Детали за зделка
Резервација
Потврда

НОВИ САД / 2НП ; 8-ми март преземање pdf

EUR 89 00 EUR
по лице
Посета на градот и разглед на “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” - една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ...

1 ден СКОПЈЕ - НОВИ САД
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00 часот. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 23:30 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. 

2 ден НОВИ САД
Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” - една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

3 ден ФРУШКА ГОРА - СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ 
Појадок. Полудневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како “Српска Света Гора” и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по исклучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Ноќевање.

4 ден НОВИ САД –СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивиуални активности....или факултативно заминување во посета на Салаш , кој ќе ве воодушеви со неговит автентичен изглед. Организран ручек со богато мени од традиционална кујна и војводинска музика. Попладне заминување за Македонија. Слободно време за индивидуални активности и “шопинг”. Заминување кон Скопје во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови

прикажи повеќе

- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел  *** на база 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

прикажи повеќе

- Организиран ручек во Салаш  
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Патничко здравствено осигурување други неспоменати посети и услуги

 

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Опции

Услуги
Период
Детали
Цена