Youtube
Детали за зделка
Резервација
Потврда

ПАРИЗ ЗА ВЕЛИГДЕН

ЦЕНА ВО ПРЕТПРОДАЖБА
559 00 EUR
person / 4 ноќи
Париз – “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на cветот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен...

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевањa

11. април (сабота) СКОПЈЕ – ПАРИЗ (Панорамски разглед)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:35 часот. Полетување за Париз во 09:35ч број на лет EJU 4910. Пристигнување во Париз на аеродромот “Orly” во 12:20 часот. Трансфер и панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња... Трансфер и сместување во хотел.  Ноќевање.

12. април (недела) ПАРИЗ – ВЕРСАЈ / Ајфелова Кула / Крстарење по Сена 
Појадок. Полудневен факултативен излет со јавен превоз во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви... Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата... посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената прилика да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула. Факултативно вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот од една друга перспектива. Враќање во хотел со метро.Ноќевање. Ноќевање.

13. април (понеделник) ПАРИЗ (ЛУВР, Нотр Дам, Монмартр, Пигал...)
Појадок. Mожност за факултативна посета на најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”... како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен... (одење и враќање со метро). Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, или уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа прерасен поглед на Париз. Вечерта можност за прошетка до квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Прошетката продолжува до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд... Враќање во хотел. Ноќевање.

14. април (вторник) ПАРИЗ - ДИЗНИЛЕНД
Појадок. Можност за индивидуална посета (првоз со градска железница) до најголемиот забавен парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Европскиот Дизниленд е посветен на децата и оние кои што знаат да се радуваат како деца, со надеж дека ќе биде извор на среќа и инспирација за целиот свет. Вoлт Дизни студиото е посветено на безвременската фасцинација и приврзаност кон киното и телевизијата. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици...Враќање во Париз. Ноќевање.

15. април (среда) ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Рано наутро одјавување. Трансферот до аеродромот “Orly” во 03:00ч. Лет за Скопје во 06:05ч број на лет EJU 4909. Пристигнување во Скопје во 08:45ч.

Цена во претпродажба - 559€ (34.658мкд)- вклучен 1 разглед       

Цена на аранжманот: 609€ (37.758мкд) - Стандарден пакет – со вклучен 1 разглед  

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Париз – Скопје (со Easy Jet)
- Аеродромски такси 
- Рачна торба 40*30*20cm до 10кг
- Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром - хотел – аеродром
- Сместување во хотел Hotel Ibis Paris 17 Clichy Batignolles 3*на база 4 ноќевања со појадок, 
- Организиран панорамски разглед на Париз локален водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка такса за сместување 5,53€ по лице од ноќ, се плаќа на рецепција.
- Посета со влезница за Ајфелова кула, влезница (19€-29€)
- Kрстарење по Сена, билет (од 20-25€)
- Посета на Лувр, со јавен превоз, резервација и влезница: (25€) *уплата при продажба
- Посета на Версај, со јавен превоз, резервација, водич и влезница: (65€) *уплата при продажба
- Превоз со метро
- Патничко здравствено осигурување 
- Доплата за еднокреветна соба (120€)

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета
- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА
- Организатор на патувањето Т.А. САВАНА

прикажи повеќе

- Авионски превоз на релација: Скопје - Париз – Скопје (со Easy Jet)
- Аеродромски такси 
- Рачна торба 40*30*20cm до 10кг
- Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром - хотел – аеродром
- Сместување во хотел Hotel Ibis Paris 17 Clichy Batignolles 3*на база 4 ноќевања со појадок, 
- Организиран панорамски разглед на Париз локален водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

прикажи повеќе

- Туристичка такса за сместување 5,53€ по лице од ноќ, се плаќа на рецепција.
- Посета со влезница за Ајфелова кула, влезница (19€-29€)
- Kрстарење по Сена, билет (од 20-25€)
- Посета на Лувр, со јавен превоз, резервација и влезница: (25€) *уплата при продажба
- Посета на Версај, со јавен превоз, резервација, водич и влезница: (65€) *уплата при продажба
- Превоз со метро
- Патничко здравствено осигурување 
- Доплата за еднокреветна соба (120€)

 

 

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета
- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА
- Организатор на патувањето Т.А. САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Лет
  • Трансфер
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата
  • Активности

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Опции

Услуги
Период
Детали
Политика за плаќање
Цена
Резрвација за 2 лица
- 2 возрасни
11 Apr - 15 Apr, 2026
Лет +  Трансфер +  Сместување
335.4 € до 21/03/2026
782.6 € до 10/04/2026
111800EUR
Резервација за 2 лица со влезници за Лувр
- 2 возрасни
11 Apr - 15 Apr, 2026
Лет +  Трансфер +  Сместување
350.4 € до 21/03/2026
817.6 € до 10/04/2026
116800EUR
Резервација за 2 лица со влезница во Версај
- 2 возрасни
11 Apr - 15 Apr, 2026
Лет +  Трансфер +  Сместување
374.4 € до 21/03/2026
873.6 € до 10/04/2026
124800EUR
BOOK ONLINE