Детали за зделка
Резервација
Потврда
EUR 399 00 EUR
АТИНА, КОРИНТ, МИКЕНА, ЕПИДАУРУС, НАФПЛИОН, КАЛАМАТА, АЕРОПОЛИ, ДИРОС, МИСТРА, СПАРТА, ВАСТАС, МЕСИНИА, НАВАРИНО, ЕЛАФОНИСИ, МОНЕМВАСИЈА, ОЛИМПИЈА, ПАТРА

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:  10 дена / 8 ноќевања
Термини: 14. и 28. јули и 18. август

1.ден (петок) СКОПЈЕ - ГРЦИЈА
Состанок на групата во 19.30 часот на паркингот пред СЦ “Борис Трајковски” во Скопје. Заминување за Грција преку граничниот премин Богородица-Евзони во 20.00 часот. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори.

2.ден (сабота) АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Сместување во хотел. Слободно попладне со можност за индивидуални прошетки и активности. Навечер, факултативна вечера во таверна на Плака со уметничка програма на грчки песни и игри. Ноќевање.

3.ден (недела) АТИНА - АРГОЛИДА - КАЛАМАТА
Појадок. Во утринските часови заминување кон Пелопонез. Попатна посета на Коринт - каналот кој ги спојува Егејско и Јонско море, археолошките локалитети на Арголида: Епидаурус - еден од најголемите и најакустични антички амфитеатри во светот, градчето Нафплион - првата престолнина на современа Грција и Микена - древната престолнина на кралот Агамемнон, од митологијата познат и како освојувачот на Троја. Во попладневните часови патувањето продолжува кон Каламата. Пристигнување во вечерните часови и сместување во хотел. Ноќевање. 

4.ден (понеделник) КАЛАМАТА
Појадок. Ден за одмор и запознавање со најјужната туристичка дестинација на грчкото копно. Панорамски разглед на еден од најубавите туристички градови на полуостровот, а воедно јужната порта на Пелопонез. Прошетка низ градот и околните плажи долж бреговите на Каламата. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање. 

5.ден (вторник) КАЛАМАТА - ВАСТАС - МЕСИНИА - НАВАРИНО
Појадок. Слободен ден за одмор, или можност за факултативен - полудневен излет со посети на светото место Вастас во кое се наоѓа мистичната црквичка посветена на Св.Теодора, археолошкиот локалитет Месиниа кој сведочи за една од највлијателните престолнини во времето на античка Грција, како и заливот Наварино – место на одлучувачката морска битка меѓу земјите сојузнички на Грција, Британија, Франција и Русија наспрам отоманската флота, по што Грција се стекнува со почетна независност од Отоманската имеприја. Можност за капење на прекрасните плажи во познатиот залив. Враќање во Каламата во попладневните часови. Ноќевање.

6.ден (среда) КАЛАМАТА - АЕРОПОЛИ - ДИРОС
Појадок. Слободен ден за одмор, или можност за факултативен - полудневен излет низ регионот на Каламата. Посета на местото Аерополи, како и на впечатливата пештера Дирос, низ која разгледот на неколку километри долгите патеки и подземни пештери со сталагнити и сталактити, се одвива со чамци пловејќи низ утробата на земјата. Враќање во Каламата во попладневн ите часови и слободно време за плажа. Ноќевање. 

7.ден (четврток) КАЛАМАТА - МИСТРА - СПАРТА
Појадок. Слободен ден за одмор, или можност за факултативен - полудневен излет низ регионот на градот Спарта. Посета на на средновековниот локалитет Мистра – еден од највлијателните градови на медитеранот по падот на Константинопол. Прошетка низ стрмниот терен на локалитетот, со разглед на мноштвото остатоци од стари цркви, манастири и палати подигнати во златното време на Византија. Прошетка низ Спарта со краток разглед на градот. Заминување кон Каламата во попладневните часови и слободно време за плажа. Ноќевање. 

