ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 3 дена / 2 ноќевања
31.декември (среда) СКОПЈЕ - НОВИ САДСостанок на групата на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски“ во Скопје, во 00:30 часот после полноќ. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 01:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Краток одмор до панорамското разгледување на градот: театарот “Српско народно позориште”, со истоимениот плоштад, плоштадот на “Слобода”, на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” (една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година), улицата “Змај Јовина”, покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Сместување во хотел и слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта, Дочек на Новата 2026 година на централниот плоштад во градот. Ноќевање.
01.јануари (четврток) ФРУШКА ГОРА - СРЕМСКИ КАРЛОВЦИПојадок. Факултативна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора (познат и како “Српска Света Гора”), како и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Вечерта можност за факултативна вечера во национален ресторан. Ноќевање.
02.јануари (петок) НОВИ САД – БЕЛГРАД - СКОПЈЕПојадок. Слободно време до заминување од хотелот. Попатна посета на Белград. Разглед на градот: плоштадите Славија и Теразије, Булеварот на Крал Александар, Скупштина (Парламентот), црквата Св.Марко, Плоштадот на Републиката, Кнез Михајлова улица, тврдината Калемегдан, Народниот Театар, Народниот Музеј, мостовите на Сава... Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Заминување кон Скопје во попладневните часови преку Албанија и Косово. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 ЕУР (7.998 мкд) за првите 6 пријавениЦЕНА ВО ПРЕТПРОДАЖБА: 139 ЕУР (8.620 мкд)ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 ЕУР (9.240 мкд)
Во цената на аранжманот е вклучено: - Превоз со автобус на наведената релација- Сместување во хотел Dash ***, на база 2 ноќевања со појадок- Организирани разглед на Нови Сад и Петроварадинска тврдина со локален водич- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:- Факлутативен излет на Фрушка Гора и Сремски Карловци 25 €- Факултативна вечера во национален ресторан- Туристичка такса 1,5 € по лице на ден се наплатува на рецепција- Влезници за музеите и културно - историските споменици- Патничко здраствено осигурување
Напомени: - За реализација на факултативните екскурзии, потребен е минимум од 30 патници- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.- Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА.
прикажи повеќе
Во цената на аранжманот е вклучено: - Превоз со автобус на наведената релација- Сместување во хотел ***, на база 2 ноќевања со појадок- Организирани разглед на Нови Сад и Петроварадинска тврдина со локален водич- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!
Опции