Поклоничко патување до островот Патмос — „Островот на Откровението" и „Егејскиот Ерусалим". Посета на светите места на Егејското Море каде Свети Јован Богослов во 95 г.н.е. ја напишал книгата Откровение (Апокалипса), со попатен разглед на Атина, Акрополот и византиските цркви. ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 2 ноќевања Термин: 21 – 25 Мај 2026 ДЕН 1: СКОПЈЕ – АТИНА (среда, 21 Мај) Состанок на групата во 20:30 часот на паркингот пред СЦ „Борис Трајковски" во Скопје. Заминување кон Грција во 21:00 часот преку граничниот премин Богородица–Евзони. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори. ДЕН 2: АТИНА – ПАТМОС (петок, 22 Мај) Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот и посета на Аеропагот (местото каде Свети Апостол Павле проповедал на Атињаните), византиските цркви во подножјето на Акрополот и најстариот квартал Плака. Слободно време. Во 18:00 часот заминување од пристаништето Пиреа со траект кон островот Патмос. Ноќно пловење. ДЕН 3: ПАТМОС – МАНАСТИР СВ. ЈОВАН БОГОСЛОВ (сабота, 23 Мај) Пристигнување на Патмос во 02:10 часот. Краток одмор, потоа посета на манастирот посветен на Свети Апостол Јован Богослов, основан во 1088 година од Свети Христодул од Витинија (UNESCO светско наследство). Присуство на Светата литургија. Сместување во хотел. Попладневен разглед на островот — 34 км² површина, околу 3.000 жители. Ноќевање. ДЕН 4: ПАТМОС – ПЕШТЕРА НА ОТКРОВЕНИЕТО (недела, 24 Мај) Појадок. Во раните утрински часови, посета на Пештерата на Откровението каде Свети Јован Богослов во 95 г.н.е. ја пишувал последната книга на Новозаветниот канон. Единствена можност за присуство на Божествена Литургија во самата пештерна црква. Потоа посета на манастирот Благовештение (изграден 1613 г. од монахот Никифор Критски, обновен 1937 г. од јеромонахот Амфилохије Макрис). Слободно време. Во 00:15 часот по полноќ испловување од Патмос. Ноќно пловење. ДЕН 5: ПИРЕА – СКОПЈЕ (понеделник, 25 Мај) Пристигнување на пристаништето Пиреа во 08:25 часот. Краток одмор, потоа продолжување на патувањето кон Македонија. Дневно возење со попатни застанувања. Пристигнување во Скопје во вечерните часови. МАРШРУТА: Скопје → Атина → Пиреа → Патмос → Пиреа → Скопје
Оригинална програма и галерија на савана: savana.travel/atina-patmos-maj
прикажи повеќе
- Превоз: Со туристички автобус на релацијата Скопје – Атина – Скопје. - Траект: Превоз на релација Пиреа – Патмос – Пиреа. - Сместување (2 ноќевања) по лице во двокреветна соба: хотел на Патмос со појадок. - Духовен придружник: Организирани посети според програмата во придружба на теолог или вероучител. - Туристички придружник: За време на целото патување. - Организација: Организација и реализација на патувањето.
- Задолжително патничко осигурување (информации во агенцијата). - Евентуални влезници за музеи и културно-историски споменици. - Неспоменати индивидуални трошоци за време на посетите. - Доплата за еднокреветна соба (на барање).
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. - Цените се дадени по лице во евра за уплата во денарска противвредност. - При посета на црквите, манастирите и верските објекти, согласно христијанските канони, се очекува соодветно облекување: маажите со долги пантолони и кошули со ракави; жените со долги здолништа и горна облека со ракави. - За овој аранжман важат Општите услови на патување на САВАНА. - Резервации: 02 3115 826 · Viber · info@savana.com.mk
🔗 Корисни линкови:
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!