8.ден (петок) КАЛАМАТА - ЕЛАФОНИСИ - МОНЕМВАСИА
Појадок. Слободен ден за одмор, или можност за факултативен - целодневен излет до источнмиот дел на Пелопонез. Посета на островот Елафониси и неговите егзотични плажи на Средоземното море, како и местото Монемвасија кое е еден од највпечатливите средновековни градови, изграден на непристапниот терен од истоимената природна карпа високо издигната во морето. Фантастичната панорама која ја истакнува карпата над синиот хоризонт од Егејското море, дополнително ќе ве плени при прошетката низ нејзините тесни улички издлабени низ јужната страна кон морето. Враќање во Каламата во вечерните часови. Ноќевање.

9.ден (сабота) КАЛАМАТА - ОЛИМПИЈА - ПАТРА
Појадок. Заминување од Каламата во утринските часови. Попатна посета на древната Олимпија и разглед на еден од најпознатите антички локалитети на Пелопонез - местото на првите Олимписки игри во античка Грција. Патувањето продолжува кон Патра. По пристигнувањето, панорамски разглед на градот кој се карактеризира со својата медитеранска архитектура. Посета на централниот храм – црквата на светиот апостол Андреј, во која се наоѓаат дел од неговите мошти и крстот на кој бил распнат и погубен. Сместување во хотелот и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

10.ден (недела) ПАТРА - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од Патра кон Скопје. Дневно возење кон Македонија преку јонската магистрала и автопатот Игнатиа. Попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот: 399 € (24.740,00 мкд)

Попусти и доплати:
- За дете до 12 год. во соба со двајца возрасни = 50%, за трет возрасен = 10%, 
- Доплата за еднокреветна соба = 120 € 

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотели на база 8 ноќевања со појадок (1 во Атина, 6 во Каламата, 1 во Патра)
- Туристички придружник за време на патувањето
- Попатни посети на дел од местата и културно историските споменици според програмата
- Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативните излети и посети опишани во програмата:
* Вечера во таверна на Плака во Атина = 30 €
* Посета на Вастас, Месина и Наварино = 20 €
* Посета на Аерополи и Дирос = 20 €
* Посета на Мистра и Спарта = 20 €
* Посета на Елафониси и Монемвасиа = 35 €
>>> При уплата на сите факултативи пред патување (попуст -25 €) или вкупно = 100 €
- Влезници при посета на културно историските споменици, музеи и археолошки локалитети
-  Индивидуално патничко осигурување (информации при уплата во агенцијата)

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

прикажи повеќе

- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотели на база 8 ноќевања со појадок (1 во Атина, 6 во Каламата, 1 во Патра)
- Туристички придружник за време на патувањето
- Попатни посети на дел од местата и културно историските споменици според програмата
- Организација и реализација на патувањето

прикажи повеќе

- Факултативните излети и посети опишани во програмата:
* Вечера во таверна на Плака во Атина = 30 €
* Посета на Вастас, Месина и Наварино = 20 €
* Посета на Аерополи и Дирос = 20 €
* Посета на Мистра и Спарта = 20 €
* Посета на Елафониси и Монемвасиа = 35 €
>>> При уплата на сите факултативи пред патување (попуст -25 €) или вкупно = 100 €
- Влезници при посета на културно историските споменици, музеи и археолошки локалитети
-  Индивидуално патничко осигурување (информации при уплата во агенцијата)

прикажи повеќе

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Трансфер
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Дата на заминување

Опции

Услуги
Период
Детали
Цена
Резервација за 28.јули
2 лица
- 2 возрасни
28 Jul - 06 Aug, 2023
Автобус +  Трансфер +  Сместување
EUR79800EUR
Резервација за 18.Август
2 лица
- 2 возрасни
18 Aug - 27 Aug, 2023
Автобус +  Трансфер +  Сместување
EUR79800EUR