Детали за зделка
Резервација
Потврда

ПАРИЗ - Велигден

EUR 569 00 EUR
Париз – “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на cветот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен...

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 3 ноќевања

14.април (петок)  СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:20 часот. Полетување за Париз во 06:20 ч. Лет W6 7719. Пристигнување во Париз на аеродромот “Боувез” во 09:20 часот. Трансфер со панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња... Сместување во хотел. Попладнето слободно време за индивидулани активности и прошетки. Ноќевање.

15.април (сабота)  ПАРИЗ - ВЕРСАЈ 
Појадок. Полудневен факултативен излет во Версај со јавен превоз (метро и железница) – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви... Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата...Слободно време за шопинг низ познатата улица Риволи, галеријата “Lafayette”. Навечер, можност за индивидуална посета на “спектакл“ програма во познатите кабареа во Париз “Moulin Rouge”, “Crazy Horse” и други. Ноќевање.

16.април (недела)  ПАРИЗ – Лувр /  Ајфелова Кула / Крстарење по Сена
Појадок. Mожност за факултативна посета со метро на најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”... како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен... (одење и враќање со метро). Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, Луксембуршките градини, или уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа прерасен поглед на Париз... прошетката може да продолжи низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената прилика да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула. Факултативно вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот од една друга перспектива. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

17.април (понеделник)  ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Појадок. Рано наутро трансфер до аеродромот “Бовез”. Лет W6 7720 за Скопје во 10:05. Пристигнување во Скопје во 12:45ч.

Редовна цена на аранжманот: 589 € (36.518,00 мкд)
Цена на аранжманот за уплати до 28.02.2023: 559€ (34.658,00 мкд) 
Специјална цена за последна соба: 569 € (35.278,00 мкд) 
со вклучен панорамски разглед

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Париз - Скопје (со Wizz Air)
- Аеродромски такси 
- Рачна торба со димензии 20*30*40цм до 10кг
- Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром - хотел – аеродром
- Сместување во хотел Ibis Syles Mairie de Montreuil***, на база 3 ноќевања со појадок, 
- Туристичка такса за сместување 
- Организиран панорамски разглед на Париз
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Посета со влезница за Ајфелова кула, влезница (19€-27€) уплата на лице место
- Kрстарење по Сена, билет (20€) уплата на лице место
- Посета на Лувр, резервација, влезница и придружба: (20€) *уплата при продажба
- Посета на Версај со јавен превоз, резервација, водич и влезница: (60€) *уплата при продажба
- Превоз со метро
- Доплата за 1/1 соба - 165€
- Патничко здравствено осигурување 
- Голема кабинска торба (55x40x23), максимум 10кг или чекиран багаж 20кг, информации во агенција.
 
НАПОМЕНИ: 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.
- Организаторот не одговара околу објектите 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА 

прикажи повеќе

- Авионски превоз на релација: Скопје - Париз - Скопје (со Wizz Air)
- Аеродромски такси 
- Рачна торба со димензии 20*30*40цм до 10кг
- Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром - хотел – аеродром
- Сместување во хотел Ibis Syles Mairie de Montreuil***, на база 3 ноќевања со појадок, 
- Туристичка такса за сместување 
- Организиран панорамски разглед на Париз
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

прикажи повеќе

- Посета со влезница за Ајфелова кула, влезница (19€-27€) уплата на лице место
- Kрстарење по Сена, билет (20€) уплата на лице место
- Посета на Лувр, резервација, влезница и придружба: (20€) *уплата при продажба
- Посета на Версај превоз, резервација, водич и влезница: (60€) *уплата при продажба
- Превоз со метро
- Доплата за 1/1 соба - 165€
- Патничко здравствено осигурување 
- Голема кабинска торба (55x40x23), максимум 10кг или чекиран багаж 20кг, информации во агенција.

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.
- Организаторот не одговара околу објектите 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Лет
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!