокреветна соба
- 1 возрасен
31 Dec - 03 Jan, 2026
Трансфер +  Сместување
596 € до 14/12/2025
31800EUR
Евија Нова Година со Атина - еднокреветна соба
- 1 возрасен
31 Dec - 03 Jan, 2026
Трансфер +  Сместување
596 € до 14/12/2025
35800EUR
Евија Нова Година
- 2 возрасни
31 Dec - 03 Jan, 2026
Трансфер +  Сместување
596 € до 14/12/2025
45800EUR
Евија Нова Година со Атина
- 2 возрасни
31 Dec - 03 Jan, 2026
Трансфер +  Сместување
699.4 € до 14/12/2025
53800EUR
BOOK ONLINE