ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевања со појадок
14. Јануари (вторник) СКОПЈЕ – ПАРИЗСостанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:10 часот. Полетување за Париз во 13:10ч број на лет W64719. Пристигнување во Париз на аеродромот “Beauvais” во 16:20 часот. Трансфер и сместување во хотел. Вечерта можност за прошетка до квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Прошетката продолжува до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд... Враќање во хотел. Ноќевање.
15. Јануари (среда) ПАРИЗ (Панорамски разглед – ЛУВР)Појадок. Трансфер и панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена,музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња... Mожност за факултативна посета на најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”... како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен... (одење и враќање со метро). Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, или уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа прерасен поглед на Париз. Ноќевање.
16. Јануари (четврток) ПАРИЗ - ДИЗНИЛЕНДПојадок. Можност за индивидуална посета (првоз со градска железница) до најголемиот забавен парк завозрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Европскиот Дизниленд е посветен на децата и оние кои што знаат да се радуваат како деца, со надеж дека ќе биде извор на среќа и инспирација за целиот свет. Вoлт Дизни студиото е посветено на безвременската фасцинација и приврзаност кон киното и телевизијата. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици...Враќање во Париз. Ноќевање.
17. Јануари (петок) ПАРИЗ – ВЕРСАЈ / Ајфелова Кула / Крстарење по СенаПојадок. Полудневен факултативен излет со јавен превоз во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви... Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата... посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената прилика да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула. Факултативно вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот од една друга перспектива. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
18. Јануари (сабота) ПАРИЗ – СКОПЈЕПојадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до трансферот до аеродромот “Beauvais” во 12:30ч. Лет за Скопје во 16:50ч број на лет W6 4720. Пристигнување во Скопје во 19:35ч.
Цена на аранжманот во претпродажба: 489 € (30.318,00 мкд)Цена на аранжманот: 529 € (32.798,00 мкд)
Во цената на аранжманот е вклучено: - Авионски превоз на релација: Скопје - Париз – Скопје (со WizzAir)- Аеродромски такси- Рачна торба 40*30*20cm до 10кг- Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром - хотел – аеродром- Сместување во хотел Hotel Campanile Paris Est Pantin 3*, на база 4 ноќевања со појадок,- Организиран панорамски разглед на Париз- Организација на аранжманот и придружник на патувањетоВо цената на аранжманот не е вклучено:- Туристичка такса за сместување 5,2€ по лице од ноќ, се плаќа на рецепција.- Посета со влезница за Ајфелова кула, влезница (19€-29€)- Kрстарење по Сена, билет (од 20€)- Посета на Лувр, со јавен превоз, резервација и влезница: (25€) *уплата при продажба- Посета на Версај, со јавен превоз, резервација, водич и влезница: (60€) *уплата при продажба- Превоз со метро- Посета на забавниот парк Дизниленд.- Патничко здравствено осигурување- Доплата за еднокреветна соба (95€)НАПОМЕНИ:- За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА
прикажи повеќе
- Авионски превоз на релација: Скопје - Париз – Скопје (со WizzAir)- Аеродромски такси- Рачна торба 40*30*20cm до 10кг- Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром - хотел – аеродром- Сместување во хотел Hotel Campanile Paris Est Pantin 3*, на база 4 ноќевања со појадок,- Организиран панорамски разглед на Париз- Организација на аранжманот и придружник на патувањет
- Туристичка такса за сместување 5,2€ по лице од ноќ, се плаќа на рецепција.- Посета со влезница за Ајфелова кула, влезница (19€-29€)- Kрстарење по Сена, билет (од 20€)- Посета на Лувр, со јавен превоз, резервација и влезница: (25€) *уплата при продажба- Посета на Версај, со јавен превоз, резервација, водич и влезница: (60€) *уплата при продажба- Превоз со метро- Посета на забавниот парк Дизниленд.- Патничко здравствено осигурување- Доплата за еднокреветна соба (95€)
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!