Детали за зделка
Резервација
Потврда
Париз – “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на cветот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен...
5 дена / 4 ноќевања
Програма на патувањето:

22. Maj (недела)  СКОПЈЕ – ПАРИЗ 
Состанок на групата на "Меѓундароден аеродром Скопје" во 05:30 часот. Полетување за Париз во 08:10 ч. Пристигнување во Париз на аеродромот “Боувез” во 11:05 часот. Трансфер и панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња... слободно време за индивидулани активности и прошетки. Вечерта, прошетка до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд. Ноќевање.

23. Мај (понеделник) ПАРИЗ - ДИЗНИЛЕНД
Појадок. Можност за факултативна посета (одење и враќање со градска железница) до најголемиот забавен парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Европскиот Дизниленд е посветен на децата и оние кои што се чувствуваат деца во душа, со надеж дека ќе биде извор на среќа и инспирација за целиот свет. Вoлт Дизни студиото е посветено на безвременската фасцинација и приврзаност кон киното и телевизијата.
Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици...Враќање во Париз. Ноќевање.

24. Мај (вторник)  ПАРИЗ - ВЕРСАЈ 
Појадок. Полудневен факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви... Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата... Можност со доплата на лице место за посета на градината со многубројните фонтани, скулптури и алеи со прекрасни фигури од зеленило. Слободно време за шопинг низ познатата улица Риволи, галеријата “Lafayette”.  Можност за вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасни звуци на француската шансона, додека се набљудува ноќната панорама на градот. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

25. Мај (среда)  ПАРИЗ – Ајфелова Кула - ЛУВР
Појадок. Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, Луксембуршките градини, или уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа најубавиот поглед на Париз... прошетката може да продолжи низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената можност да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула. Попладне можност за факултативен разглед на најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”... како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен... (одење и враќање со метро). Ноќевање.

26. Мај (четврток)  ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активнсоти...Трансфер до аеродромот “Бовез”. Лет за Скопје во 15:00ч. Пристигнување во Скопје во 17:40ч.

Цена во претпродажба: 499 € (30.938,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Париз - Скопје (со Wizz Air)
- Аеродромски такси 
- Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром - хотел – аеродром
- Сместување во хотел ***, на база 4 ноќевања со појадок, 
- Туристичка такса за сместување 
- Организиран панорамски разглед на Париз
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Посета со влезница за Ајфелова кула
- Факултативно крстарење по Сена
- Посетата на Лувр со резервација, водич и влезница: (50€) *резервација и уплата при продажба
- Посетата на Версај, превоз, резервација, водич и влезница: (85€) *резервација и уплата при продажба
- Превоз со метро
- Посета на забавниот парк Дизниленд.
- Патничко здравствено осигурување 
- Голема кабинска торба (55x40x23), максимум 10кг или чекиран багаж 20кг, информации во агенција.
- Доплата за еднокреветна соба - 190 €.

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

прикажи повеќе

-Авионски превоз на релација: Скопје - Париз - Скопје (со Wizz Air)
-Аеродромски такси 
-Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром - хотел – аеродром
-Сместување во хотел ***, на база 4 ноќевања со појадок, 
-Туристичка такса за сместување 
-Организиран панорамски разглед на Париз
-Организација на аранжманот и придружник на патувањето

прикажи повеќе

-Посета со влезница за Ајфелова кула
-Факултативно крстарење по Сена
-Посетата на Лувр со резервација, водич и влезница: (50€) *резервација и уплата при продажба
-Посетата на Версај, превоз, резервација, водич и влезница: (85€) *резервација и уплата при продажба
-Превоз со метро
-Посета на забавниот парк Дизниленд.
-Патничко здравствено осигурување 
-Голема кабинска торба (55x40x23), максимум 10кг или чекиран багаж 20кг, информации во агенција.

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

прикажи повеќе

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!